Стрелец
El Mariachi
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 910
- Поени од реакции
- 10
Македонците во Хрватска се задоволни од правата што ги уживаат, од паричната поддршка што ја добиваат и воопшто од односот на државата кон нив.
Тврдат дека немаат никакви проблеми на етничка основа, дека се вклучени во политичкиот и во културниот живот и дека се дружат и си помагаат, членувајќи во културно-уметнички друштва и слични граѓански асоцијации.
Со уставен закон, првпат во оваа држава, на националните малцинства, меѓу кои е и македонското, им е овозможено да формираат совети на ниво на градовите и жупаниите каде што преку свои претставници учествуваат во третманот на малцинските прашања. Хрватската влада и локалните самоуправи го финансираат нивното функционирање, а парична поддршка редовно добиваат и Заедницата на Македонците и нивните друштва.
Левко Цветковски е потпретседател на Советот на Македонците во Риека и претставник на македонското малцинство во Собранието на Приморско-горанската жупанија. Тој е и еден од основачите и до неодамна два мандата секретар на "Илинден", кое е најстаро македонско друштво, формирано во 1991 година.
- Македонците имаат свој Совет во Риека, а јас на минатогодишните локални избори бев избран за нивен претставник во Приморско-горанската жупанија. За малку не успеавме да добиеме совет и на ниво на оваа жупанија зашто не го исполнивме минимумот од 500 лица. Имено, на пописот 492 лица се изјасниле како Македонци. Не има повеќе, но некои од разни причини не се изјаснуваат така - вели Цветковски.
Постои Семакедонска координација на советите и претставниците во жупаниите, а "малцинските проблеми" ги решаваат преку Советот на националните малцинства. На парламентарните избори Македонците, кои се помалку од 2 отсто, се здружија со други малцинства и истакнаа заеднички кандидат, кој ги застапува нивните права.
Овие организации се занимаваат со заштитата на правата за работа, со станбени и социјални прашања, со добивање државјанство и слично, за што Македонците имаат и бесплатна правна помош. Моментно се ангажирани за отворање лекторат на риечкиот универзитет, на кој има само факултативна настава по македонски јазик, како и за отворање училишта за најмладите.
Првпат во Хрватска, во друштвото "Илинден" е извршена и крштевка според македонските православни обичаи од страна на европскиот епископ Горазд.
- Хрватска службено ја призна МПЦ. Имаме свој свештеник во Загреб, како и црковни општини во Осиек, Загреб, Пула и во Сплит, а наскоро ќе формираме и во Риека. Риечката надбискупија ни овозможи во една од нивните цркви да ги извршуваме нашите православни богослужби - тврди Цветковски.
Во Хрватска има македонски друштва во Риека, Загреб, Осиек, Задар, Пула и во Сплит, кои се обединети во Заедницата на Македонците, во која членуваат околу 5.000 Македонци.
Друштвото во Риека било формирано откако се собрале за да организираат погреб на еден Македонец, кој немал никој свој во Хрватска. Друштвото сега организира настапи на македонски истакнати личности, денови на македонската култура, како и настапи на Хрвати-македонисти, меѓу кои особено се истакнува соработката со д-р Горан Калоѓера, проректор на риечкиот универзитет. Градските власти бесплатно им отстапуваат простор и за организирање изложби, концерти и трибини, а беа одржани и промоции на книгите "Македонија е се што имаме" и "Виорни времиња" од првиот македонски претседател Киро Глигоров, кој учествуваше и на трибината за националните односи на Балканот во рамките на евроинтеграциите. При МКД "Илинден" од Риека постои и женска фолклорна група "Илинденки", која ја негува македонската изворна песна и игра. Секоја година Македонците во Хрватска заеднички го прославуваат Илинден. Годинава прославата беше во Самобор, а овие друштва имаат одлична соработка и со македонските друштва од Словенија, особено со оние од Љубљана и од Крањ.