.Sky.
Заменик министер без титула
- Член од
- 15 февруари 2013
- Мислења
- 6.857
- Поени од реакции
- 7.241
Бидејќи постојат многу теми поврзани со Макфест според мене најдобро е да имаме една генерална тема каде што ќе дискутираме за овој фестивал кој се одржува во градот Штип.
Почнува Макфест- Пеење во живо и со ревиски оркестар
Со подигањето на фестивалското знаме, и официјално започна овогодинешното 29-то издание на „Макфест“ во Штип
- Годинава, фестивалот ќе биде поинаков од другите години зашто за прв пат изведувачите ќе пеат во живо, а нив на сцената ќе ги придружува ревискиот оркестар на Македонската радиотелевизија. Мојата желба е овие композиции да имаат долг век на слушање, да останат запаметени. Победата му ја посакувам на најдобриот,
изјави градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев.
На „Макфест“ ќе бидат изведени 30 композиции во две фестивалски вечери. Една од новините е тоа што заедно со пеењето на плејбек, од годинава во историјата заминува и гласањето на жири комисијата и публиката.
- Веќе нема да има никакви жири комисии и никакви варијанти на гласање не се дозволени освен гласови од оние на кои музиката им е наменета, а тоа се граѓаните на Македонија. Од тие причини донесена е едногласна одлука победникот на Макфест да се избере преку телевоутинг и испраќање на СМС пораки кои ќе чинат 11,8 денари со ДДВ, изјави директорот на фестивалот, Дарко Мијалковски.
Вечерва е првата фестивалска вечер, на која прв ќе настапи штипјанецот Јоце Панов со песната „Само немој да молчиш“.