Јас ќе застанам во одбрана на видеово, а пред да почнете да ме напаѓате барем прочитајте зошто го бранам истото тоа видео. И кога ќе почнете да мавате по мене, бирајте помали камења ве молам
Реметење иселеници е во ред, ама кога го заслужуваат тоа. Има разлики од семејството во првото видео до дедо ви кој заминал во Острелија во 68-ма притоа мислејќи дека железното пиле на ајродромо во Белград треба да се напои и нахрани пред да полета за Недојдија. Таквите луѓе не виделе ништо модерно, немале никакво образование и одеднаш пристигнале во земја на материјално изобилие каде млекото ти го носат дома, луѓе од разни раси живеат заедно и во дворот можеш да насадиш палми и тие ќе никнат. Се што виделе им е како на малите бебиња кога ќе видат нешто за првпат и учат за се, така и овие, заминале од скромна земја во земја каде има повеќе и сето тоа им удрило в глава. Плус и таков им е менталитетот, згора на сето тоа не научиле англиски и заборавиле да зборуваат чист македонски и од таму доаѓаат заебанциите на нивна сметка и скечовите на к-15.
За разлика од нив поновите иселеници се повеќе образовани и горе-долу знаат што да очекуваат. Не ги бранам дека направиле нешто којзнае што или дека ми значат нешто, туку зашто првото видео нема ама ништо за реметење според мене. Мајката ја однесла ќеркичка за првпат дома и прават видеа за тоа што било и како било. Може сака на другарка и што ја запознала летото да и раскаже за тоа како и е во Канада па се решила да направи видео. Пофалби и за девојчето зашто зборува доста чист македонски, за разлика од многу деца на наши иселеници. И не рече девојчето имаме големо лејк, туку рече ова е езеро во Канада, се вика Онтарио Лејк. А така го кажа зашто така е научено, исто како што Њујорк не го преведуваме како Новјорк...само важно е да им се насмееме
Не сакаше да ви раскаже дека во Канада има супермаркети а во Македонија не, добро знаат што има и како има, само сакале да пополнат време и да снимат видео. Сфатете го како една проста разгледница или како сакате.
Тоа што потенцираат дека имаат Вегета и турско кафе не е дека се прости и се неизживеани, туку кога ќе заминеш некаде тие малите работи ти значат многу заради спомените. Пример денес за првпат по 4 години си направив нескафе, такво како што го пиев во Македонија. Никогаш во Австралија го немам пиено баш истото кафе правено на ист начин. Не е дека сум прост и се фалам, туку е нешто што ретко го гледаш и ти значи кога ќе го добиеш и е кул во моментот.
Кул, исто како што е кул да користиш англицизми кога е најмалку потребно кое што впрочем ми е смачено од нив. Исто кул како и кога ќе појдеш на ексурзија во Будимпешта и трчаш веднаш во Бургер Кинг и Старбакс кои имаат најтиња производи, ама трчаш веднаш кај нив а не одиш да видиш некоја локална атракција. Во тие моменти Унгарците сигурно ти се смеат зашто изгледсш просто и неизживеано
Толку од мене, се надевам не бев напорен и нема да ме сфатите погрешно