Македонците се задолжуваат за живот на вересија

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Германците се задолжуваат главно за станови и автомобили, Македонците за живот на вересија. Ова не е прашање единствено на нискиот животен стандард, туку во голема мера и на тоа дека нашите граѓани потешко се откажуваат од скапи навики како пушењето, кафаените и слични трошоци, наместо да штедат, велат од инвестициските фондови.



Глобалната економска криза која практично се јави во истиот период кога и првите инвестициски фондови во Македонија ги одвраќа штедачите од инвестиции на берзите. Ако се следи правилото купи евтино, продај скапо, тогаш сега е вистинскиот момент за вакво инвестирање, велат од фондовите.
Македонците главно штедат во банките или пак под перница и тешко ги доверуваат своите пари на институционални инвеститори, иако со тоа би оствариле поголем профит, покажуваат истражувањата на пазарот.
За таа цел Инвестициското друштво КД фондови и Агенцијата за финансиска писменост Синергија Плус издадоа Прирачник за инвеститори кои треба да ги поучи граѓаните како да развијат здрави навики за штедење.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Ова е пред се поради фактот што повеќето од граѓаните не ги интересира ништо друго освен брза заработка.
Јас сум сигурен дека утре ако се појави пирамидална штедилница околу десет илјади луѓе ќе се фатат на истата мамка по стоти пат.
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
224
Поени од реакции
159
нашите граѓани потешко се откажуваат од скапи навики како пушењето, кафаените и слични трошоци, наместо да штедат, велат од инвестициските фондови.

За таа цел Инвестициското друштво КД фондови и Агенцијата за финансиска писменост Синергија Плус издадоа Прирачник за инвеститори кои треба да ги поучи граѓаните како да развијат здрави навики за штедење.
Јас не пушам, не одам по кафани, неам такви слични трошоци, но и пак НЕМАМ ништо што да штедам. Како мене ќе ме научат тие институции да развијам здрави навики за штедење?:cautious:

Или ко оној човекот кој сакал да го подучи своето магаре да јаде помалку, за да штеди, и така секој ден му дал се помалку, и помалку да јаде. И, таман го научил да не јаде ништо, МАГАРЕТО МУ ЦРКНАЛОооо. И сега, што праиме?
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
нашите граѓани потешко се откажуваат од скапи навики како пушењето, кафаените и слични трошоци, наместо да штедат, велат од инвестициските фондови.
Епа тешко, се откажуваат. Јас не пушам, не идам кафани и дискотеки, и што да штедам xD. Не работам!
А и за превоз често користам велосипед, или идам пешки иако сум далеку од Центар.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Јас не пушам, не одам по кафани, неам такви слични трошоци, но и пак НЕМАМ ништо што да штедам. Како мене ќе ме научат тие институции да развијам здрави навики за штедење?:cautious:

Или ко оној човекот кој сакал да го подучи своето магаре да јаде помалку, за да штеди, и така секој ден му дал се помалку, и помалку да јаде. И, таман го научил да не јаде ништо, МАГАРЕТО МУ ЦРКНАЛОооо. И сега, што праиме?
Епа тешко, се откажуваат. Јас не пушам, не идам кафани и дискотеки, и што да штедам xD. Не работам!
А и за превоз често користам велосипед, или идам пешки иако сум далеку од Центар.
Јас сум елегантно пополнет, веќе од минатава пролет работам на случајот на намалување тежина, се шетам редовно на Водно, од државна болница пешки се до крстот и назад, летово од 130 намалив на 110 кила, да намалам на под 90 кила, па ќе преминам на велосипедот.

Но кога сме кај финансиската состојба, и јас исто така не пушам, не идам по кафани и дискотеки, иако сум елегантно пополнет сепак не купувам брза храна или било какви пијалоци, но ете, и јас сум шворц.

Од што ќе штедам кога сум невработен и немам ебан динар ?

А кога сме кај задолжувањето, најмногу ме плаши ова што го прави актуелнава влада со проектот Скопје 2014.

Делумно ми се допаѓаат едни објекти и споменици, а делумно и не ми се допаѓаат други објекти и споменици, но тоа што најмногу ме загрижува, е тоа што актуелнава влада, од почетокот на годинава, финансирањето на реализацијата на проектот Скопје 2014 го врши со пари од ММФ, се задолжуваме за некапитални инвестиции, се плашам дека се полни должнички меур со позајмени пари, кој кога ќе пукне, има да го кркаме стапот како грците, не дај Боже !!!

А и овие од Сител со инвестицискиве фондови ептен трујат, таму каде што А1 застана - Сител продолжува. И А1 до бескрај го рекламираа инвестицискиот фонд Илирика и ги охрабруваа граѓаните да инвестираат во тој фонд, а сега Сител ги охрабруваат граѓаните да инвестираат во КД Фондови.

Во што би инвестирале, кога Македонската Берза ја движат политичките потези, а не економските ?

Во 2008 кога се очекуваше Македонија да стане полноправна држава членка на НАТО, цените на акциите на берзата вртоглаво пораснаа и срушија секакви рекорди од основањето на берзата, истото се случи и со становите, но поради грчкото вето на самитот на НАТО во Букурешт, цените на акциите на берзата како што вртоглаво пораснаа, така и вртоглаво паднаа, но за жал истото не се случи и со цените на становите.

Целиот економски систем ни е организиран така што политичарите ги водат главните потези, се крстиме и велиме Дај Боже, кога ќе слушнеме дека некој странски инвеститор е заинтересиран да инвестира во Македонија, а воопшто не ни текнува да се организираме заедно, да го споиме заедничкиот капитал кој го имаме, колку-толку, и да инвестираме во сопствени производствени погони, не не, не знаеме да функционираме така, во Југославија правилото беше "На комшијата да му умре козата", а денес правилото е "Да умре комшијата за да му ја земам козата", никако да ни текне заедно да си тераме бизнис со комшијата од нашите кози.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Јас сум елегантно пополнет, веќе од минатава пролет работам на случајот на намалување тежина, се шетам редовно на Водно, од државна болница пешки се до крстот и назад, летово од 130 намалив на 110 кила, да намалам на под 90 кила, па ќе преминам на велосипедот.

Но кога сме кај финансиската состојба, и јас исто така не пушам, не идам по кафани и дискотеки, иако сум елегантно пополнет, сепак не купувам брза храна или било какви пијалоци, но ете, и јас сум шворц.

Од што ќе штедам кога сум невработен и немам ебан динар ?

А кога сме кај задолжувањето, најмногу ме плаши ова што го прави актуелнава влада со проектот Скопје 2014.

Делумно ми се допаѓаат едни објекти и споменици, а делумно и не ми се допаѓаат други објекти и споменици, но тоа што најмногу ме загрижува, е тоа што актуелнава влада, од почетокот на годинава, финансирањето на реализацијата на проектот Скопје 2014 го врши со пари од ММФ, се задолжуваме за некапитални инвестиции, се плашам дека се полни должнички меур со позајмени пари, кој кога ќе пукне, има да го кркаме стапот како грците, не дај Боже !!!

А и овие од Сител со инвестицискиве фондови ептен трујат, таму каде што А1 застана - Сител продолжува. И А1 до бескрај го рекламираа инвестицискиот фонд Илирика и ги охрабруваа граѓаните да инвестираат во тој фонд, а сега Сител ги охрабруваат граѓаните да инвестираат во КД Фондови.

Во што би инвестирале, кога Македонската Берза ја движат политичките потези, а не економските ?

Во 2008 кога се очекуваше Македонија да стане полноправна држава членка на НАТО, цените на акциите на берзата вртоглаво пораснаа и срушија секакви рекорди од основањето на берзата, истото се случи и со становите, но поради грчкото вето, цените на акциите на берзата како што вртоглаво пораснаа, така и вртоглаво паднаа, но за жал истото не се случи и со цените на становите.

Целиот економски систем ни е организиран така што политичарите ги водат главните потези, се крстиме и велиме Дај Боже, кога ќе слушнеме дека некој странски инвеститор е заинтересиран да инвестира во Македонија, а воопшто не ни текнува да се организираме заедно, да го споиме заедничкиот капитал кој го имаме, колку-толку, и да инвестираме во сопствени производствени погони, не не, не знаеме да функционираме така, во Југославија правилото беше "На комшијата да му умре козата", а денес правилото е "Да умре комшијата за да му ја земам козата", никако да ни текне заедно да си тераме бизнис со комшијата од нашите кози.
Денеска со другар од ЃП до Центар пешки и од Центар до Козле пешки ( од е од Козле) . И после од кај Алумина си фатив автобус исцрпен бев и еве ме пак на ПЦ.... xD
 

Kajgana Shop

На врв Bottom