Мариово умира чекајќи туристи

Член од
13 мај 2009
Мислења
47
Поени од реакции
2
Стварно прекрасни пејсажи и убавини а мислам дека селскиот туризам може да успее пред се поради тоа глобалното затоплување луге ке сакаат и да уживаат во природа малце на планина:)
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443

Што бидна со оваа тура се одржа ли годинава???
Туку парадоксално е малку да се промовира ЕКОЛОШКИ ТУРИЗАМ со МОТО тури...
Но како и да е барем се обиделе луѓето...
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
верувам....ама замислете ова да го имаат гејциве- ќе направат РАЈ од него и ќе млатат пари продавајќи празна слама
Една нуклеарка и веќе историскиот Чебрен и ништо повеќе.Селскиот туризам во Мариово е глупост кој некој ја турка а ние веруваме во тоа.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
мариово може да е рај за развој на агро туризам ..посебно оној за одгледување канабис.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
мариово може да е рај за развој на агро туризам ..посебно оној за одгледување канабис.
Не е лошо, тогаш Амстердам би бил заинтересиран за вложување во тој бизнис :) :smir:
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Не е лошо, тогаш Амстердам би бил заинтересиран за вложување во тој бизнис :) :smir:
Абе каков канабис таму одвај змиите и орлите преживуваат па канабис ќе успеел.Само нуклеарка и Чебрен.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.007
Поени од реакции
572
Умира?Мариово е одамна умрена работа
 

paradigm

The one&only
Член од
11 јуни 2007
Мислења
379
Поени од реакции
5
Убаво место. И песни се пеaт за него
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Имаше вест односно само насловот од веста „француски тур-оператори заинтересирани за Мариово“ , во електронското издание на дневниот весник вест.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Имаше вест односно само насловот од веста „француски тур-оператори заинтересирани за Мариово“ , во електронското издание на дневниот весник вест.


[FONT=&quot]Туроператори од Долна Нормандија, Франција, напролет ќе почнат заеднички активности со месното население од општина Новаци за развој на алтернативен туризам.[/FONT] [FONT=&quot]- Со нашите пријатели од Долна Нормандија сме во постојан контакт, особено по воспоставувањето директна соработка во 2007 година. Наша заедничка цел е да обновиме 25 стари трошни куќи во селото Старавина, но и други објекти во селата Градешница и Зович во кои ќе се развива алтернативен туризам, изјави градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.[/FONT]


[FONT=&quot]Во првата фаза од овој проект, напролет, ќе учествуваат мајстори-ѕидари, посебно вешти за градба со камен, бидејќи тоа е заштитен знак на куќите во Мариово но и во Долна Нормандија. [/FONT]
[FONT=&quot]- Обуките имаат за цел да се обезбеди кадар на подолг рок кој ќе ја заштити оригиналната архитектонска градба на куќите од овој дел на Мариово. Еден наш поранешен жител, сега иселеник во Холандија, деновиве изрази желба да го купи и инвестира во напуштеното училиште во селото Старавина, посочи Котевски. [/FONT]
[FONT=&quot]Според информациите од локалната самоуправа, за алтернативен туризам во битолскиот дел на Мариово, освен од Франција, интерес покажале и туроператори од Холандија и Швајцарија.
[/FONT]

[FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot]
[/FONT]
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Убаво... Аирлија работа, се надевам сите вакви проекти да бидат успешни.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Se cudam na sevo ispisano.:(Kakov letargicen narod sme:( ajde so red .Da mariovo e napuseteno , mariovci se nakde koj vo bitola koj vo prilep koj vo skopje koj si fatil patot vo emigracija za podobra idnina.neznam zosto mora da bide se povrzano so turizam , aj ima moznosti megjutoa nee se vo turizmot .mariovo e ogromna povrsina i ima shansa za se i seshto.takvi sme ti nie podobro na beton na 10 sprat , bez rabota ke bezdelcime pokraj vardar, ke bistrime politika a nie sme najcistite , bez samokritika.mariovo ima uslovi za se i seshto.posebno za odgleduvanje na ekoloshka hrana,farmi,ednodevni i raznorazni tur operatori. ili ke zvuci mozebi ludo mejutoa ostvarlivo , da stane kockarsko mesto sl ,na las vegas(nevada)i sl.:)bezcarinska zona bez davacki i razno razni benificii.znaci ako se saka se se moze:)dajteim na nasite pa isvetskite oligarsi moznost pa ke vidite.PAK KE RECAM SITE ZNAEME KAKO TREBA ARNO AMA.......:smir:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Да не ја менуваме темата... Гевгелија веќе доби „маркица“ за Лас-Гевгелија де. За територија како нашата е довлно тој простор вистински да се искористи за казино бизнисот. Паметно е што е доста прометен дел и плус се гради еден лукс ски-центар, можеби единствен ваков, во овој дел од Европа. Како што слушнав ќе им парира на оние од Австрија, Норвешка или како и да е.

Секое парче земја има капацитет за нешто подобро,затоа (кога во овој момент КОНЕЧНО започнува да се гради Македонија) треба секој еден проект да биде добро осмислен и до перфекција реализиран.
Јас мислам дека нашата земја има капацитет да стане гордоста на цела Источна Европа. Треба само вистинска работа.
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
58
Мариово е приказна за себе.
Пропаѓа од многу причини.
Населението е со старосна структура над 55 години.
Во 9те села во Битолско Мариово живеат 100тина жители.
Селата се исселувани и демографските движења направиле во села каде училиштата се по 1500 м2 во основа да станат празни рушевини од камен во планинско ридскиот предел.
Напаѓано од криминалци, трагачи по скриените богатства од воените периоди, Мариово го губи животот.
Со столетија е етнички македонски крај.
Има нерешени имотно правни прашања. Во времето на СФРЈ имотите се доверени на некоја тогашна структура за Мариовци да остваруваат права за плати и пензии, што направи овие луѓе да немаат тапии од имот.

На бирото на бившиот министер Спасеновски се најде интересен проект за заживување на Мариово. Идејата опфаќаше кредитирање на млади брачни парови кои би се изјасниле како фармери. Со изготвување на посебна програма со која на младите фармери ке им се загарантира рентабилност од одгледувањето на стока. Младите фармери, со оснивање на фармерско село би го заживеале Мариово, а и самата атрактивност за туризам. Оваа идеја не се знае каде завршила.

Мариово е извор на идеи но дефицитот на лоби група и висока менаџерска свест генерално кај нас го остава Мариово на милост и немилост.

Налетав на една смешна идеја- чајна јапонска кујна. Во Мариово се направи македонска, па ајде сега и јапонска. Но, низ приказните има уште една добра идеја која ако се обработи сериозно може да биде нова атракција во државата, Споменувано е дипломатско село, кое би требало да собира странци дипломати на рекреација и одмор. Но, ако се стави акцент на првата светска војна и остатоците во Мариово, еве го дипоматското село- клучот е во земјите учеснички на фронтот. Секоја држава од учесничките по една куќа, а во текот на каендарска година да доаѓаат волонтери кои ќе го испитуваат и истражуваат Мариово. Секоја куќа со музејска постава, како знак на воените дејствија.

Мариово е добра дестинација за воздушна бања, за лов, за спа центри, за мочуришта и насадување на редок биодиверзитет, за прогласување на национален парк, за уметнички и фотографски колонии. За манастирски туризам, речен и авантуристички прошетки, како и пештерски туризам, бидејки обилува со технички пештери на кота 860 и кота 1050 кои се стари околу 100 години и имаат понеколку нивоа- ката.

Белиот орел е раритет но капацитетот на надлежните не допрел до Рамсарската конвенција.

Подобар соган од ЗНАЕЊЕТО Е СИЛА И МОЌ - за целиот свој живот не сум слушнала. Но, една ластовичка не прави проет. Тешко е кога не зборуваат сите на ист јазик. Но, Мајка Тереза имаше многу мудра порака, сеедно дали те разбираат и почитуваат- создавај и помагај!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom