Писателот Игор Мандиќ смета дека Хрватска нема да има голема полза од влезот во Европската унија (ЕУ) и дека единствена можност е повторно обединување на јужнословенските народи, но не стариот начин.
„Ние влегуваме во ЕУ како кираџии, мораме да ја поднесеме судбината дека ќе бидеме третирани како резервна станица за келнери и проститутки и не верувам дека тука нешто посебно ќе профитираме“, рече Мандиќ во интервјуто за „Нови лист“, со оценка дека за Хрватска најдобро решение е повторно обединување на јужнословенските народи, но не на стариот начин.
„Тврдам дека единствена можност е повторно обединување на јужнословенските народи. Никако на стариот начин и никако еднопартиски како стара Југославија, но јас не сум институција да можам тоа да го разработам“, рече Мандиќ.
Тој денешна Хрватска ја опишува како алкохоличар кој се тресе во апстиненцијална треска.
„Сè пропаѓа, сите институции отидоа по ѓаволите, сè е распродадено, искрадено, подарено и зошто да се продолжува со непотребниот труд“, заклучува Мандиќ. /крај/б/ст
http://www.time.mk/read/1e1ada9fe3/e0efcb882e/index.html
Што мислите околу ова прашање???
Можно ли е воопшто???
И ако да под кои ислови и на кој начин би се спровело тоа.
WTF?Екс-Југословенските народи се како рака со пет прста РАЗДЕЛЕНИ, ама ако дојде некој окупатор тогаш тие 5 прста се спојуваат и станува ТУПАНИЦА.
Ако дојде некој од странство и се умеша за*бал работа...
Нова Југославија, ама не како што била, значи луѓето и стоките да може лесно да поминуваат граници и заедничка политика за земјоделието и искористувањето на енергијата, на пример Србија и Хрватска е те како се добри земјоделски земји, а Македонија и Грција имаат најмалку 250 денови сонце во годината и може да се искористат за сончева енергија која лесно би се дистрибуирала на цел Балкан, во овој поглед да т.е за народите што живеат тука тоа би било одлично, но бидејќи политичари би го правеле тоа, а тие за власт имаат волкав газ и нормално суверенитетот и интегритетот и независноста на државата да бидат гарантирани, т.е унијата да не биде политичка туку ориентирана за подобро распределување на ресурсите бидејќи Балканот и те како е богат со нив, вода, сонце и стратегиска местоположба, крај краева на овие простори се изградени и првите цивилизации заради ресурситеНе не нема потреба ... стотици години се боревме за своја држава и не сакаме да ја федерализираме, пак... ја би преферирал Голема Македонија (бидејки реално гледано Голема Македонија е по остварлива од Нова Југославија) , а и пак ќе заврши со некоја крвава војна - уште пред да се оформи !
мултинационална, мултикултурна и мултирелигиска земја тешко дека ќе опстои со повеќепартиски систем пошто во такви услови партиите ќе бидат национално настроени со пораки и програми кои ќе фаворизираат една нација или култура или вера. Ќе треба да има едно заедничко тело едно претседателство со преставници на сите републики и замисли ко ќе ги изгласаат сите национално обоени какви планови проектри или договори ќе бидат во состојба да направат заеднички за сите? Кај ќе се инвестира, од каде ќе се зема вишок и каде ќе се преусмерува.... Во време на СФРЈ се одеше на развој на позаостанати региони, а голем дел од парите беа плод на економски поразвиените, или односи со други држави, Хрватска Словенија кои природно се наклонети кон Италија, Ватикан, Германија и Срби Црногорци кои се свртени кон Русија, или муслиманското население од Босна кое е добива помош и подршка од Арапскиот свет Саудиска Арабија..... Малце се и 15 години сето тоа да се надмине... ма и 50 се малцеСум за создавање, али под услов тоа да биде во модерно уредување - демократија (у вистинска смисла на зборот), а не социјализам како некогаш и да не затворат ко кутрите Корејци кои уште се во жалење пошто им умрел Богот. Само едно е моја желба друго е реалноста. Нема шанси, барем не во наредниве десет до петнаесет години.
Боооог да чува ... што збориш бе ти ,... тие 5 прста се со ''скршеници'' и ''рани'', како прво никогаш нема да се соберат во тупаница , како второ тупаницата би била без сила оти е ''осакатена'' а и нема потреба стварно малку ли крв се пролеа , ќе си живееме како знаеме, и ние македонците би биле задоволни ако успееме да ја оправиме оваа држава, да си застанеме на свио нозе и да ги зееме работите во наши раце и да не е командуваат оние со белите тавчиња на главите !Екс-Југословенските народи се како рака со пет прста РАЗДЕЛЕНИ, ама ако дојде некој окупатор тогаш тие 5 прста се спојуваат и станува ТУПАНИЦА.
Ако дојде некој од странство и се умеша за*бал работа...
Не не,... кажав претходно нема потреба, ''Нова Југославија'' е само нова пропаст , ќе се испорастури се ова само ќе им искористи на криминалците да транспортираат дрога и оружје без ризици, а и ќе се утепаме од вложувања во косово о босна за да ја оправиме нивната ептен јадна економија,... која е бетер и од нашта, нема потреба ја мислам и не се занесувајте само !Нова Југославија, ама не како што била, значи луѓето и стоките да може лесно да поминуваат граници и заедничка политика за земјоделието и искористувањето на енергијата, на пример Србија и Хрватска е те како се добри земјоделски земји, а Македонија и Грција имаат најмалку 250 денови сонце во годината и може да се искористат за сончева енергија која лесно би се дистрибуирала на цел Балкан, во овој поглед да т.е за народите што живеат тука тоа би било одлично, но бидејќи политичари би го правеле тоа, а тие за власт имаат волкав газ и нормално суверенитетот и интегритетот и независноста на државата да бидат гарантирани, т.е унијата да не биде политичка туку ориентирана за подобро распределување на ресурсите бидејќи Балканот и те како е богат со нив, вода, сонце и стратегиска местоположба, крај краева на овие простори се изградени и првите цивилизации заради ресурсите
И не само дијаспората, туку и свежо заминатите. Јас студирам надвор од Македонија и тврдам дека се чувствува неверојатна блискост меѓу бившите југословенски народи, дури и кога се работи за младина, деца што не памтат баш што значело тоа да се живее во Југославија. Па да видите како србин и хрват заедно спремаат испити и како си помагаат, милинаИнаку на пример дијаспората никогаш не престанала да го живее Југословенскиот филм што значи оние кои биле далеку од случувањата и ден денес останале добри пријатели па така Српските клубови во Швајцарија се полни со Хрвати и обратно.