Малдиви - општа дискусија и како најефтино до таму

Член од
23 јуни 2011
Мислења
9.590
Поени од реакции
3.160
Тиркизното сино море, убави плажи, подводниот свет, прекрасната лагуна и луксузните хотели привлекуваат гости од целиот свет и сезоната трае цела година.

Со просечна надморска височина на само 1.5 m над морето, е најниска земја во светот.

Хотел под вода!!! http://www.kafepauza.mk/art-i-dizajn/spektakularen-hotel-pod-voda-na-maldivite/

W Ресорт на Малдивите http://brkajrabota.mk/lifestyle/patuvanja/8355

Нашите туристички агенции нудат аранжмани до Малдиви, но за мене е скапо тоа.
Дали знаете некоја поефтина варијанта како би стигнал до таму?
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Колку е отприлика цената за ова место во нашиве агенции ?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
9.590
Поени од реакции
3.160
Туф 1500 ама само за еден, што е скапо скапо е иначе местото е одлично :)
За скапо - скапо е. Не може секој да си допушти да отиде таму. Мене желбата ми е една...еднаш во животот да отидам на Малдивите, додека не сум остарел. Е сега ќе ме чини многу, знам тоа, но бар ќе видам нешто, ќе уживам итн. Па и затоа ме интересираше дали постои некоја поефтина варијанта, дали има таму приватно сместување итн.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
8.629
Имам другар, живее таму, па да се исконтактирате ако не. Инаку ефтино е, само треба татко ти да има зграда или голема фирма за да стигнеш до таму, инаку се друго ќе биде сведено на преживување :icon_mrgr:
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
9.590
Поени од реакции
3.160
Имам другар, живее таму, па да се исконтактирате ако не. Инаку ефтино е, само треба татко ти да има зграда или голема фирма за да стигнеш до таму, инаку се друго ќе биде сведено на преживување :icon_mrgr:
Епа дај да го исконтактирам. Ќе ми се најде може.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.384
Поени од реакции
583
Епа дај да го исконтактирам. Ќе ми се најде може.
А да си отидеш до Инекс, туристичката агенција одма пред влезот во ГТЦ до Жужу. Имаат добри аранжмани за Малдиви. Знам мој близок роднина беше и околу 1800 ЕУР за 10 ноќа со сите вклучени трошоци. Се патува преку Франкфурт, бидејќи од таму има највеќе конекции. Можеш и само пат да си букираш, ама не верувам дека ќе ти се исплати, освен ако сакаш да седиш таму подолго време.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.234
Поени од реакции
4.102
А што е со опцијата сам да си организираш патување?
На booking.com гледам хотелчиња за отприлика 600-700 $ за 10 ноќевања со доручек (цената е по соба, не по лице), што е навистина евтино за таа дестинација. И да се резервира лет со некоја буџетна компанија, незнам уште колку би чинело... ама испаѓа далеку поевтино отколку да им лупниш 1800 евра на агенцииве.
 
Си го прескокнал првиот пост :facepalm:
 
Најевтина авиокарта што успеав да најдам е 1400 $ по човек, без аеродромски такси...
Ај некој друг нека проба да ископа информации, можеби ќе најде поевтино :)
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.384
Поени од реакции
583
Си го прескокнал првиот пост :facepalm:
Не сум го прескокнал, туку ти кажувам ако ти е за 10-тина дена најисплатливо ти е со агенција. Ако ти е за подолго, тогаш барај си превоз па посл снаоѓај се. Најчесто сите хотели имаат екслузивни договори со водечките тур оператори и ако одиш без аранжман едноставно ќе те олупат.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
9.590
Поени од реакции
3.160
Не сум го прескокнал, туку ти кажувам ако ти е за 10-тина дена најисплатливо ти е со агенција. Ако ти е за подолго, тогаш барај си превоз па посл снаоѓај се. Најчесто сите хотели имаат екслузивни договори со водечките тур оператори и ако одиш без аранжман едноставно ќе те олупат.
Па приватно сместување мора да имаат таму. Така се поисплати. Отколку да фрлиш повеќе пари за во хотел. Сите хотели со 4-5 ѕвезди им се.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Па приватно сместување мора да имаат таму. Така се поисплати. Отколку да фрлиш повеќе пари за во хотел. Сите хотели со 4-5 ѕвезди им се.
abe prijatele za nas se e skapo tuku da si odis na odmor na Krim Ukraina na Kazan Trip sade plavi so plavi oci imas kaj da se svrtis :)), so ce ti maldivi napraj si kejf na dusata.
 
На врв Bottom