Погледнете го трејлерот за македонскиот филм Максим
Работата на овој филм е започната во 2009 година, но бидејќи финансиите биле покриени само од страна на режисерот Трајковски се одложуваше и неговата завршница. Премиерата на филмот е најавена за на пролет годинава.
Приказната во филмот е за дете по име Максим, кое подлегнува на љубопитноста и заглавува со порок што го прогонува низ остатокот на животот.
„Приказната не се базира на вистинит случај, сме гледале и досега филмови со слична тематика. Сакав да покажам колку може да се одрази една погрешна постапка и невнимание врз некого. Од филмот може да се извлече и поука дека некои грешки во животот и не можат да се поправат“, вели Трајковски кој покрај режисерската палка во филмот има и улога.
Филмот има три клучни локации на дејствието, а тоа се Македонија, Бугарија и Индија.
Изработен е под капата на Мајаки Продукција во соработка со Токсикологија Подвижни Слики и Протеус, за монтажата се погрижи Огнен Шапковски, музиката е на Скит Скитара, анимацијата на Вања Шереметковски, а дизајнот на тимот од Вижн Мејтс.
Погледнете го трејлерот