Македонци парче прават на странски берзи!?

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
МАКЕДОНЦИ „ПАРЧЕ ПРАВАТ“ НА СТРАНСКИ БЕРЗИ?!

Спасијка Јованова


Се повеќе граѓани од земјава се навлекуваат на заразата за тргување со девизи и хартии од вредност во странство, што со закон е забрането. Но, тие нашле начин како да го изиграат Законот за девизно работење и да се обидат да заработат многу пари. Процедурата е многу „едноставна“ и веќе ја совладале многу „инвеститори“ од земјава. Но, во целата работа има многу незнаење и измама.

100-200 долари прво префрлаат „инвеститорите“ од Македонија на сметката во странство, отворена од странски државјанин, па ако стекнат доверба, ќе му префрлат и поголеми суми
100 сертифицирани дилери за тргување со девизи има во Македонија и најголем дел од нив тргуваат во име на банките каде што работат
10-11% е просечната заработка од тргувањето со девизи, велат дилерите и укажуваат дека нивната професија не е коцка, туку наука


Тргувам со фјучерси на пченица, чоколадо, какао на светските берзи. Сега со какао парче се прави, се заработуваат најмногу пари. Со девизи не се исплати да се тргува бидејќи треба да вложиш многу пари. Се гледаат задните три типса (децимали). На нив кај фјучерсите може да се заработи и до 5%, што реално не е многу, но со повеќе пари и на подолг рок се заработуваат многу пари. Мои пријатели на Балканот од вакво тргување возат Ферари. Ова е приказната на еден млад Македонец, кој од пред некое време се навлекол на заразата за тргување со хартии од вредност во странство, што со закон му е забрането. Но, тој, како и многу други граѓани во земјава, нашле начин како да го изиграат Законот за девизно работење.
Процедурата е многу „едноставна“ и веќе ја совладале многу „инвеститори“ од земјава. Многу е важно да најдат човек од доверба што живее надвор од Македонија и кој ќе отвори своја сметка во странска банка, а тие од овде ќе му префрлаат пари. Првиот ризик со кој се соочуваат е тој да им ги собере парите. За да го избегнат, први префрлаат по 100-200 долари, па ако стекнат доверба, ќе му префрлат и поголеми суми. Странецот само ја отвора сметката и зема провизија од заработката на инвеститорот, кој пак сам тргува он-лајн со своите пари, а од странецот го добива пасвордот на банкарската сметка за да може да ги вложува парите. Сметките се отвораат во странски банки, а тргувањето се врши преку специјални платформи за он-лајн тргување со девизи и хартии од вредност, односно финансиски инструменти, како што се свопови, фјучерси, опции.

„Македонците не можат како физичко лице да отворат сметка во странство, па затоа најчесто бараат роднини во странство. Има и огласи на разни форуми од лица кои се нудат како посредници, но тоа е премногу ризично затоа што може никогаш да не ги видиш парите кои од тука преку банка им ги праќаш. Пред да почнеш реално да инвестираш, може да отвориш тренинг сметка на една платформа и да тргуваш со виртуелни пари. Ако си успешен, веднаш ќе те забележат ловците и ќе ти понудат да ти отворат сметка во странска банка за да инвестираш реални пари“, вели нашиот соговорник.
Македонците имаат и можност да посетуваат обуки за тргување на вакви платформи, кои се организираат во земјава и во странство.

„Постојат он-лајн банки каде не бараат никакви податоци за сметката и можеш од неа да повлекуваш пари кога сакаш и каде сакаш. Можеш во секое време да располагаш со парите. Тие ги префрлаат парите, но со високи провизии. Тие сметки ги прифаќаат платформите за тргување“, објаснува нашиот соговорник.

ЗАБРАНЕТО, А СЕПАК ДОЗВОЛЕНО

Законот за девизно работење забранува физички лица од Македонија да тргуваат со девизи или со хартии од вредност на странски пазари. Но, како што велат официјалните учесници на FX (девизниот) пазар во земјава, постојат илјада и еден начин да се изнесат пари.
„Може да платите со кредитна картичка. Кој го контролира тоа? Никој! Може во готово да ги извадите парите или да му ги дадете на некој да ги однесе во странство и да тргува со нив. Има начин за одлив на пари, но прашање е како ќе ги земете назад“, признаваат познавачите на оваа област.
Дилерите со девизи, кои се сертифицирани и најголем дел работат во банките, каде секојдневно тргуваат со девизи, се запознати со фактот дека се повеќе пари се изнесуваат од Македонија нелегално за да се инвестираат на FX пазарите во светот. Но, велат дека постапката не е баш така како што ја објаснува нашиот соговорник, алудирајќи на тоа дека многу луѓе се залетуваат, а во суштина не ги знаат работите. Но, проблемот го лоцираат во нејасната регулатива и во тоа што се повеќе посредници од Србија, Хрватска, Словенија и од други земји ги „прелажуваат“ луѓето ветувајќи им големи заработки.
„Има фирми кои на црно одржуваат по кафулиња и институции многу скапи семинари и тренинзи за тргување преку платформи, го објавуваат методот на работа и ветуваат јагуари. Лично бев сведок на ситуација кога едно лице му даде на еден посредник 20.000 евра од џеб за да ги инвестира во девизи“, вели сертифициран дилер со девизи.

Во Македонија има околу 100 дилери кои имаат сертификати. Но, тие тргуваат во име на банките каде што работат.
„Нашата професија не е коцка, туку наука. И е многу ризична. Само 10-11% добиваат од целиот процес. Но, и кога губиш, треба рационално да губиш“, порачува дилерот.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Ова е за тие Forex страниве што ги има по интернет или нешто сосема друго? (FxLider, eToro итн? )
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
Не ќе е лошо да напише некој - Тргување на берза for dummies, да ќариме некое евро/фунта/долар и ние што немаме појма од ова. :D
И да си викат ах бре македонче и ти да кариш нешто :D
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Ова е за тие Forex страниве што ги има по интернет или нешто сосема друго? (FxLider, eToro итн? )
Да, не ти треба странска банкарска сметка но, провизиите им се малку повисоки. Инаку текстот е во основа точен само малку е хаоточен нешто чула ама недочула новинарката.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Да, не ти треба странска банкарска сметка но, провизиите им се малку повисоки.
Јас имав неколку понуди од блиску луѓе во странство кои ми рекоа дека заработуваат солидно од овие страни па ми предложија да се зачленам. Отворив на eToro тренинг акаунт и кога видов дека на листата за Топ заработувачи прв стои Германец со заработка од 11.000 евра за предходниот месец ми се заврте мозокот. Ама ми беше страв да ставам пари на акаунтот, се нешто си мислев да не е некоја измама.

ПС: Ова стварно е нелегално во Македонија? Може да има некои проблеми ако почнеш да работиш со тие страни без посредник во странство?
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Јас имав неколку понуди од блиску луѓе во странство кои ми рекоа дека заработуваат солидно од овие страни па ми предложија да се зачленам. Отворив на eToro тренинг акаунт и кога видов дека на листата за Топ заработувачи прв стои Германец со заработка од 11.000 евра за предходниот месец ми се заврте мозокот. Ама ми беше страв да ставам пари на акаунтот, се нешто си мислев да не е некоја измама.

ПС: Ова стварно е нелегално во Македонија? Може да има некои проблеми ако почнеш да работиш со тие страни без посредник во странство?
Според закон не е легално. Но, незнам точно како е со странска сметка или преку овие страни. Знам многу луѓе што работат вака и до сега никој немал проблем. Но, ако знае некој од УЈП нека се јави.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Според закон не е легално. Но, незнам точно како е со странска сметка или преку овие страни. Знам многу луѓе што работат вака и до сега некој немал проблем. Но, ако знае некој од УЈП нека се јави.
Баш ме интересира оваа работа и мене. Ако има некој повеќе информации околу ова нека ни објасни дали може и ние Македонците да заработиме некој денар па да фркнеме и ние малце.
 

New Age

Lean Back
Член од
22 ноември 2010
Мислења
264
Поени од реакции
235
Баш ме интересира оваа работа и мене. Ако има некој повеќе информации околу ова нека ни објасни дали може и ние Македонците да заработиме некој денар па да фркнеме и ние малце.
An amateur who opens a $20,000 trading account and expects to run it
into a million in two years is like a teenager who runs away to Hollywood to
become a pop singer. He may succeed, but the exceptions only confirm the
rule. Amateurs try to get rich quick but destroy themselves by taking wild
risks. They may succeed for a while but hang themselves, given enough
rope.
Amateurs often ask me what percentage profit they can make annually
from trading. The answer depends on their skills or lack of such and market
conditions. Amateurs never ask a more important question: "How much will
I lose before I stop trading and re-evaluate myself, my system, and the markets?"
A person who makes 25 percent profit annually is a king of Wall Street.
Many top-flight money managers would give away their firstborn child to be
able to top this.

Се надевам ќе ти помогне малце.

П.С. За да добиеш во овој свет, некој треба да загуби, а тој некој најчесто е финансиски гигант кој има многу голема предност(фундаментално и технички) во однос на домашните инвеститори како ти и ја. Нека не те залажуваат вакви постови од брокери кои ги лажат луѓето дека ќе возат ферари ако ја играат играта каде шансите се против нив.
 

Santiago

Cocalero
Член од
4 јуни 2012
Мислења
97
Поени од реакции
31
Imam eden komsija i vika ako sakas da zarabotis kje treba da dremes na kom od sabajle do vecer kako sto otvaraat pazarite, New York, Tokio, London......
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
А да ви дадам по една мотика,и кај мене на лојзе во близина е,
и делиме пола пола на бербата,
еј,,50% добиваш, а не нивнине 10%
и никој не ти брани,да тргнеш некое редче,лукче,кромитче и сл.- Гратис
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
An amateur who opens a $20,000 trading account and expects to run it
into a million in two years is like a teenager who runs away to Hollywood to
become a pop singer. He may succeed, but the exceptions only confirm the
rule. Amateurs try to get rich quick but destroy themselves by taking wild
risks. They may succeed for a while but hang themselves, given enough
rope.
Amateurs often ask me what percentage profit they can make annually
from trading. The answer depends on their skills or lack of such and market
conditions. Amateurs never ask a more important question: "How much will
I lose before I stop trading and re-evaluate myself, my system, and the markets?"
A person who makes 25 percent profit annually is a king of Wall Street.
Many top-flight money managers would give away their firstborn child to be
able to top this.

Се надевам ќе ти помогне малце.

П.С. За да добиеш во овој свет, некој треба да загуби, а тој некој најчесто е финансиски гигант кој има многу голема предност(фундаментално и технички) во однос на домашните инвеститори како ти и ја. Нека не те залажуваат вакви постови од брокери кои ги лажат луѓето дека ќе возат ферари ако ја играат играта каде шансите се против нив.
Апсолутно да остваруваш редовно годишен профит од 25% си цар ретко кој го може тоа. Инаку шансите да фатиш нешто брзо ти се малку подобри од спортска прогноза или рулет.
 
М

Мартин`

Гостин
Апсолутно да остваруваш редовно годишен профит од 25% си цар ретко кој го може тоа. Инаку шансите да фатиш нешто брзо ти се малку подобри од спортска прогноза или рулет.
Шансите за да добиеш на рулет ти се никакви односно 1 на 1000 ќе извади пари сепак незначително за сопствениците на рулетите, со електроника да си немаш работа.. ама ако ме прашаш мене ова со берза ти е исто како кладилница горе-доле.
 
F

FARANG

Гостин
Of more majko koga citam vakvi gluposti mi se place. ubavo vi napisaa pogore na angliski... Kuso i jasno za sekoj eden sto vozi ferari, 10 000 vozat tocak. Ima retki slucavi (soros na primer) kade sto luge samostojno pravat pari ama toa se retki slucaevi. Bankite i komaniite koj trguvaat so FX ili Futures imaat celi timovi na luge koj analiziraat miljarda podatoci sekoj sekund i zatoa se usepsni. Sekoj sto misli deka sam amaterski moze da uspee vo ovaa igra se laze.

Ako veke ste reseni da se probate uopste ne se zamarajte so tie probni programi so lazni pari i taka natamu. Ne e isto da trguvas so vistinski pari. Podobro e da igrate so sitni cifri, ima poveke nacini da se trguva na sitno dur da "naucite" sto pravite.

$10 000 minmum HURT capital. Ova se pari koj ste premni da gi izgubite bez oko da vi trepne. Otprilika tolku ke vi treba za da pocnete. Ako se odi IDEALNO moze da se nadevate na 2-3% mesecno. So tek na vreme i ako ste mnogu disciplinirani moze i poveke ama treba da se prezivee pred toa.

Razmislete ubavo.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Во основа ако знаеш не ти требаат овие сајтови имаш менувачници, банки, златари, македонска берза.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom