Кумановци ги ма најмногу зошто првата компанија КБР седиштето им беше во Куманово,и нормално запослуваа луге од Куманово.Кога почна Ирак и после и Авганистан доста од нив заминаа,но за жал не ги поделија контактите со останатите(ко да им беа компаниите нивни).Нема врска,како и да е мене лично ми се направи мерак зошто во последните две години почнаа да доагаат и луге од другите краишта на МК,нормално за пари.Инаку условите се солидни,но има луге кои се жалат,демек ова им смета,она им смета....И мене ми смета ама за пари се се трпи.Не е така лошо како што се опишува.Се спие во 95% во објекти тврда градба,а она што е кај нас шатор тука е зграда ама личи на шатор.Ги имаш сите услови за нормален живот, е сега малку спартански е ама ке се преживее.Опасност има,сепак сме во воена зона.Инаку за примањата не би дискутирал зошто се неспоредливи со оние во МК.Мислам дека и премиерот на МК не зема колку што ние заработуваме тука за еден месец
....Сите сме ризикувале да дојдеме тука за едно парче леб повеке......Но има еден феномен кој долго ке го гризе овој напатен народ,а тој е...кога си надвор бегај од наши.....За жал така е,ако сакаш да си мирен.Ги има сите можни начини за комуникација која постои,со тоа што ние сме малку повластени зошто АРМ е учесник во програмата наречена ИСАФ(мобилен,интернет,он-лајн пазарење)......Инаку има доста компании кои се тука,вклучувајки ги најголемите,до оние кои ги наречуваат субконтрактори......Опасност постои реално,нека никој не ве лаже дека нема,секогаш постои.Надвор не се излегува,освен ако сакаш да си го изгубиш работното место
......За жал има и такви случаеви.......Трошкови во првите месеци немаш,ама после стануваш интернет зависник
...Се купуваат најновите модели на телефони,таблети,гардероба
,а да е трагедијата најголема и стануваат и стручњаци во таа област(пред тоа не знаел што е радио,ама ај......)Па нели како се заработуваат,така и треба нешто да се потроши....,,.
Секој е со своја приказна дојден,ама од почеток приказните на сите се многу слични
,ама со време секој си ја кажува вистината......Добро,тоа е веке личен проблем во кој не би навлегувал понатаму.......
Ретко можеш да сретнеш некој кој заработил некоја сума на пари(солидна,мислам)....Сите се ставаат во трошење,чиниш имаат милиони....Да да се купи она што пред тоа не си можел да го купиш,ама да се расфрлаш,и тоа не оди нели?Но пак ке речам секој со својата математика,нели
Имаше скоро читав доста далавери со доагањето во Авганистан(плакање 2-3 плати,бла,бла....)Самите компании имаат свој сајт каде си аплицираш,и сега ако исполнуваш критериум добиваш шанса да додјеш тука.......Нормално во економска криза да се појават т.н спасители кои за парична добивка ке ви завршат работа
Во секој случај кој сака авантура и нормално пари ова е интересно место каде човечкиот живот не вреди 5долари,а пола кубик дрвца 10долари..........Па повелете што ве интересира конкретно прашајте...
--- надополнето: 21 октомври 2012 во 18:14 ---
Да имаше една група за жал наши од Баграм каде е другата по големина компанија,некаде околу 150 луге поради дупли ЦВ.......И тоа за жал сето тоа кажано од наш(а бе Македонче од душмани не крена глава)....Типот влегол што влегол,ама немал поим од она што требал да го работи.Е сега го приметиле и ајде да видиме кој си што си.Виделе дека нема никакво искуство од таа област,ама пак фер му понудиле помала позиција за помали пари(пред тоа земал 62000долари,на новата 54000долари
)......И типот револтиран,у стил а бе знаете ли вие дека последната група у тој и тој месец,сите тие се со дупло ЦВ.....И овие узбуна,проверка кога ке видат навистина....Е така 150 луге си останаа со прст у уста,заради некој неизмиен.......
За жал и тука има такви работи(Еееееееееееее Македонче еееее)