Максимална висина на ѕид кон комшија?

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.590
Поени од реакции
2.191
Во мојов случај комшијата е залепен до мене на 10 сантиметри. Тој период кога небев дома неколку месеци тогаш изградил без писмена ниту усна согласност.
Јас треба да градам сега за брзо. Архитектот ми рече дека мора да имам дозвола од комшијата ако сакам да градам на помала далечина 3,5м до куќата на комшијата.

Sent from my POCOPHONE F1 using Tapatalk
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.097
Поени од реакции
4.284
Го листав законот за градба и не најдов тоа што ме интересираше. Ме интересира колку треба да биде оддалечена куќата на комшијата од мојата ограда ако има отворено прозорци према мене и во случај ако нема отворено прозорци?
Законот за градење не одредува финеси, туку правилникот за проектирање.

По мое сеќавање, ако соседот има куќа на самата граница од парцелата или на 1 метар од оградата, не може да отвора прозорци. Ако е на растојание од 1.5м од парцелата, може да постави прозорче само за ВЦ, со парапет од 150см. Ако растојанието е 3м или повеќе, може да постави нормален прозорец.
Автоматски споено мислење:

Јас треба да градам сега за брзо. Архитектот ми рече дека мора да имам дозвола од комшијата ако сакам да градам на помала далечина 3,5м до куќата на комшијата.

Sent from my POCOPHONE F1 using Tapatalk
Согласности од соседи бараат општинарите, не архитектите кои се држат до законот за урбанистичко, законот за градење и правилниците.

По правилникот, оградата (дворната, нели...) може да биде висока 2м, каде до 1.5м може да биде полна/ѕиданата/бетонирана, а последните 0,5м од височината од оградата треба да се „проѕирни„ (не од полн ѕид).
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom