Македонците и библијата

Дискусија во форумот 'Историја' започната од TpH_Bo_OkO, 7 март 2008.

  1. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.531
    Допаѓања:
    802
    Автор на текстот е постдипломец по античка археологија

    Кога пред многу години, како дете, чепкајќи по фиоките на мојот татко, пронајдов една мала Библија - македонски превод на Новиот Завет, детски заинтересирано ја отворив и меѓу првите текстови кои ги забележав беа зборовите на Македонецот упатени кон Aпостол Павле: „Премини во Македонија и помогни ни!”.

    Во тој миг, бидејки моето познавање за Библијата беше мало но, сепак доволно да сфатам дека ова е стара книга, се прашав: Кој е овој Македонец? Немајќи на ум ниту еден мој постар предок, си го замислив дедо ми. Подоцна, кога моите сознанија за Библијата пораснаа, открив дека сум имал многу „дедовци” во Библијата и како што неодамна некој ми рече - Македонците после Евреите се еден од најспомнуваните народи во Библијата! Затоа овој текст е посветен на тие храбри и одважни луѓе кои со својата чесност и верност не задолжиле многу, не само нас Македонците, туку и сиот свет, учејќи не како да го сочуваме и кај себе и кај другите моралот, карактерот, и пред се достоинството.

    Библијата како извор

    Најнапред, бидејки Библијата ќе ни биде основа за нашето истражување, мораме да одвоиме неколку реда за самата Библија. Библија или Свето Писмо е книга којашто е создавана 1600 години (од 1500 г.п.н.е. па сé до 100 г.н.е.). Таа претставува духовно-историско наследство на Евреите и Христијаните: “Цело Писмо е од Бога дадено” - вели Апостолот Павле.

    Светото Писмо (наречено уште и БИБЛИЈА) се состои од Стар Завет (кој кај Евреите е нарекуван Закон и Пророци) и Нов Завет (Евангелијата). Во Стариот Завет се содржани книги пишувани во Период од 1 500 г.п.н.е. до 400 г.п.н.е. Во него се содржат книги кои ја опишуваат историјата за постанокот на светот и Израелскиот народ, потоа свети химни (Псалми), мудри изреки, поезија, и пророштва запишани од пророците кои делувале во разни периоди од историјата на Израел. Некои делови на Библијата биле пишувани и на Арамејски јазик - кој бил мошне сроден на Еврејскиот.

    Идејата дека Библијата е од Бога дадена не значи дека Светот Писмо стигнало до човекот како готов производ. Теолозите се сложуваат дека таа има божествено-човечки карактер, односно дека “...светите Божји луѓе зборувале просветувани од Светиот Дух”.

    Кај нас, како граѓани на едно пост-комунистичко општество, сфаќањата за Библијата кај многумина се погрешни и искривени, сметајќи дека е книга полна со митови. Оваа појава влече корени уште од крајот на XVIII от и почетокот на XIXот век, кога во научниот свет во Европа се појавила таканаречената „висока критика”. Со појавата на новите научни достигнувања и сознанија се отвориле нови можности за истражување и испитување. Сите дотогашни класици (како Херодот, Јосиф Флавие, Ксенофон и други) биле ставени под лупа на новите научни методи. Секако, Библијата, како извор на поголемиот број сознанија за христијанска Европа, не била заобиколена. Библиската критика имала за цел да го истражува библискиот текст според рационални научни критериуми. Биле испитувани личностите, обичаите, народите и настаните кои се спомнуваат во неа, па така многу историчари ја оспориле историската веродостојност на Библијата, сметајќи дека нема доволно историско-археолошка потврда за нејзините тврдења. Тие сметале дека сето тоа што е содржано во неа е само мит и дека обичаите кои се спомнуваат во неа се надвор од рамките на времето во кое е опишан настанот.

    Така на пример, силно било оспорувано постоењето на Аврам, почитуван од повеќе од половина на човештвото односно повеќе од три милијарди луѓе (2 0000000 се Христијани, 1 200 0000 се Муслимани, а околу 15 000 000 се Евреи). Понатаму, биле оспорувани Хетитите како народ кои дотогаш биле спомнати само во Библијата и т.н. авторитетот на Библијата бил сериозно разнишан.

    Природно, Евреите и Христијаните ова го доживеале како директен напад на нивната вера. Но, какви и да биле побудите и целите на литерарните критичари, тие на почитувачите на Библијата им сториле услуга. По дефиниција: ...„книжевниот историчар мора да биде и критичар, токму за да биде историчар” зашто “критичарот кој би се помирил со потполно непознавање на историските односи постојано би застранувал во своите проценки” (Рене Велек и Остин Ворен). Со други зборови, вистината не се плаши од критика, а тоа набргу и се докажало.

    После прашината што ја подигнала високата критика, на сцена настапила археологијата, посебно Библиската археологија која со своите научни методи и откритија на научниците им дала одговор на нивните прашања и критики. За татко на Библиската археологија се смета William F. Albright, на почетокот без позитивни намери кон Библијата, за подоцна, одушевен од археолошките откритија да стане бранител на Библијата - како веродостојна книга. Откопувањата и пронајдоците во Библиските земји се ределе едни по други, а бројните експедиции се враќале со нови сознанија за древното минато. Вредно е, накратко, да споменеме некои од нив:

    Во 1799 година војниците на Наполеон во Египет сосема случајно го откриваат Каменот од Розета (наречен така по местото каде е пронајден). На овој камен кој датира од 196 г.п.н.е. бил испишан текст на три различни писма од страна на египетскиот фараон Птоломеј V од Македонската династија. Едно од писмата било напишано, односно издлабено, на египетското хиероглифско писмо, другото на египетско демотско, а третото на Александровото “коине” писмо - кое во подоцнежните векови неправедно е нерекувано „старогрчко”. Ова бил клучен пронајдок за археологијата затоа што сега лесно можело да се спореди веќе познатото “коине” писмо со дотогаш непознатите хиероглифи, и на тој начин после макотрпен и долг научен труд на генијалецот Шамполион, хиероглифите конечно биле дешифрирани.

    Исто така, друг клучен момент е откривањето на тројазичниот натпис на персискиот цар Дарие I, издлабен на една висока карпа во близина на денешен Багдад (Ирак). Од овој натпис, благодарение на другите две веќе познати писма, после 22 години е дешифрирано асирското клинесто писмо. Сега бројните записи кои до тогаш стоеле како неми сведоци пред научниот свет, одеднаш блеснале со полнина на своето сведоштво, откривајќи го древниот свет како никогаш порано. Бројните хиероглифски записи, а исто така и бројните плочки испишани со клинесто писмо меѓу другото ги откриле и бројните настани, личности па дури и самите обичаи кои биле спомнати дотогаш само во Библијата.
     
  2. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.531
    Допаѓања:
    802
    Понатаму, личноста на Аврам, за кого веќе споменавме погоре, била потполно расветлена од страна на археологот L. Woollеy. Тој во периодот од 1922 до 1932 година целосно го откопува градот Ур, кој Библијата го споменува како „градот на Аврам“ од каде Бог го повикал да излезе и да ја насели Хананската замја - подоцна наречена Израил. Овој град до тогаш не постоел во ниедна историографија или било кој археолошки пишан документ, па затоа и било пребрзо заклучено дека тој не ни постоел, а со тоа и дека Аврам бил измислен лик. Откритијата на Woollеy покажале дека уште во 2000 г.п.н.е., токму во времето на Аврам, градот бил напредна метропола. Тој имал правилно поставени булевари со луксузно изградени куќи, најчесто на два спрата, а во нивната внатрешност пронајдени се купатила со извонреден систем за канализација. Биле ископани и училници со сочувани лекции од аритметика и граматика; градот имал пишани закони и добро организиран судски систем, и бил богат со архитектура, уметност, и разновидни занаети. Интересен е и податокот дека е пронајдена табличка со испишано име Аврам. Со ова не се тврди дека оваа таблица му припаѓала на лично на библискиот Аврам, бидејќи потекнува од подоцна, но сепак, сведочат дека името било користено како вообичено во тоа време (инаку според библиската хронологија раѓањето на Аврам би било во 2170 г.п.н.е.).

    Исто така, спомнатите долгооспорувани Хетити, набргу биле посведочени во близината на Богазкој - денешна Турција, со откривањето на нивната цивилизација.

    И така се ределе бројните археолошки артефакти како глинените плочки во Нузи, Амарна и Хамурабиевиот законик каде се запишани обичаи кои се поистоветени со оние кои се запишани во Библијата; потоа споменикот на фараонот Мернаптах на кој се спомнува името „Израел”. Вредни се исто така и споменикот на Моавскиот крал Меша како и ваљакот на кралот Кир кои спомнуваат исти настани кои ги спомнува и Библијата.

    Тука е секако и епохалното откритие - Кумранските ракописи, кои на Библијата целосно и го вратиле авторитетот, давајќи и епитет на ...”книга со најстари преписи”, кои споредени со нашите преводи денес, немаат изгубено ништо од своето значење.

    Да не заборавиме дека до денес откритијата не престанале, како на пример посмртниот ковчег на Јаков - Христовиот брат, неодамна пронајден во градот Ерусалим; или пак за пронајдените остатоци од египетските кочии во длабочините на Црвеното Море кои се уште се предмет на испитување.

    Затоа, можеме слободно да заклучиме дека за нашето истражување користиме книга со потврдена историска вредност. Секој од нас има морална слобода ако сака да ги отфрли Библиските духовни вредности и поуки, но не може да ја оспорува историската веродостојност и вредност на Библијата. А згора не сето тоа, ако ја прифатиме и нејзината духовна вредност односно Божественото потекло, сметам дека сознанијата кои ќе ги исцрпиме на ова истражување ќе имаат полна и сериозна важност.

    Македонија и Библијата

    Историјата на Еврејскиот (Израелскиот) народ - запишанa во Библијата, не била изолирана од историјата на другите народи. Па така, неминовно било, бележејки ја еврејската историја да бидат спомнувани народи кои директно или индиректно биле поврзани со историските прилики на Евреите. Познато им е на познавачите на Библијата дека поради непослушност на Божјите уредби и закони, Евреите (во тој миг останати без Божја заштита) биле поразени во 606 г.п.н.е. од Вавилонската империја, а потоа одведени во ропство. Откако Вавилон бил покорен од Персијците, за еврејскиот народ дошле помили времиња. Имено, 457 година пред Христа, персискиот цар Кир дал заповед со која на сите претходно поробени народи им било дозволено да се вратат во своите матични земји (за ова дознаваме од Книгата на Ездра). Голем бил бројот на еврејските повратници кои го обновиле градот Ерусалим (за што дознаваме од Книгата на Неемија), храмот и богослужбата во него. Сепак, одреден број Евреи останале насекаде по Персиската империја.

    Во времето на владеењето на персискиот цар Артаксеркс (486-465 г.п.н.е.) настанала Книгата на Естира. Естира била млада Еврејка која според Божјото провидение и промисла, станала царица во Персија. Оваа Книга го опишува необичниот пресврт на настаните кога Евреите неправедно биле обвинети дека прават заговор против царот. Обвинението се претворило во царска уредба со која требало сите Евреи во Империјата да се погубат. Главната личност во книгата, Мардохеј - чичкото на Естира, успеал преку царицата да издејствува да се поништи указот и со тоа го спасил својот народ од неправедно погубување.

    Постојат, за нашето проучување, неколку интересни моменти од книгата на Естира. Имено Аман - човекот кој го иницирал обвинението против Евреите, во нашиот превод се нарекува Вугеецот Аман Амадатов. Но, тука станува збор за погрешена транскрипција на еврејскиот етноним W O O } (што значи Агаги). Овој израз, според познавачите на еврејскиот јазик би требало да значи жител на Еге, па оттаму поблиску до оргиналот би звучел преводот Егеецот Аман Амадатов. А, пак, за Еге знаеме дека бил град во Македонија основан околу 700 г.п.н.е. од македонскиот крал Пердика I-ви и тој долго време бил престолнина на Македонската царска династија. Дека Аман бил од градот Еге, не наведува и преводот во Септуагинтата, каде еврејскиот W O O } (Агаги) е преведен со Македон. Инаку Птоломеј II Филаделф го нарачува преводот на Библијата (Стариот Завет) од еврејски на „коине” (старомакедонски) јазик, наменет за потребите на Евреите во дијаспората кои не го знаеле еврејскиот мајчин јазик. Преводот бил направен од 70сет учени Евреи, и затоа бил наречен „Септуагинта”.

    Како и да е, постои една интересна индиректна поврзаност на Македонија со настаните во Книгата на Естира каде читаме дека царот Артаксеркс приредил раскошна гозба за сите кнезови, управители и војводи од неговата империја. Но, понатаму читаме дека: „...царицата Астин исто така приреди гозба за жените во царскиот дом на царот Артаксеркс.” После повеќедневно јадење и пиење царот побарал да ја доведат царицата Астин на неговата гозба: “...за да им ја покаже нејзината убавина на народите и на кнезовите, зошто таа беше многу убава.

    Но царицата не сакаше да дојде според царевата наредба...”. Сметам дека нема потреба да коментираме што би се случило со достоинството на царицата Астин доколку би се појавила пред оваа насобрана толпа на мажи, очигледно под влијание на алкохол. Ова предизвикало голем гнев кај царот и на совет на мудреците кои „...ги познаваа поранешните времиња...” одлучил да ја разреши Астин од нејзиното царско достоинство (и всушност на нејзиното место подоцна дошла Естира).

    Во контекст на погоре кажаното, постои еден интересен настан запишан од Херодот а, врзан за македонските кралеви Аминта I (495-452 г.п.н.е.) и неговиот син Александар I (495-452 г.п.н.е.). Во тоа време Персија се уште војувала со Атина, а македонската дипломатија одиграла многу важна улога за зачувување на македонските интереси, вешто балансирајќи помеѓу Персија и Атина. Во една прилика персискиот двор испратил седуммина свои најугледни великодостојници на македонскиот двор. Во тоа време со Македонија вледеел Аминта Iви. Тој им приредил гозба на Персијците, но откако се опиле тие му се обратиле на царот со следниве зборови: “Пријателу Македонче, ние Персијците имаме обичај на свечен ручек да ги донесеме со себе своите жени и љубовници да седат со нас”. Аминта одговорил: „Персијци, ние таков обичај немеме, кај нас се одвоени мажите од жените, а бидејќи Вие сте господари и ги барате, ќе ги добиете”. Набргу, персиските гости добиле женско друштво, кон кои, очекувано, почнале да се однесуваат непристојно. Со ова не се сложил синот на Аминта, Александар Iви, кој откако го убедил татка си да замине од гозбата, им се обратил на Персијците: „Почитувани гости, овие жени ви стојат на располагање...но пуштете ги да се измијат, па ќе ви се вратат по миењето”. Персијците се сложиле и Александар Iви ги испратил жените надвор, а во исто време облекол во женска облека ист број голобради момчиња, кои во своите пазуви сокриле по еден нож. Кога ги вовел внатре преправените момчиња, им се обратил на Персијците: „...мислам дека сте кралски угостени, па Ви ги нудиме уште и своите мајки и сестри, да се уверите дека Ви покажуваме онакво почитување какво што Ви прилега.” Кога Персијците почнале да ги милуваат преправените момчиња, тие од своите пазуви ги извадиле ножевите и ги убиле сите до еден...

    Ова убиство предизвикало истражна постапка од Персискиот двор, но Александар I-ви успеал да ја прикрие целата работа со тоа што на шефот на персиската истражна комисија Бубар му дал голема сума пари, но и неговата сестра Гигеја за жена. Интересен е фактот што овој настан временски се поклопува со настаните опишани во Книгата за Естира, па оттаму се наметнуваа следниве прашања:

    * ако Херодот - таткото на историјата, ни открива дека Персијците имале обичај на своите гозби да ги земаат со себе и своите жени и љубовници, додека пак кај Македонците да бидат одвоени мажите од жените, од каде тогаш идејата царицата Астина да прави посебно од царот гозба со останатите жени - кога тоа видовме дека не бил Персиски обичај!?

    * Од каде кај Астина желбата за противење на вулгарниот предлог да се покажува пред пијаните гости - кога тоа, видовме дека било вообичаено кај Перијците?

    * Зарем одговорот не се крие во младата Гигеја, сестрата на Александар I, која доаѓајќи на Персискиот двор како жена на Персиецот Бубар извршила влијание врз другите жени па и на самата царица, која, согледувајќи го понижувачкиот обичај за жените, одлучила да направи промени на тие обичаи. Можеби царот во почетокот не се противел на овие реформи, но со време новиот обичај се повеќе доаѓал во судир со стариот обичај, и како кулминација се настаните опишани во Книгата на Естира. Токму затоа биле повикани мудреците кои ги познавале поранешните времиња, да го расчистат настанатиот проблем, повикувајки се на персиските закони.

    Голема била храброста на оваа млада Македонка Гигеја, далеку од својот дом, да го подигне гласот против тој срамен и понижувачки обичај.
     
  3. FilipMacedon

    FilipMacedon Гостин

    Bravo za postot
     
  4. Macedonia2007

    Macedonia2007 RED DEVIL

    Член од:
    20 декември 2007
    Мислења:
    1.273
    Допаѓања:
    3
    Така е брат
     
  5. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.531
    Допаѓања:
    802
    Најпопуларната македонска личност за кого зборува Библијата е Александар III-ти Македонски (Велики) за кого е пишувано многу, како од антички, така и од современи автори. Околу него се испреплетени многу легенди, изнесувани се многу ставови по прашање на природата на неговите походи и како што вели У. Вилхем во своето дело „Александар Македонски“, неговата појава и име се уште побудуваат различни реакции. Како и да е, сите ќе се сложиме дека неговата маркантна личност го потресе светот, спојувајќи го Истокот и Западот, а неговиот сон од светот да создаде една држава со еден цар, се чини била идеолошка визија на еднаквост и рамноправност, со максимална толеранција на туѓата култура и религија.

    Александар, во Библијата е споменат во некои од пророштвата запишани во книгата на пророкот Даниил (или Данило). Тој бил Евреин, кој после разорувањето на Ерусалим во 538 г.п.н.е., бил однесен заедно со мнозина како роб во Вавилон. Набргу неговата духовна надареност била забележана од царот. Во една прилика, Данило бил повикан да протолкува еден сон, кој го сонил царот Навуходоносор. Имено, Царот во сонот видел еден голем лик, чија глава е од злато, рацете и градите од сребро, бедрата од бакар, нозете од железо, а стапалата биле помешани од глина и железо. Додека царот го гледал овој необичен лик, еден камен се откачил од планината и удрил во стапалата на ликот сосема распарчувајќи го, за истиот камен да прерасне во една голема планина. Царот Навуходоносор, видно возбуден, побарал да му биде протолкуван сонот. Даниил му одговорил дека Небесниот Бог преку овој сон сака да му ја открие на царот иднината на светот, а ликот кој го видел ги претставува царствата кои ќе владеат после него се до крајот на светот. Златната глава ја претставувала Вавилонската империја, рацете и градите од сребро - МедоПерсија, бедрата од бакар - Македонија, а нозете од железо - Римската империја! Интересно е дека токму во времето на стапалата се случил одронот на оној камен кој го срушил ликот. Теолозите се сложуваат дека овој камен го претставува Второто Пришествие, односно, второто Христово доаѓање, за што ќе зборуваме малку повеќе кога ќе дојдеме до Македонците во Новиот Завет.

    Во една друга прилика (Седма глава), пророкот Данило имал видение за четири необични ѕвера: „...и четири големи ѕвера излегоа од морето, секој поинаков од другиот...“. Првиот ѕвер кој го забележал бил како лав со орлови крилја, вториот како мечка, а третиот како леопард со четири крилја (во некои други преводи е претставен како рис). Потоа следувал еден страшен и необичен ѕвер со десет рогови. И после овие ѕверови следи визија за Христовото второ доаѓање.

    После ова видение Даниил добива од Бога толкување, и повторно се редат светските царства - идентично како кај сонот на Навуходоносор, само што во оваа прилика повеќе е ставен нагласок на последниот ѕвер (Римското царство) и настаните кои следат после него, сé до крајот на светот. Овде Македонското царство на Александар е претставено као леопард однодно рис со четири крилја.

    Да споменеме уште едно видение на пророкот Данило (8 глава). Данило повторно во видение гледа еден овен со два високи рога, кога од Запад ненадејно се појавува козел, „...кој ја изоди целата земја, не допирајќи се до неа; и тој козел имаше знаменит рог меѓу своите очи”. Овој козел, вели понатаму пророштвото, „...се впушти врз оној овен...со силна јарост“. Понатаму читаме дека ...на овенот не му стигаа силите да устои против него...“. Но, на крајот од пророштвото читаме: „Тогаш козелот многу се возгордеа; но кога се засили, големиот рог му се скрши и на тоа место му изникнаа четири, свртени спрема четирите ветра небесни“.

    Данило набргу добил и толкување на пророштвотокое исто така во продолжение го запишал: „Овенот со двата рога што ги виде е мидскиот цар и персискиот. А косестиот козел е царот на Грција, додека големиот рог што се наоѓа меѓу неговите очи, тој е нејзиниот прв цар: тој е здробен и место него излегоа други четири: тоа се четирите царства што ќе се издигнат од тој народ, но не со негова сила“.

    Горенаведените цитати се наведени онака као што е преведено во македонскиот превод на Библијата. Сигурно дека ваквиот текст мнозина ќе ги остави збунети, бидејќи читаат „царот на Грција“!? За да ја појасниме целата работа мораме да ги консултираме оние кои го познаваат еврејскиот јазик - на кој бил пишуван Стариот Завет. Имено, во оргиналот читаме: мелех Јаван - што значи царот Јаван.

    Познавачите на Библијата веднаш ќе се сетат за кого станува збор. Но, за да објасниме мора да се вратиме назад во Библиската историја сé до времето на потопот запишан во 1 Книга Мојсеева (од 6 до 9 глава). Тука се среќаваме со праведниот Ное кој добил повик и задача од Бога да создаде кораб, во кој ќе можат сите кои сакаат да се заштитат од престојниот потоп. За жал, на Божествената порака одговориле само Ное и неговото семејство, меѓу кои и неговите три сина - Сим, Хам и Јафет, секој со својата жена. Во Ноевиот кораб нашле место и животните (од секое животно по еден пар).

    После слегнувањето на водата, коработ застанал на планината Арарат. И сега читаме во десеттата глава: „А ова е родословот на синовите Ноеви: Сим, Хам и Јафет на кои по потопот им се изродија синови. Синовите на Јафета се: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Елиса, Тувал, Месех и Тирас“.

    Македонците и Елините...

    Оваа родословна таблица на народите ни открива кој бил фамозниот Јаван, споменат во Даниловото пророштво. Но, сега си го поставуваме прашањето: Зошто тогаш во нашиот превод а и во многу други преводи стои „царот на Грција“? Одговорот е многу едноставен, но сепак ќе мора работите да ги поставиме по ред заради постоечкиот антагонизам меѓу Македонија и Грција.

    Најнапред мора да се повикаме на сознанието дека поимот „Грци“ е релативно соврeмен и нов поим. Во Антиката тие се нарекувале Елини (Ахајци), и живееле на територијата наречена Ахаја - јужниот дел на денешна Република Грција.

    За тоа дека Македонците биле одделен народ од Елините не треба да се спори. Релевантни историчари ја елаборирале како потврда оваа мисла, но сепак заради континуитет на ова истражување би навеле неколку факти:

    1. Македонците почитувале поинаков пантеон на божества од Елините

    2. Македонија имала единствен, самостоен митолошки систем.

    3. Македонците имале поинаков јазик од Елините.


    Интересен е податокот на Квинт Курциј Руф кој во периодот на императорот Клаудиј го создал делото за Александар Македонски. Тој спомнува еден настан од животот на Александар, во кој се опишува судскиот процес против еден Македонец по име Филот, обвинет за заговор. Кога Александар го поканил да зборува на својот мајчин јазик, Филот одговорил дека подобро ќе биде ако зборува на елински за сите да го разберат, бидејќи меѓу присутните имало и Елини.

    Исто така Демостен, познатиот Атински говорник, во една од своите филипики (говори против Филип II) Македонците ги нарекува „варвари“ кои зборуваат јазик неразбирлив за Елините. Од ова се гледа дека античкиот македонски јазик Елините не го разбирале!

    4. Македонците биле територијално одвоени од Елините, и имале различно државно и политичко уредување.

    Елините имале градови-држави (полиси), додека Македонија, обединета од Филип II била унитарна држава на сродни племиња со свој монетарен систем. Елините, откако во VIII век п.н.е. го напуштиле кралското уредување, воспоставиле демократско или олигархиско уредување. За македонската држава и територија (освен делумно за крајбрежјето) Елините како колонизатори, не пројавувале особен интерес.

    После битката кај Херонеја (338 г.п.н.е.) Филип II ги покорил Елините, а како резултат на тоа во Атина се појавиле две странки, односно партии: анти македонска (чиј гласноговорник бил Демостен) и про-македонска. Демостен, Елините кои соработувале со Македонците ги нарекувал предавници!

    Сепак, треба да бидеме објективни и непристрасни. Имено:

    1. Елините кои биле промакедонски настроени, Филипа II го дожививувале и прифатиле исто така како свој владетел (хегемон), а исто и Александар III Македонски кој во своите походи повел и војска од редовите на Елините.

    2. Промакедонските Елини, откако биле покорени, веројатно Македонија ја доживувале како своја држава и притоа Елините и Македонците се среќавале во исти кругови, а походите на Александар како дел од една заедничка стратегија на Македонците и Елините. Можно е таквото мислење да преовладало и кај околните народи, особено кај Евреите, чии седумдесетмината преведувачи на Септуагинтата ја превеле именката Јаван со зборот Еленон. Тоа можеме да го разбереме ако го земеме во предвид фактот дека Евреите сите кои не биле од Еврејска националност и култура ги нарекувале Елини. Тоа отишло дотаму што дури и своите сонародници од дијаспората ги нарекувале Елини заради попримената елинска култура, што не е чудно бидејќи и самите Елини овој израз го користеле како предзнак на културолошка а, не на етничка припадност. Па затоа во умот на еврејските преведувачи на Септуагинтата преовладало мислењето и ставот на тогашната еврејска мисла.

    Во суштина и самиот превод бил наменет за Евреите во дијаспората кои не го разбирале мајчиниот еврејски јазик. Ако се земе предвид и сознанието за тогашниот отпор на ортодоксните Евреи (на пример Макабејците) кон сé што било со нееврејска култура, особено елинската, тогаш ќе ни биде сосема јасно зошто во преводот бил употребен зборот Еленон, наместо оргиналниот збор Јаван.

    Оттаму и во науката неоправдано се наметнала мислата дека Македонците се Елини, што нé доведува до нашиот македонски превод на Библијата кој по грешка (?) синтагмата „мелех Јаван“ ја превела со „царот Грчки“!



    Но, ќе си го поставиме и прашањето: Зошто Александар е поистоветен со Јаван? Сигурно не се мисли на самиот Јаван, потомокот на Јафет!? На Евреите од времето кога е пишувана Книгата на пророкот Данило (во VI век т.е. околу 540 г.п.н.е.) веројатно не им биле познати сите царства кои призлегле од Јаван (меѓу кои и Македонското царство), па затоа Данило ја воопштува работата сакајќи да ни каже дека тој Цар ќе биде од поколението на Јаван.
     
  6. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.531
    Допаѓања:
    802
    К и т и м - коренот на Македонците

    После сето ова што го предочивме, можеме да се вратиме на Книгата на пророкот Даниил и на родословната таблица од Прва Книга Мојсеева (Глава 10, 1-5 стих). Дека веќе цитираното пророштвото на Данило 8 глава се однесува на Александар Македонски, односно цар од династијата на Аргеадите ни сведочи и визијата за Козелот кој со огромна сила го соборува Овенот (кој во случајот го претставува Медо - Персиското царство). Познато ни е од историјата за битката кај Граник и големата победа на војската на Александар врз побројната Персиска војска, со што дословно се исполнило пророштвото. А, пак, за козелот (прч) исто така познато е дека белата коза била симбол на македонската Аргеадската династија од која потекнува и Александар!

    Интересен е податокот на хроничарот Јосиф Флавие кој ни открива дека еврејските свештеници, кога Александар во своите освојувања се приближил до Ерусалим, му излегле во пресрет со овие пророштва, поради што градот уживал посебен статус во Македонската империја.

    Освојувањата и територијалните достигнувања на Македонската војска на чело со Александар и неговите генерали, бил неповторлив настан кој историјата сериозно го забележала, потврдувајќи го пророштвото: „...ја изоде целата (до тогаш позната, з.а.) земја, не допирајќи се до неа...“, со што на симболичен начин е претставена брзината на далекусежните освојувања на Македонската војска!

    А што се однесува до родословната таблица, ние понатаму за името Јаван читаме: „Синовите, пак, Јаванови се: Елиса, Тарсис, Китим и Доданим“ а потоа продолжува „...од нив се разгранаа острови на народи во земјите нивни, секој според јазикот свој, според родот свој и народот свој“.

    Во една од апокрифните книги, 1 Макабејска (Глава 1, стих 1) читаме: „Александар Македонски, синот на Филипа, излезе од земјата Хетејска и го победи Дарија...“. Повторно се соочуваме со погрешен превод на зборот Хетејска, каде според познавачите на еврејскиот јазик треба да стои Китимска! Иако непознат, авторот на 1 Макабејска ни открива дека Александар треба да го поистоветиме со Китим, еден од синовите на Јаван. Тука е вредно да се напомене дека името Китим некои погрешно го поистоветуваат со Крит, заради сличното име на градот Килтион кој се наоѓал на Крит. Град со име Китион (Китим) се наоѓал во Македонија во близина на градот Еге, што не ја отфрла можноста некои доселеници од Македонија да го основале градот Килтион на Крит!

    Според ова, Македонија е земјата на предокот Китим кој се населил на тие простори, од кого подоцна се разграниле сродните Македонски племиња, меѓу кои и Аргеадите и нивната царска династија.



    Интересни се сугестиите на Поп-Атанасов дека Китим би требало да се чита Скитим, и со тоа името да се доведе во однос со Скитите, кои пак подоцна, според некои автори, се поистоветуваат со Словените!

    Пророштва за победата на градот Тир



    Интересно е да забележиме уште некои пророштва во Библијата, индиректно поврзани со Александар Македонски.

    Во Книгата на пророкот Језекиил или Езекил (Глава26, од 12 до 14 стих) се наоѓа еден текст кој го прорекува разорувањето на Феникискиот град Тир. Меѓу другото се вели: „...ќе го разграбаат твоето богатство... ќе ги разрушат твоите yидови, ќе ги урнат твоите убави домови, твоите камења и твоите дрвја и земјата твоја ќе ја фрлат во вода“. Иако на почетокот ова пророштво требало да го исполни Вавилонскиот цар Навуходоносор (Езекил 26, 7), свое конечно исполнување нашло во опсадата и освојувањето на Македонската војска т.е. фаланга !

    Се чинело дека Тир е неосвоив град. Имено, еден дел од градот бил поставен на Фениќиското крајбрежје, а другиот дел на многу блискиот остров. Кога доаѓале освојувачки војски, граѓаните на Тир се повлекувале на островот, оставајки ги освојувачите беспомошно да стојат околу неосвоивите тврдини на островот. А тоа било така затоа што, војниците за да дојдат до островот морале да користат бродови кои, или ги немале, или биле лесна мета на Тирската одбрана. Со истата ситуација се соочила и Македонската војска. Но, Александар со своите генерали дошол до генијална идеја: камените остатоци од приобалниот дел на градот ги фрлал во водата со цел да создаде природен земјен премин до островот. Во еден момент тој им наредил на своите војници да ја земаат земјата и правот од градот и да ја фрлаат во морето. На тој начин, островот бил споен со обалата, по што војската на Александар за кратко време го освоила градот.

    Во истата глава од Книгата на пророкот Језекиил, во четвртиот и петтиот стих читаме: „...ќе ги разбијат ѕидовите на Тир...и ќе го изметам правот негов и ќе го направам гол камен. Ќе биде место за простирање мрежи во морето; зашто Јас го реков тоа, вели Господ Бог...“.



    Ако денеска појдете до местото каде се наоѓал некогаш градот Тир, ќе сретнете мала рибарска населба на чии обали се простираат мрежи, иако постојат идеални услови за голем град. А, ако се загледате во морето, јасно ќе ги забележите камените остатоци од стариот град Тир кои Македонската војска ги фрлила во морето за да создаде премин до островскиот дел на градот.

    А во близината неизбежно ќе го забележите некогашниот остров, а сега полуостров, кој бил освоен од великиот Александар III Македонски.
     
  7. Miroslav

    Miroslav

    Член од:
    22 мај 2007
    Мислења:
    558
    Допаѓања:
    4
    Daj uste nesto, tekstov e mnogu dobar
     
  8. Picasso`

    Picasso` Schizophrenic!

    Член од:
    26 јануари 2007
    Мислења:
    4.149
    Допаѓања:
    195
    "Apostolot" Pavle.
    Ehhh, kolku samo ne bil apostol:)

    Inaku da, se spomenuva Makedonija, se spomuva Grcija... Mi se cini deka i Ilirija se spomeva ili termot Ilir, bilo da oznacuva osoba, bilo da oznacuva teritorija.
     
  9. CELTIK

    CELTIK magionicar

    Член од:
    23 декември 2007
    Мислења:
    2.678
    Допаѓања:
    515
    ti da ne bese na tajnata vecera da sirkas pa da znaes koj e akoj ne apostol
     
  10. Picasso`

    Picasso` Schizophrenic!

    Член од:
    26 јануари 2007
    Мислења:
    4.149
    Допаѓања:
    195
    Jas ne bev, ali sigurno ne beshe ni Pavle:)
     
  11. fanatic

    fanatic

    Член од:
    17 јули 2006
    Мислења:
    3.101
    Допаѓања:
    17
    :pos2: :pos2: dokazi .fakti na masa .:tapp:
     
  12. CELTIK

    CELTIK magionicar

    Член од:
    23 декември 2007
    Мислења:
    2.678
    Допаѓања:
    515
    a koj bil pere od javor ili jonce od bucim
     
  13. Picasso`

    Picasso` Schizophrenic!

    Член од:
    26 јануари 2007
    Мислења:
    4.149
    Допаѓања:
    195
    Otvori tema na religija i mitologija.
    Jas ke dadam fakti, deka toj ne bil apostol.
    Ne deka ke sfati tvoeto mozoce, ali ke sfatat drugi.

    Ne znaesh?
    Ne znaete deka "apostolot" Pavle ne beshe eden od apostolite na tajnata vecera?
    Hahahaha, posle hristijani ste a?
     
  14. CELTIK

    CELTIK magionicar

    Член од:
    23 декември 2007
    Мислења:
    2.678
    Допаѓања:
    515
    a be ti od koga teolog stana aj st tamu ne jadi burek cel svet apostol pavle go priznava kako svetec sega ti srucnjak ke si aj sikter
     
  15. Miroslav

    Miroslav

    Член од:
    22 мај 2007
    Мислења:
    558
    Допаѓања:
    4
    Pikaso e vo pravo Pavle ne e eden od ucenicite na Isus, toj voopsto i ne go poznaval, Pavle bil Evrein, no bili i rimski graganin i negovoto ime bilo Savle i bil protiv hristijanite, no so nekoja cudesna, bozja mok, covekot oslepuva i povtorno progleduva i od toj moment stanuva hristijanin i go siri slovoto gospodovo.
    Toj e znacaen za nas zatoa sto bil prviot koj pocnal hristijanstvoto da go siri nadvor kaj neevreite, i imal mnogu sukobi so ostanatite Apostoli kako Petar i Jovan, za negovata misija, podocna negovata vizija se prifaka od izraelskata crkva koja ja vodel Jovan, za Petar zaminuva za Rim kade Pavle se naogal i go sirel hristijanstvoto po uspesno zavrsenata misija vo Makedonija.
     

Сподели преку: