Беласица и официјално отпадна од лига.
Денес Работнички тепаше во Струмица и дури се докопа до 4то место кое евентуално би носело во Европа. Во последно коло има директен дуел со Слога на Градски.
Ѓорчевци и официјално опстанаа (имаат подобар меѓусебен со Силекс), а и они може да се надеваат на повисоко место (максимум петто).
4.Работнички 46
5.Слога 45
6.Ѓорче 44
7.Ренова 44
8.Силекс 41
Последно коло:
Силекс-Беласица
Ренова-Шкендија
Работнички-Слога
Победа-Ѓорче
Ѓорче има најлесен дуел и би требало да освојат бодови.
Во таква ситуација, ако Силекс ја победи Беласица и Ренова изгуби од Шкендија, тогаш Силекс ќе опстане и без бараж, а Ренова би играла бараж.
Ќе видиме дали тетовските екипи ќе си помогнат. Стојановски доби црвен, така што Ренова ќе биде ослабена.
Во борбата за четврто место, тоа би бил победникот од Работнички и Слога. Ако овој дуел заврши нерешено, тогаш Работнички е четврт, без разлика што ќе направат Ѓорче и Ренова, бидејќи има подобар меѓусебен во секаков круг од две или три екипи.
Моја прогноза е дека Работнички ќе заврши четврт, а Силекс оди во бараж, бидејќи Шкендија ќе им даде еден бод на Ренова.