Според мене нема теоретска шанса да некој го убеди Пандев да се спојат со Беласица.
Беласица е општински клуб, плус во него се мотаат матни фаци.
Ако се спојат двата клуба, тогаш ќе мора да се викаат Беласица, затоа што тоа е традиционалниот клуб од Струмица. Ако се спојат двата клуба, Пандев ќе мора да постави некои од матниве ликови во управата на клубот. Сигурно во даден момент некој од нив ќе сака да си пикне „свои“ играчи во клубот.
Едноставно работата на двата клуба е целосно спротивна, така што не верувам дека Пандев би бил ГЛУПАВ да се реши на таков потег. Можеби тоа беше правилен потег во минатото, но во моментов не.
Пандев си разви младинска школа низ цела Македонија. Замисли клуб од Струмица има младински академии во Скопје. Кај мене во населба тренираат, а што се вика ни на мапа не знаат да ја најдат населбата. Клубот котира високо и веројатно уште сезонава ќе играат во Европа, со голема можност да дојдат до првиот трофеј во сениорска конкуренција. Пандев си изгради стадион, на кој во иднина можеби би можеле да играат прволигашки фудбал, а не да бидат кираџии во Турново или да плаќаат огромни пари за да играат на Младост. Управите на двата клуба не се во добри односи, така што иако политичкиот притисок може да придонесе да се случат невозможни работи, сепак мислам дека во случајов такво нешто нема да се случи.
Единствено што го нема Академија Пандев, а го има Беласица се традицијата и навивачите. Но, Пандев реално и не го интересираат тие работи во моментов. Клубот е само како база за давање минутажа на млади играчи, на кои потоа он им е менаџер и им средува трансфери во странство.