Малцинствата во Албанија со заедничка декларација против пописните резултати

Член од
11 април 2013
Мислења
191
Поени од реакции
122
Абе Амрика да им рече ставете си една бомба на гради и фрлете се во море, ако илјадници и илјадници Албанци не се фрлат ти да ме плукнеш.
Nemora da te plukne nikoj ima vazelin za takvi stvari!
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.309
Поени од реакции
84.456
Бесник Хасани: Гласав за себе а гласот го нема

Бесник Хасани, жител на селото Требиште, област Голо Брдо, никој не може да го убеди дека немало крадење на гласови на парламентарните избори одржани во Албанија на 23 јуни. Хасани кој е потпретседател на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција а беше и носител на листата на кандидати за ратеници за Избрната единица Пешкопеа, во која припаѓа и Голо Брдо, вели дека тој и неговата фамилија гласале за листата на МАЕИ а спред официјалните резултати во селото партијата не добила ни еден глас.

- Ова го нема никаде во светот и за уште 100 години не верувам дека во Албанија ќе има демократски избори каде нема да има манипулација и крадење на гласови. Како може да немам ни еден глас кога јас самиот гласав за себе а да не ги броиме членовите на мојата фамилија, како и наши активисти,- вели Хасани револтиран од, како што вели неправдата која во континуитет им се прави на Македонците.

Според него гласовите на МАЕИ се украдени речиси на целата територија на Албанија.

- Исто така, и во другите населени места во општина Требиште и во општина Острени каде што имаме наши структури и наши активисти немаме ниту еден глас. Тоа се должи на фактот што немавме право на свои членови во изборните комисии а и кутиите не се броеја во Голо Брдо туку во градот Булќиза. Дознавме од присутните наблудувачи, кога се броеле гласовите во градот Булќиза, МАЕИ добро котирала и имала гласови во сите населени места во Голо Брдо, но отпосле кога се правеле записниците сите гласови на МАЕИ се украдени и официјално оставиле само 10 гласови во Голо Брдо”. – тврди Хасани.

Според него партијата доставиле приговри до Централната изборна комисија но тие биле отфрлени

dnevnik
 

Kajgana Shop

На врв Bottom