Маринада

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Не најдов нигде ваква тема, па си викам ај да отворам :)

Еве, баш денеска правевме скара, и испадна саламурата мн убава ..месото ровко ( кревко по нашки :P ), се топеше во уста! мм, мм, мм!!!

Да не должам многу :)

За свинско месо користам: маслиново масло, црвено вино, рузмарин ..Сето ова го измешам, и го ложам месото што ми е пред тоа осолено ( сол, веѓета, црн бибер, и малце буковка )

За пилешко: пиво/бело вино, маслиново масло, лимунов сок, мнооогу кари, рузмарин, веѓета, сол, и црн бибер ..
Tip: ако правите копани, ставете малце путер одозгора, за да фати румена боичка, сјај и крцкавост, и нека се пече со саламурата заедно ..

Е да, идеално време за саламура е да одстои преку вечер ..Доколку немате време, 2-3 часа пред печење е исто така ок .. :)

Ваши саламури? :)
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
мене баш рузмаринот ми се допаѓа .. му дава посебен вкус :)
Треба да се испроба..баш до чера секоја ден во охрид си правевме кога ке се вратевме од плажа :( Ама следниот пат ке пробаме и со рузмарин :P :D
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Го сменив насловот на темата во "Маринада" - така било кулинарски :icon_lol:
Иначе јас користам маринада само за пилешки стек и тоа:
Цедам сок од еден лимон, пилешкото го чукам, посолувам и наросувам вегета за пилешко и во подлабок сад ставам парче стек, кое го полевам со малку сок од лимон и зејтин. Така ги редам сите стекчиња еден врз друг и ги оставам во фрижидер покриени со свежо фолија. Обично стековите ги oставам да отстојат во маринада еден ден :)
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Зошто маринада ? o_O
 
L

Luki Junior

Гостин
Пилешко, копанчиња... Кромид на Кругове, Соев Сос, згмечен и ситно иссецкан лук со свеж магданос измешан, лута чушка (може и без неа) ситно иссецкана, црн пипер...
Сето се завиткува и се остава да одстое една ноќ у фрижидер, да се впие дел од соевио сос..

После месото оде на скара, а самио сос и остатоците се праве басмати ориз за со пилешкото...
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Зошто маринада ? o_O
Маринада е ароматична течност на база на масло и киселина (оцет или лимонов сок) или вино, на која им се додаваат зачини и продукти по желба (ловоров лист, магоднос, бибер, копар, кромид, лук). Маринадата се користи за омекнување и збогатување на вкусот на месото. Процесот на маринирање може да трае од неколку минути до неколку денови. Киселината која се додава во маринадата (оцет или лимонов сок) прави месото да омекне и да се распадне малку неговото ткиво, што потоа прави месото да е сочно и меко. Многу киселина може да го оштети месото, па затоа не треба да се претерува и заборава мeсото во маринада :pipi:

Избришани се неколку мислења на темава, имате ПП за удварање и запросување ;)
 
Ало франкфурт шо збориш ? Никоја не сум ја запросил само прашав, тоа не важит замене иначе само прашав пошто најнапред беше за саламура а подоцна се преименува темава во збор што првпат го среќавам во мојов живот. Велечевествена :cuc:
 
Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Ало франкфурт шо збориш ? Никоја не сум ја запросил само прашав, тоа не важит замене иначе само прашав пошто најнапред беше за саламура а подоцна се преименува темава во збор што првпат го среќавам во мојов живот. Велечевествена :cuc:
друг ме запроси бе, не ти :D

иначе, маринада ..хмм, кај нас е познато како саламура :) има и стек саламурен ..
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
друг ме запроси бе, не ти :D

иначе, маринада ..хмм, кај нас е познато како саламура :) има и стек саламурен ..
Да де, и јас знам дека се користи почесто зборот саламура иако веќе почнаа да го применуваат називот мариниран.
По емисии за готвење се изнаслушав маринада, затоа и го сменив насловот :D
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
друг ме запроси бе, не ти :D

иначе, маринада ..хмм, кај нас е познато како саламура :) има и стек саламурен ..
Оф-топик.
Ја ако те запросев немаше на тема за скари, туку на камп ноу на утакмица на Барселона каде клечам со дијамантски прстен пред тебе а играчите на барселона на терен излегуваат со платно, ке го поминеш ли остатокот од животот со мене ?
:pos::pos:
Он-топик.
Сега ја прашав мама маринада се користело и во велес, ама ја толку сум по готвењето хаха :D
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Саламурењето на месото се правеше со додавање на сол или грешка сум ?
 
H

HITCH

Гостин
Јас не ставам рузмарин, јако ми мириса, ама ставам сенф. Месото од сенфот е уште поубаво и уште помеко. Вино ставам во зависност од месото, бело вино со пилешко, црвено со свинско, сол, бибер, вегета, масло, нане, магдонос, лук, лимон или портокал (во зависност од месото, а и за какво подготвување е) и го мачкам убаво со сенф. Рибата само со сол, бибер и лимон или портокал, некогаш и нане. Јас повеќе сум по сосовите и гарнирите, а месото да биде што поедноставно направено. Зависи кој што јаде.

Наједноставна маринада правам:
- Риба: сол, бибер, вегета, нане, лимон/портокал.
- Свинско: црвено вино, сенф, ловор, сол, бибер, вегета, масло, нане.
- Пилешко: сол, бибер, вегета, масло, сенф, лимон/портокал.
- Јагнешко: лук, сол, бибер, масло, ловор, сенф, лук.
- Телешкото мајка ми го прави, јас не го сакам ич.

Пилешко, копанчиња... Кромид на Кругове, Соев Сос, згмечен и ситно иссецкан лук со свеж магданос измешан, лута чушка (може и без неа) ситно иссецкана, црн пипер...
Сето се завиткува и се остава да одстое една ноќ у фрижидер, да се впие дел од соевио сос..

После месото оде на скара, а самио сос и остатоците се праве басмати ориз за со пилешкото...
И јас маринадата од месото ја користам во оризот. Само соја (што било од соја) и рузмарин ич не користам, оти ич не ги сакам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom