Македонците се најстар народ, Србите и Бугарите дојденци

Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Српска историја од 19 век: Македонците се најстар народ, Србите и Бугарите дојденци

Авторот на овој учебник за средно училиште од 1871 година, дваесетина години подоцна го менува мислењето и Македонците ги нарекува „аморфна маса“



Историјата е најголемата лага - оваа позната реченица на Наполеон е можеби најточната дефиниција за манипулациите што се прават со оваа наука во политички цели.

Учебникот по географија, особено неговиот дел за историјата на Балканскиот полуостров од кој учеле српските средношколци во 1871 година е најдобриот пример за она што сака да го каже Наполеон. Автор на учебникот е српскиот академик Петар Драгашевиќ. И додека во оваа историја Драгашевиќ ги нарекува Македонците, „најстари Словени“ и „можеби најстар народ во Европа“, а Србите и Бугарите „дојденци“, истиот автор дваесетина години подоцна, плука врз својот труд, нарекувајќи не „аморфна маса“. Намерно или случајно, промената на ставовите на Драгашевиќ се случува токму во периодот кога тогашен Белград ја црта картата на „Велика Србија“.

Учебникот „Географија за средни училишта“ бил прегледан и одобрен од државна комисија во Белград, а печатен во државната печатница. Во делот „Југоисточен полуостров“ пишува:

„Староседелци во овие земји, во древни времиња биле некои Словени на кои не им се знаат имињата...можеби низ долгите времиња наназад многу раштркани, тоа се денешните Македонци. Но, како што насекаде во светот бидува, кога дојденците ја преземаат власта, така било и овдека“.

Во истиот дел стои дека Елините се доселиле на полуостровот пред 1.500 години, ја создале лулката на науките и уметностите и ја пресадувале на сите крајбрежни делови на Средоземно Море. За Александар Македонски, стои дека, „творецот на македонската светска држава“, ги проширил границите до Индија. Во делот „Народ“, пак стои:

„Овој полуостров е мозаик на народи како и Австрија. На овој простор живеат 13,6 милиони жители и тоа: Словени 61 отсто, Турци 13 отсто, Арнаути 7 отсто, Грци 14 отсто, Ермени 3 отсто и останати 2 отсто. Што би се рекло, Словени има двапати повеќе од сите други заедно, а четирипати повеќе од Турците. Во Словени се бројат: Срби 3,6 милиони, Хрвати 0,5 милиони, Македонци 1,3 милиони, Бугари 3,2 милиони, останати 0,04 милиони“.

На страницата 163 се наведува дека „Македонците се најстари Словени на овој Илирски полуостров, а можеби и во Европа“. Драгашевиќ тврди дека преку Македонците поминувале и владееле сите народи кои во текот на многу времиња, или еден покрај друг, или еден зад друг престојувале во овие земји.

„Македонците денес го заземаат речиси целиот брег на Белото море, на исток се мешаат со Бугарите од Тракија на запад со Арбанасите од Арбанија и Епир и на север со Србија ги граничи Шар Планина. И покрај сето ова во нивните обичаи и во нивниот јазик можат да се најдат траги од сите оние народи, кои овде-онде, над нив владееја (нарочно Бугарите и Србите). Македонците и денес се карактеризираат самостојно и стојат во средината меѓу Бугарите и Србите“, пишува Драгашевиќ за Македонците.

Ништо помалку интересно е неговото пишување за другите народи: „Бугарите на овој полуостров се дојденци (за разлика од Македонците) исто како и Србите и денес ја зафаќаат целата источна страна на овој полуостров“. За Албанците, пак вели дека се во тесна врска со римските војници, а за Грците дека живеат во „Кралство Грчко“.




Симски: Така е и со другите истории

До овој учебник, пред еден месец дошол писателот и дипломат Стефан Симски.

- Сосема случајно ми го спомнаа колеги дипломати од Белград. Многу е интересно што автор на учебникот е истиот академик, кој 20 години подоцна комплетно го менува ставот за Македонците. И ова не е случај само со српската историја, туку и со бугарската и грчката - вели Симски, кој сега е шеф на одделението за македонско малцинство на Балканот при Секторот за дијаспора на Министерството за надворешни работи. Автор: Александар Б.

Извор Нова Македонија http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8189107373&id=9&setIzdanie=21766
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
автор на учебникот е истиот академик, кој 20 години подоцна комплетно го менува ставот за Македонците.
автор на учебникот е истиот академик, кој 20 палици подоцна комплетно го менува ставот за Македонците.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Браво за ова.Значи вака всушност србите учеле во средно до пред 130 години,интересна работа,точно пред да почни српската пропаганда во Македонија,1900тите.
 

СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Браво за ова.Значи вака всушност србите учеле во средно до пред 130 години,интересна работа,точно пред да почни српската пропаганда во Македонија,1900тите.

Пред да биде анексирана БиХ од Австрија . :toe:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
До овој учебник, пред еден месец дошол писателот и дипломат Стефан Симски.

- Сосема случајно ми го спомнаа колеги дипломати од Белград.

Нека им каже некој на нашиве да читаат кајгана почсто бидејќи информациите за оваа книга ги постиравме во уште во ноември 2007 година:

Петар Драгашевиќ, "Географиjа за средње школе", Београд, 1871, c. 162-163

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=1984&page=3


Јас постирав информации и за две други српски книги на истиот линк погоре. Нека му каже некој на Симски и на такви како него за да не лута/ат.


1. Земљопис Србиjе и Турскe за основне српске школе, Београд, 1872, стр. 35.

2. Jован Гавриловиќ, "Мал'iј Зем'л'опис' кнјажевства Србiе и турског' царства у Европи за основне србске школе", Београд, 1850, стр. 51.


Гавриловиќ во старите Македонци ги вбројува и Гетите, Мезите, Трибалите и Илирите. 3a Maкедонјаните вели дека жиееле на територијата на која подоцна се доселиле Србите, Бугарите и Хрватите.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Значи многу добро си знаеле нашите комшии кој се и што се Македонците се додека не им се зголемиле апетитите за територии и во тој момент престанува да важи нивната дотогашна официјална историја, а денес со успешна пропаганда која трае повеќе од 100 и кусур години дури и дел од нашиот народ и поверувал, ама голем дел (како што наведува самиот автор 1,3 милиони-само во Р. Македонија) си останал македонски.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Значи многу добро си знаеле нашите комшии кој се и што се Македонците се додека не им се зголемиле апетитите за територии и во тој момент престанува да важи нивната дотогашна официјална историја, а денес со успешна пропаганда која трае повеќе од 100 и кусур години дури и дел од нашиот народ и поверувал, ама голем дел (како што наведува самиот автор 1,3 милиони-само во Р. Македонија) си останал македонски.

Во цела Македонија ќе да е.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Misirka, ponegoas e poumno da ne se obrazuvaat (t.e da ne im se sugerira kade da se obrazuvaat) otkolku da im se posoci deka nekoi raboti veke odamna se prvaleni od drugi i da ne se kitat za licna promocija so veke opsto poznati raboti.

No, kako sto i samiot znaes, kako korektori sme, od nas ucat...

Simski trebal da se rasprasa, a verojatno i se rasprasal, pa mu e posoceno, no, vaka TOJ ima licna promocija, a ne onie koi zasluzuvaat.

P.S. Primer za toa e na edna druga tema N. Tesla. so x-rays, so wireless energy and electric transfer, electrons...

Kako bi mu zvucelo na Simski da kaze, e da, na kajgana citav, pa zatoa duri sega, po dve godini uspeav da nabavam hard-copy od knigata...ic neubavo za sebepromocija, a neli ke se imanuvaat ambasadori haha!!
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111



Аз поп Ивањко от Штипа
Аз Станислав граматниj от Штипа
Аз Брат(Х) от Македонија(јотизирано а) да додохом
на по(н)т коснјачи(к)и
Аз граматик воихна от Т(е)тева катуна
да за Михаиљ поп писах доидох да дадим лен
Аз граматиј Нестор написах слова в дон(н'?!?!?)
деспота Ториока

нзс некој ?

ZoraNaSlobodata напиша:
Аз поп Ивањко от Штипа
Аз Станислав граматниj от Штипа
Аз Брат(Х) от Македонија(јотизирано а) да додохом
на по(н)т коснјачи(к)и
Аз граматик воихна от Т(е)тева катуна
да за Михаиљ поп писах доидох да дадим лен
Аз граматиј Нестор написах слова в дон(н'?!?!?)
деспота Ториока

нзс некој ?
То последното ќе да е деспота Торнока :toe:
И Брат(Х) е Братан
 

ADVISOR

barca & inter
Член од
4 јуни 2009
Мислења
799
Поени од реакции
16
Mislam deka povece treba da se nasocite kon pobivanje na Grckite tezi :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom