Мамење на тестови?

Дали сте мамеле на тестови?

  • Секогаш!

    Гласови: 295 31,1%
  • Се случувало...

    Гласови: 584 61,6%
  • Никогаш!

    Гласови: 69 7,3%

  • Вкупно гласачи
    948

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Мамите ли на тестови?
Јас во основно и средно секогаш препишував на предметите „историја“ и „математика“ и досега никогаш не ме фатиле! :baeh:

Имав 2 начина на препишување:

- Кога беше потопло, ќе облечев куси панталони и ќе го залепев ливчето од внатрешната страна на ногавицата. Кога ќе дојдеше „прилика“, само ја вртиш ногавицата нанадвор и си припишуваш;
- Кога беше ладно и неможев да носам кратки, едноставно го ставав ливчето под нога (бутот) на столчето, и си препишував.

Вие?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
А бе, кратки и долги панталони. Шо те глеам будала. Сеа дечуштава, со мобиљкине, растур праат.
Ја препишував така што праев ливчиња и ги лепев под клупа дента пред тоа. И после, прочитај едно, изџвакај го, плукни го, не се познава што е. А она аждајана моја, препишувала така што нова азбука има измислено. Ко чкрабаници изгледа, се ќе си напишела на корици, наоколу, па после ела дешифрирај.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Ти зборам за основно, тогаш уште немав мобилен!

Инаку во средно на математика препишував од мобилен.
Професоркава (заостаната нели...) ни на крај памет не и текнуваше дека може да препишуваме од мобилни, па ни дозволуваше да ги користиме (ко демек) како дигитрони!
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Acid напиша:
Мамите ли на тестови?
Јас во основно и средно секогаш препишував на предметите „историја“ и „математика“ и досега никогаш не ме фатиле! :baeh:

Имав 2 начина на препишување:

- Кога беше потопло, ќе облечев куси панталони и ќе го залепев ливчето од внатрешната страна на ногавицата. Кога ќе дојдеше „прилика“, само ја вртиш ногавицата нанадвор и си припишуваш;
- Кога беше ладно и неможев да носам кратки, едноставно го ставав ливчето под нога (бутот) на столчето, и си препишував.

Вие?
Хехе, па кажи барем кој ти ја кажа финтата со ногавицата! :)
Taка положив приемен по математика во средно, сите формули на купче, рулз!

Инаку, редовно мамев во средно. Онака, од куртоазија и адреналин што би се рекло, иако бев одличен ученик (само четврта поминав мн.добар), значи - сум ја владеел и усно теоријата, тука нема мамење! : )

На писмени задачи по предметите кои имаа формули како математика, физика, хемија и некои стручни предмети редовно си препишував. Имав залепено и ливчиња под ракав, од внатрешната страна на раката. Друга добра фора - купуваш едно 10 гуми за бришење и на секоја од нив си лепиш од едната страна ливчиња за препишување. Гумата ти стои на клупа, нормнално свртена со ливчето одоздола. А другите гуми си ги чуваш во џепче и ги вадиш по потреба! : )

Како мамев на факултет? Еден од начините беше со спремање на веќе одговорени лекции. Земаш едно 15-20 листови, и си прераскажуваш (пишуваш) комбинации со по две лекции. За секој случај, на некои пишуваш и само по една лекција. Од три прашања, обавезно ти се паѓа едно кое си го спремил од дома, а многу често се паѓаа и по две од спремената комбинација, па така лесно се вадеше 6 - ката! : )

Совет до препишувачите: не почнувајте да препишувате во првите 10 минути, тогаш професорите "скенираат" кој е сомнителен. Причекајте да ги "истребат", па навалете! : )
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
многу големо замарање ми е да прпишувам од ливчиња, најчесто препишувам од тој до мене или пред мене или зад мене, кај и да е
 

Офчар

The Bite of The Mamba [81]
Член од
24 април 2005
Мислења
3.717
Поени од реакции
57
Никад не сум препишувал, а увек сум бил 5.00

:D
 

OBDN

Ходајучи Вујаклија
Член од
25 јули 2005
Мислења
1.456
Поени од реакции
32
Dva tri pati probav i sama izedov lajna i se izdadov... toa u sredno... na fax nikako, nemav potreba me interesirase skoro se od shto ucev.

:)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Јас во 3 година средно препишував преку ИНДИГО за другарчињата.
Потоа листот дупликат одеше позади за другарчињата да не добијат 1 на тестовите и писмените.
За беља еднаш професорот ме фати, те го виде листот паднат на земја, еден од бубалиците случајно или намерно го пушти доле, и професорот го виде.
Е после помина некое време и јас се здружив со ќерка му, и беше се во ред.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.539
Поени од реакции
7.214
Стално сум препишувал. Од вокмени со снимена содржина до ласери со впишани формули кои се прикажуваат на бела позадина.
 

MSV

Член од
24 март 2005
Мислења
2.423
Поени од реакции
38
Па јас стално препишувам...Бидејки во спротивно што би пишал на тестот по математика еве да речеме????Веќе ми здосади да предавам бланко тестови.......
Жива штета што не правам тестови по интересантните предмети како филозофија , економија и др.....Бидејки разбирасе деке ништо нема да препишувам....

Инаку....На писмените по македонски од увек пишувам песнички кој настануваат како инспирација од зададената тема...И така....Сите со по пет страни текст....А јас со три строфички.....И кога ќе сумираш на крај.....Ја пет пати попрецизно сум ја погодил темата.....:wink:
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Колку сум труп за препишување! ТРУП! Да имам се на се две реченици препишано, и тоа се тешки маки. Се потам, црвенеам, мислам дека сите гледаат во мене. Не бе, треба да си роден за тоа.
Ако не знам си станувам... абе шо да станувам, не ни влагам во предавална/училница

Другар еден отишол на полагање, а везе немал. Не знам шо мајка барал... влече прашање го гледа и се чуди. Нормално дека ќе се чуди. И така дреме како мисир пред катедра и професорот му вика:
- Колега што правите вие тука?
-... полагам професоре...
- Што полагате? Да не полагате јајца? Или можеби полагате цвеќе? Можеби полагате сметка? Затоа што испит сигурно не полагате
И го набркал нормално ;)))))) ха ха ха ха ха многу ми е смешно

Има лек за оние со мобилен што препишуваат. Ќе стави едно радивце во џебот асистентот/професорот ќе си шета и кога ќе почне да пинга - опааа! Ете го зајакот

Него целата тајна во прпишувањето е што оставаат да се препишува. Јас да чувам и да ми препише некој? Хмм... не би рекол
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Не дека јас нешто сакам да ве расипам, ама ова мора да го погледнете.
Милина за студентите! :wink:
Digi1 и Digi2 се производи на „Ресавската школа“. Името кажува се, нели? :music3:

http://www.resava.net/ - секогаш е добро да имате втора опција. :raz:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Во основно колку што се сеќавам не препишував. Во средно не ни пробував бидејќи многу беа строги сите, а плус тоа неспремна никогаш не бев.
Во Скопје на факултет не одев на испит ако не се чувствував доволно спремна, ми се случувало да дојдам до врата и да се вратам назад ако бев несигурна. Секогаш на испит си го гледав само листот пред мене и не шушкав со другите. Само еднаш препишував по "Одбрана и заштита" затоа што не ме интересираше предметот и на среќа отидов. Цело време ми беше страв да не ме избркаат надвор не за друго, срам ќе ми беше пред сите студенти. Се тресев целата додека препишував, цело време се вртев да не ме види некој и срам ми беше од колегите кои седеа околу мене и ме гледаа како препишувам и не успеав да добијам поголема оценка од 6ка :pos: Ливчето за препишување го држев под тестот и кога ќе поминеше асистентот до мене, се трудев да направам ладна фаца, а се мочав од страв. Не ме бива за препишување, многу сум плашлива и полесно ми е да научам и бидам спремна.

На факултет во Бугарија полагавме Бугарски јазик само Македонци, демек полесни прашања за нас бидејќи не ни е мајчин јазик. Целиот испит не личеше на ништо, дури и асистентката велеше потивко да се договараме за во случај да не дојде некој од професорите и да ја казнат за тоа што го правиме, па дури и таа самата ни кажуваше. Летаа цели тестови од еден на друг, тетратките од предавањата си беа на маса и на глас се договаравме што да пишуваме. Цело време викаше дека Македонците сме невозможни и нормално дека сите положивме.
 

АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
Хеј, не знам дали постои некој што досега не препишувал на писмена. А ако постои не знае што пропуштил. Се знае - најдобар препис од ливчиња, напишани во Ворд со 6ка фонт, излепени, што в џеб,што под сукња,што у ракав... Ама најјако е со моето пенкалце - уште си го чувам сувенир. Тоа ти е уствари пенкаце со ролна у натре, бери цел табак да напишеш и тоа си се собира по потреба со ваљак повторно у натре во пенкалцето. ВО итни случаи...Си препишуеш и кога е густо- ливчето само ти се враќа натре. рулз. Ама за другарка ми маж нема за препишување. Она вечно ливчето си го ставаше во градите, и носеше длабоко деколте, така да без проблеми се си препишуеше. Ова посебно палеше кај машките професори, па кој би се осмелил да и рече , чекај да видам што имаш во натре? А
 

pcelichka

Пајажинка
Член од
26 септември 2005
Мислења
26
Поени од реакции
0
За препишување да не праиме муабет. Препишувам постојано и да не се урочам, пу пу, до сега не ме фатиле:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom