Македонците купуваат станови,а албанците локали во Албанија

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Македонците купуваат станови во Саранда

Маја МИХАЈЛОВСКА

Македонци од Скопје, Велес и од Прилеп, во последниве месеци, откако Албанија влезе во НАТО, масовно купуваат апартмани во познатите албански туристички центри Саранда и Валона, привлечени од ниските цени и од перспективите на албанскиот туризам. Ова го тврдат агенции за недвижности од западниот дел на Македонија и од Албанија и посочуваат дека кај Албанците во Македонија е помал интересот да инвестираат во албанските летувалишта.
- Во последниве месеци Македонците ги зафати еуфорија да купуваат недвижнини на албанското крајбрежје. И мене ме чуди, но сепак станува збор за море, прекрасни плажи, а да се купи стан во Охрид, на езеро, е двапати поскапо, да не зборуваме за Црна Гора или за апартман во Хрватска, тоа може да си го дозволат само руските богаташи. Албанија како земја станува сигурна, луѓето се охрабрени и масовно купуваат - вели Баки Сулејмани од агенцијата „Бала Б компани“ од Гостивар.
Тој истакнува дека цената на квадратен метар стан во Саранда и во Валона е околу 550 евра, а на апартманите во хотели лоцирани долж плажите е од 650 до 700 евра. Тој вели дека за разлика од Македонците, кои главно купуваат во овие два града, Албанците од Македонија најмногу купуваат во Драч, каде што цените за еден квадратен метар се пониски од 100 до 200 евра.
- Ги земаат за одмор, а кога не се таму ги изнајмуваат за 20 евра од ноќ. Албанците помалку купуваат станови и апартмани од Македонците, тие повеќе се заинтересирани за бизнис и купуваат локали во Драч, кој излегува на Јадранско Море - нагласува Сулејмани.
Од албанската агенција „Хоумс ин Албанија“ потврдуваат дека Македонците инвестираат во купување недвижнини на албанското крајбрежје.
- Албанија не само што се пробива како една од главните туристички дестинации за Македонците, туку од оваа година тие особено покажуваат интерес за купување недвижнини - велат од „Хоумс ин Албанија“.
Агенциите предвидуваат дека во иднина допрва ќе растат цените на недвижностите, бидејќи албанското крајбрежје се уште е во градежен бум и таму интензивно се инвестира и се уредува.
- Допрва се очекува цените да пламнат нагоре. Од пред осум години, цените на апартманите се пораснати за 50 отсто - велат од гостиварската агенција.
Поволност за купувачите, посочуваат од агенцијата, е и тоа што албанските закони дозволуваат странски државјани да стекнат сопственост на недвижност и дека имотен лист се вади за два дена. (БРАВО _А СРАМ ЗА МАКЕДОНИЈА )Ова ни го потврдија и во албанската амбасада во Скопје.

извор
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Што е чудно незнам, ја туривне на Грција од пари сега малце и на Албанија.:smir:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.964
Што е чудно незнам, ја туривне на Грција од пари сега малце и на Албанија.:smir:

Да ама во Грција не можиш да си купиш стан и бизнис да си правиш, а во Албанија можиш.
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
Македонците домаќини, Албанците бизнисмени.
 
C

cige

Гостин
Што се случува со овој тренд? Дали тоа само тогаш било еуфорично?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom