Македонците на Latinica

Член од
2 октомври 2007
Мислења
19
Поени од реакции
0
Пред два часа ( од моментот кога го пишувам ова) на хрватската телевизија HTV1 во емисијата Latinica имаше една репортажа за Тоше. Мислам секоја чест на луѓето, го сакаа, почитуваа и ред други работи и му направија репортажа за неговиот живот и дело. Сето тоа убаво. Арно ама не можам да ги разберам нашите македонци кои сите, освен една госпоѓа од Скопје (не го запамтив името нека ми извине), значи сите зборуваа на хрватски ли, српско-хрватски ли, не е важно. Па добро бе луѓе, па толку ли не си го почитуваме јазикот наш македонски. Другари на Тоше, пријатели, познати личности, градоначалникот на Скопје Трифун и ред други абе сите по ред на српско-хрватски. Ај оние од старата " пионерска школа", ај така и така, барем знаат да го зборуват. Ама кога ги слушнав овие младите кои го зборуваат српско-хрватскиот во стилот " kad che mo, tad che mo, shta ste se ftilili " тоа веќе беше смешно. И нормално како "јаготка на шлагот", портпаролот ни на нашата ни Влада Македонска, кој растура хрватски како да му е потрпарол на Санадер, а не на Груевски. Навистина срамота. Па зборувајте македонски, или говорете македонски исто е, па после они нека си стават титлован превод. Нека каже некој дали на некоја репортажа на некоја македонска телевизија кога некој хрватски или српски владин преставник зборувал на македонски. Не се случило никогаш. А за овие другите продадени души да не ни зборувам. И уште еднаш ќе повторам навистина срамота за македонскиот јазик, за македонија и за оние т.н македонци.

Не сум сигурен дали темата е за тука, така да не ми забележувајте.
 
Член од
9 октомври 2007
Мислења
1.126
Поени од реакции
24
Проблемот е во комплекс. Комплекс на мала нација.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ma не сваќаш... вака покажуваме интелигенција. Кој им е крив на останатите што се толку глупави за да не го знаат Македонскиот јазик?

Срамота за официјалните лица. Регулар Џо се ложи на помислата дека че га гледају на тељевизор кад збори на другом јазик.
 

Никсън

бамбуча
Член од
12 октомври 2007
Мислења
283
Поени од реакции
0
Пишете на кирилица! Даже бих предложил на вашите модератори, нека кирилицата стане зад'лжетелна в форума! Монтес, поздравјавам те за тази тема, много актуална и навременна е. Малко останахме д'ржавите, които пишат на кирилица. Трјабва да се пише на кирилица! Това е начин'т да се почувстваме уникални!
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
А кога некој Македонец ќе дава изјава на англиски,германски или италјански тогаш е кул,а?
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
sindrom, mentalitet naviki prifateni od minatoto i socuvani .potrebno e dase oslobodime od takvoto breme.toa nee ednostavno tukase vklucuva sevkupna masinerija mislam na mediumi pred se .predhodno trn kaza za kriza na identitet koe i te kako ima vrska so nasata nacionalna svest.dlaboko sum ubeden vo toa deka makedoncite nesmeat da vodat nacionalna politika napritiv da prifatime se tugjo, za nacionalnoto da se zapostavi kako nevazna rabota. obrazovniot sistem mediumite donesuvanje pod itno zakon za jazik .nesekoj so govorna mana da zastane pred kameri ili priuceni novinari :(.dobra primedba i temata e na mesto i potreban diskusija .kakov toa mentalilet nie nosime kako nacija dali si go pocituvame jazikot sopstven i se stoe povrzano so jazikot.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ја гледав емисијта и тоа исто го забележав и ме изнервира.Само Кире Костов,директорката на домот за деца без родители и уште една жена зботреа македонски.
Амн бе луѓе,па си ставаат титл,ништо нема да ги чини!
Не го разбирам тоа зборење на српски и не го разбирам!
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Ја гледав емисијта и тоа исто го забележав и ме изнервира.Само Кире Костов,директорката на домот за деца без родители и уште една жена зботреа македонски.
Амн бе луѓе,па си ставаат титл,ништо нема да ги чини!
Не го разбирам тоа зборење на српски и не го разбирам!
mlada si:) ke razberes pokasno :smir:
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Ми многу голем процент од Македонците во странство не читат на кирилица, зборувам за помладите генерации и за повеќето иселеници од Егејскиот дел на Македонија. Штета.
 

Тањушка

pretty mama
Член од
17 јануари 2006
Мислења
365
Поени од реакции
29
Чекај сега, ако го знаеш туѓиот јазик и ако го зборуваш тоа е несакање и непочитување на својата нација?! Хелооооуууу...Па луѓето даваа изјава за ХТВ, не за А1 или за МРТВ... го знаат јазикот (кој повеќе, кој помалку) и не гледам причина зошто не би го зборувале? Да даваа изјава за BBC да речеме, ќе беше срамота да говорат англиски? Или некој Македонец зборува за Раи Уно и зборува италијански? Тоа што го знаеме тој јазик е само наша предност и сосема е во ред тоа да се искористи онаму каде што му е местото :toe:.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Абе баталете тоа со јазикот.Шо ќе прајме со Трифунче пошто пак почна да забегвит со онаа негова изјава дека Тоше го закопавме како криминалец???:tapp:
 

ВМРО

Loved By Few, Hated By Many, Respected By All
Член од
12 септември 2005
Мислења
1.863
Поени од реакции
26
Da bese na bugarski ili albanski....leleleleleel....koga ke pocnevte da kokodakate...top tema ke bese po vesnicite...vaka nikomu nisto...
pa mi smo braca jebote
 

Тањушка

pretty mama
Член од
17 јануари 2006
Мислења
365
Поени од реакции
29
Абе баталете тоа со јазикот.Шо ќе прајме со Трифунче пошто пак почна да забегвит со онаа негова изјава дека Тоше го закопавме како криминалец???:tapp:
Трифунчо го усука крааајнооо....Му нема спас, од глупост во глупост тоне, се` подлабоко и подлабоко кутриот.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
кога полуписмени македонци ПРОБУВААТ да зборат српскохрватски е исто ко медрано да дошол во Скопје..циркус..можете да замислете како му изгледа на некој што го знае јазикот..како ние кога гледаме Албанец како пелтечи македонскосрпски..не не полошо..како кога бугарин збори бугарски..патетика...

со еден Словенец (единствениот словен што го имам запознаено) разговаравме на саем..ја на македонски тој на српски..и ..неиде..ја не попуштам тој не разбира..на крај си се разбравме многу полесно на англиски ..ем се рабравме, ем никој не излезе мајмун
 
Член од
2 октомври 2007
Мислења
19
Поени од реакции
0
Чекај сега, ако го знаеш туѓиот јазик и ако го зборуваш тоа е несакање и непочитување на својата нација?! Хелооооуууу...Па луѓето даваа изјава за ХТВ, не за А1 или за МРТВ... го знаат јазикот (кој повеќе, кој помалку) и не гледам причина зошто не би го зборувале? Да даваа изјава за BBC да речеме, ќе беше срамота да говорат англиски? Или некој Македонец зборува за Раи Уно и зборува италијански? Тоа што го знаеме тој јазик е само наша предност и сосема е во ред тоа да се искористи онаму каде што му е местото :toe:.
Аааа, значи тоа беше целта. Да им покажеме на Хрватите дека ние сме паметни они се глупи. Е извини не знаев, моја грешка. :pos2:
Ти Тањушке изгледа не си ја гледала емисијата. Ај за сите останати пак че речам толку му сече, ама брее Портпарол на Влада Македонска.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom