Макфест 2011 - 13-15.10.2011

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.458
Ја отворам темава бидејќи се ближи новото издание на Макефест.

Штип оваа година по 26-ти пат ќе биде домаќин на најпрестижниот македонски фестивал на забавни мелодии „Макфест“, кој што ќе се одржи на 13-ти, 14-ти и 15-ти октомври во домот на културата „Ацо Шопов“.



Она што оваа година претставува новина во однос на организацијата на овој собир на квалитетни композиции и изведувачи, е додавката на продукцијата „Нова X Идеа“ , која заедно со Општина Штип ветува фестивал вреден за паметење.

- По одлично сработените концерти на Архангел, Скрим Фестивал во Скопје, Бијело Дугме и Црвена Јабука, Самер Скрим Фестивал во Охрид и концертот на Влатко Стефановски и Стефан Миленковиќ, Општина Штип ни ја дава довербата која првенствено се однесува на нашата професионалност, која ќе ја докажеме и овој пат за остварување на заедничката цел – фестивал доведен до перфекција и секако зголемување на квалитетот на „Макфест“, како фестивал кој што заслужува посебно место во светот на музиката во Македонија – изјавуваат организаторите Нова Х Идеа.

Освен трите фестивалски вечери, оваа година за првпат ќе биде организирана и офф- програма која ќе се случува на атрактивни локации во Штип. Целиот концепт на годинешново фестивалско издание на „Макфест“ ќе биде обоено со слоганот „Една поинаква приказна“, затоа што фестивалот ќе има еден поинаков изглед, со присуство на квалитетни интерпретатори и штое најважно за секој фестивал, многу хитови по неговото завршување.
Какои секоја година, трите фестивалски вечери, со директен пренос, ќе бидат прикажани на една од нашите национални ТВ- куќи.

Извор: cOoLTuRa.mk
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Дом на културата Марко Цепенков ? Не ти е е ова Прилеп ,Ацо Шопов се вика домчето
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
Добри песни излегуваат од овој фестивал и стануваат хитови (кај нас), но обично не победуваат моите фаворити. :)
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Да се надеваме дека ќе излезат добри песни....и дека ќе запре производството на 'инстант' пејачи
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Иван Раденов, Виктор4е Идол или Хико Идол тепа.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Се се, ама ако победи пак Геј Џеј комбинација ќе почнам и ја да пејам. :)
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Дефинитивно оранизаторите се решени да му ја вратат старата слава на овој фествал. Па така освен натпреварувачки дел каде што ќе учествуват неколку интересни имиња на пример Мијата или Паркети има и офф програма. На која ќе настапуват:
Суперхикс (13 Октомври)
Слаткаристика (14 Октомври) и
Влатко Илиевски (15 Октомври)
+ДЈ Никифор и дуо Флеш.
Има и ревијален дел во сабота пред да се прогласат победниците ќе одржат концерт Гаро и Тавитјан Brothers.
Организатор на манифестацијата е Нова Х Идеа.
Повеќе информации: http://www.time.mk/read/81a8677fae/f7ba85b9ec/index.html
 
S

Sagan

Гостин
Почнаа. Од првите три 4 песни, само Боби Мојсоски отпеа убо.
Има листа на исполнувачи некаде?
 
S

Sagan

Гостин
Боби Мојсовски - Ќе нема следен пат
Зоран Илиев - Ангели и Демони
Наталија Славева - Тоа сум јас

:cuc:Катерина Симоновска - Во нас :icon_lol:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.458
Касно фатиф да го гледам Макфест, ама настапот на Бојана и нејзините танчарки многу ми се допадна вака визуелно. Друго... тоа е, нема надеж за фестивалов.

На твитер имаше ТоБ забава со хаштагот #макфест :)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.458
Поминаа 9 дебитанти и уште 11 изведувачи од првата полуфинална вечер. Утре ќе има уште толку музика, за во сабота да биде финалето.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
И ја го утнав вчера, баш ми беше криво, а читам на фб тешки фалинки имало. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom