Македонско фудбалско првенство

Кој ќе биде шампион на Македонија во сезоната 2023/24?

  • Вкупно гласачи
    80
  • Гласањето е завршено на .

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.010
Поени од реакции
7.721
Има некоја фора, на македонската арена тееба да гледаш во програмата. Денес е најавено дека ќе даваат Работнички-Слога, а утре има најава за Борец-Вардар.
Значи ништо од то милионско претставување во соседството како што најавуваа, пак само ние на мрт шо глеаме и макс тв претплатници во мкд. Не комплетна лага, туку пола лага :D
 
Член од
7 октомври 2018
Мислења
196
Поени од реакции
364
Ама веројатно имале подобри трибини, обезбедено место за камермани и пред се добри санитарни услови.
Во Струмица ако те стегне за вц, треба во паркот позади стадионот да одиш :D
Не е само до теренот работата...

Плус, ние овде не зборуваме за европски натпревари, туку за натпревари на репрезентацијата.
Мислам дека го реновираа и подтрибинскиот простор пред некоја година, ама не сум сигурен. Како што можам да видам спаѓа во некоја трета категорија според стандардите на УЕФА, што и да значи тоа и како и да иде тоа рангирање :)

Инаку не ми е јасно тоа што Арена ги купија правата за пренос на наша лига, а ги пренесуваат утакмиците само за МК гледачи, па после даваат реприза за сите од регионот. Испаѓа како да платиле за на МТВ да и овозможат да пренесуваат :)
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129

Мутат со тв правата, од тоа дека на пазарот на бивша СФРЈ ќе се гледа нашево првенство, испадна МРТ ќе ги пренесува.
Перење пари е со тв правата.
 
Член од
14 октомври 2011
Мислења
108
Поени од реакции
42
Има некоја фора, на македонската арена тееба да гледаш во програмата. Денес е најавено дека ќе даваат Работнички-Слога, а утре има најава за Борец-Вардар.
Автоматски споено мислење:

Можеби трескам глупости, ама се ми се врти во глава дека за почетните квалификациски кола не се толку ригорозни условите, затоа едно време кога се реновираше Градски, дел од екипите можеа да ги играат почетните кола во Струмица, а потоа настануваше проблем, па се зборуваше дека треба Вардар да игра во соседтството.
Целата финта беше заради натпреварот со Албанија и супер купот во СК, па направија да се игра во Струмица, оваа година ниту на Академија Пандев не му дозволија во претколата да игра во Струмица.

Sent from my SM-G928F using Tapatalk
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Работнички склопи добра екипа со тек на време ќе станат и подобри.Иако гледав ссмо прво пол. нешто Сержињо не е тој што беше лани пружаше добри партии..

Sent from my SLA-L22 using Tapatalk
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.742
Поени од реакции
12.726
Преполн стадионот во Велес (ок знам дека не е многу ама сепак) и две навивачки групи. Се надевам дека ќе опстанат велешани годинава. Со каков буџет располагаат? Гледам господинот се рекламира, ваљда и општина фрла некој денар.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
Одличен потег е ова со ТВ преносов, тотално повеќе ме интересира лигава ради преносиве годинава, се надевам има уште стотици (да бидеме реални, ваљда не се илјадници :D ) како мене.

Чекор напред за лигава без разлика што квалитетот не е огромен
 
Ф

Флеш

Гостин
Вардар стерилен мајко мила ..... Васовски колку го поштуем,зш сме далечна фамилија,нема игра ....Нема акции ...Еве сеа дури Колевски шут у 40 минута
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.862
Поени од реакции
7.243
Одличен потег е ова со ТВ преносов, тотално повеќе ме интересира лигава ради преносиве годинава, се надевам има уште стотици (да бидеме реални, ваљда не се илјадници :D ) како мене.

Чекор напред за лигава без разлика што квалитетот не е огромен
Уште главната камера да беше на другата трибина вака поради сонцето ништо не се гледа посебно во второто полувреме а фудбалот под нула единствено добро е што има одличен број на гледачи

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
Шкендија последно место после двe кола..кој би рекол..
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.901
Поени од реакции
17.546
Преполн стадионот во Велес (ок знам дека не е многу ама сепак) и две навивачки групи. Се надевам дека ќе опстанат велешани годинава. Со каков буџет располагаат? Гледам господинот се рекламира, ваљда и општина фрла некој денар.
Нема шанси да опстанат.Инаку предобра атмосфера и одлично навивање на двете страни.Само штета што немаше голови.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.901
Поени од реакции
17.546
Вчера за прв пат еден другар дојде да гледа македонски фудбал.Детево е типичен фудбалски навивач од оние кои следат само големи европски клубови и викаат дека македонскиот фудбал е срање,требало да го забранат,се играло во кал,стадионите биле како џунгли и такви педерски муабети.Тотално нема никаква врска со нашиот фудбал и не е свесен дека има народ кој живее за македонски фудбал.Му беше чудно зошто двете навивачки групи навивале вака страсно кога е лош фудбалот,зошто народот ја следи играта како да е Ел класико и не му беше ништо јасно ама сепак вели дека си поминал интересно и призна на крајот дека е многу поинтересно да гледаш фудбал во живо па и тоа да е многу послаб за разлика од тој што ќе го гледаш на ТВ.
Не осетил фудбалска атмосфера па му беше интересно да слуша пцовки упатени кон судијата,свирења и скандирања.

Друга интересна анегдота од вчера која сигурно ќе ја памтам како дел од од големата ризница кои сум ги слушнал досега :icon_mrgr:.Кога тргнаа двете навивачки групи да скандираат станете Македонци овие семкари ги мрзи да стануваат и само чукаат раце се избацува еден лик од првиот ред(едно јако и нервозно бате цела утакмица не го остави линискиот судија на раат :D
-Станете бе мрзи комуњарски да не ве станувам јас еден по еден :pos:

Најмногу би ми недостасувал и ќе ми биде жал за македонсиот фудбал и се околу него ако трајно се иселам од државата и си идам само летно време на 20 дена кога и онака не е почната сезоната.

Одете на утакмици луѓе,посетувајте ги вашите градски стадиони а не да живеете за странски клубови и да бидете дел од нешто вештачко.Не велам да не си навивате за странски екипи ама не е тоа вистинското.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom