Мислам дека неоснован е стравот дека ако ги дадат правата на МТВ да пренесува во живо, ФФМ ќе нема право да ги стрима другите утакмици на интернет. Па ваљда не се толку коњи да си пукаат у нога со таков договор.
Не се слагам дека нема квалитет во прва лига. Фановите на Фенербахче ќе се сложат со мене
И сите клубови се надеваат на излез во Европа и пролетниот дел ќе биде покољ.
А за стадионите, освен проблемот со стадионот на Победа, и подлогата на теренот во Чаир на Шкупи, другите терени се во одлична состојба, дури и оној во Турново кај шо се игра привремено. ТВ промоција може ќе ги натера тоа управите да ги нашминкаат малце повеќе во иднина.
Мислам дека во лошо време излезе иницијативава поради кризата во Вардар, па многу од фановите се издишани без ентузијазам и чекаат клубот да иде у стечај и све упм. Инаку не ми се верува колкав скептицизам има и на овој форум за #ФудбалНаПрва, а не па на друго место кај шо не ни гледаат Мак фудбал