Македонско фудбалско првенство 2018/2019

Дискусија во форумот 'Македонски фудбал' започната од Prime, 4 август 2016.

?

Македонско фудбалско првенство 2016/2017 (анкета)

  1. ФК Вардар Скопје

  2. ФК Шкендија Тетово

  3. ФК Беласица

  4. ФК Победа Прилеп

  5. ФК Работнички Скопје

  6. ФК Академија Пандев

  7. ФК Македонија Ѓорче Петров

  8. ФК Шкупи Скопје

  9. ФК Силекс Кратово

  10. Фк Ренова Тетово

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
  1. Prime

    Prime Оптимус

    Член од:
    4 јули 2010
    Мислења:
    5.000
    Допаѓања:
    5.739
    [​IMG]
    Во сезоната 2016/2017 во Македонија ќе се игра јубилејно 25 фудбалско првенство. Првенството почнува на 7ми Август а се очекува да заврши во крајот на Мај следната година. Годинава за прв пат се воведува формат со 10 екипи кои меѓусебе ќе изиграат по 4 пати односно се на се 36 кола. Испаѓаат последните две а третиот од назад игра бараж(според мене пресурово и не добро смислено), шампионот оди во квалификации за лига на шампиони а второто, третото и четвртотот место во квалификации за лигата на европа. Зимската пауза е предвидена од Декември до втората половина на Февруари.
    Според мене не очекува вистина резултатски интересна сезона посебно за борбата за титула каде нормално според сите фактори ќе се борат Вардар и Шкендија. Сите останати можат и да играат европа а и да испаднат.
    Да ги претставиме екипите:
    ФК Вардар Скопје, бранител на титулата од минатата сезона, најтрофеен клуб кај нас, претставник во лигата на шампионите оваа сезона каде во добра борба испадна од Динамо Загреб, секакви муабети се слушнаа меѓутоа јас искрено мислам дека стварно Вардар покажа нешто. Првите две утакмици ќе ги играат во Струмица заради казна. Од засилувања оваа сезона дојдоа: Балотели, Обрегон, Алексовски а клубот го напуштија Церан, Кобетиќ, Дашјан, Таневски, Ивановски. Навивачите се доста критички настроени кон управата и работата со засилувањата меѓутоа оние најверни повторно ветуваат титула и планираат да го гледаат клубот на сите гостувања.
    ФК Шкендија Тетово, освојувач на купот од минатата сезона, најверојатно и клуб со најголем буџет, единствен наш претставник останат во европа, одлично се покажаа на пат се да го минат и третото коло со надеж за подобра ждрепка во плејофот и подобро претставување. Ќе се вложува веројатно и во стадионот, се поставуваат и рефлектори очекувам добри посети и се надевам на фер и коректно навивање. Од засилувањата за оваа сезона дојдоа: Бојку, Имери, Нухи, Таипи, а клубот го напуштија Јусуфовиќ, Усеини, Бериша. Предвидувањето и амбициите на навивачите се само титула и титула.
    ФК Пелистер Битола, се случија големи промени во клубот, уште не се знае дали може да се верува на управата и колку долгорочно и домаќински ќе работи. Во секој случај од претходно според мене е подобро оти клубот се засили со повеќе имиња и има простор за напредок. Дојдоа: Ковачев, Петров, Бојовиќ, Бујчевски, Петровски, Тошевски, Попзлатанов, Илиев, двајца Бразилци а клубот засега го напушти само Цветановски кој отиде во Победа. Останува да видиме како ќе испадни како што напишав се може да се случи со клубот а ние Битолчани активно се спремаме да го подржиме за да резултатите бидат што подобри.
    ФК Победа Прилеп, клубот од најфудбалскиот град на големо мое радување се враќа во првата лига меѓутоа цела лига е оштетена што банана општина и федерација токму пред почетокот на сезоната почнуваат да го преправаат теренот и клубот домашните утакмици ќе ги игра во Битола. Некако тивко поминаа на пазарот, се засилија со млади играчи претежно: Илијобвски, Талески, Ристевски, Иванов. искусниот Аломеровиќ а клубот го напушти Данески. Имаше муабети дека ова не е правата Победа дека од следната сезона требала да се врати во прва лига вистинската екипа Победа па оваа сезона да ја баталеле и да испаднеле. Не знам што може да испадне и од ова па останува времето да покажи. Навивачите секогаш се желни за утакмици и се амбициозни, ги чекаме во Битола во што поголем број.
    ФК Работнички Скопје, финалист од купот, втор наш претставник во лига европа каде експресно беше исфрлен од Подгорички Будучност. Некако бледо издание и од нив, слабо доста се споменуваа, секогаш беа поактивни на пазарот. Дојдоа Нумчевски, Дурански, Митрев, Томас, Ивановски а си отидоа Маневски, Алтипармаковски, Илиевски, Петровиќ. Апсолутно непознаница ми се и не знам што да очекувам, стабилна екипа се очекувам на средина на табелата со аспирации за погоре и излез во Европа.
    ФК Македонија Ѓорче Петров Скопје, нов прволигаш, први беа во втора лига, клуб секогаш со традиција за добри млади играчи и солидна школа, многу тивко поминаа и тие, не слушнав за засилување најверојатно ќе се ослонат на млади сили и ќе пробат да обезбедат опстанок. Навивачи и подржувачи секогаш имаат и секако поздрав за алот од фиката :D
    ФК Брегалница Штип, уште еден осакатен тим со стадионот, немам поим каде ќе ги играат утакмиците, нејверојатно Кочани, Велес, Пробиштип. Клубот го засилија Далчески, Петров, Кобетиќ, Ристовски, Јованоски а го напуштија Митрев, Танушев, Наумов, Стојанов, Блажески. Очекувањата на Штипската публика не знам кои се бидејќи не се изјасниле, им посакувам среќа и опстанок за секогаш солидната подршка која му ја дваат на клубот.
    ФК Шкупи Скопје, лани беа доста солидни, чак беа и блиску до европа. Годинава точно амбициите на управата не знам кои се ама најверојатно во изедначена лига како нашата примарен е опстанокот се повеќе е плус. Не можев да најдам дека се засилиле со конкретно име а клубот го напуштил Бојку и Нухиу кој за завршил кариерата. Секогаш велам дека имат место во прва лига заради подршката од навивачите која се надевам колку толку ќе биди поспортска и нема да има глупости.
    ФК Силекс Кратово, ѕинго класика не испаѓа, си го држи клубот па чак излезе и во европа каде беше елиминиран од Вадуз со многу сомнежи дека си намести прелаз. Дојдоа Танушев, Вујанац, Стојчеввски, Каланоски а си отиода Дурански, Рудан, Ѓурчиновски, Тодоров. Она што очекувам е секако опстанок и стабилна игра со домашни бодови. Навивач или подржувач да се изјасни нема.
    Фк Ренова Тетово исто голема непознаница за амбициите на управата, најверојатно ќе си продолжат домаќински да работат, се слуша дека и стадион граделе, не сум запознат до каде и што е. Исто многу тивки на пазарот, дојдоа Зекири и Усеини а си отиде Сулејманов. Се вклопуваат во средината најверојатно борба за опстанок поради системот каде што три екипи се загрозени. Навивач за амбициите никогаш не се изјаснил.


    Секако и годинава продолжува медиумското мртвило за фудбалот кај нас, единствена лига во европа без директен пренос на телевизија. Тоа ќе се надокнадува со клубовите што сами ќе си прават стримови и ФФМ најверојатно со преноси од сите утакмици со по една камера.
    Како и да е тие што пратиме, ќе пратиме оти секогаш сме прателе :D се надевам на интересна сезона и нека победи пред фудбалот пред се, шо помалце судиски, федерациски, националистички испади, глупости и такви срања и онака сме на дното такви работи уште повеќе не закопуваат.
    Прво коло Недела 7ми Август:
    Победа-Пелистер
    Вардар-Шкупи
    Шкендија-Силекс
    Брегалница-Ренова
    Македонија ЃП-Работнички
     
    На Goran Bt, ob1, Scirea и уште 12 други им се допаѓа ова.
  2. Grmys

    Grmys

    Член од:
    11 март 2015
    Мислења:
    1.082
    Допаѓања:
    921
    1. Вардар
    2. Шкендија
    3. Работнички
    4. Шкупи
    5. Силекс
    6. Пелистер
    7. Победа
    8. Ренова
    9. Македонија Ѓ.П.
    10. Брегалница

    Моја прогноза!
     
    На Wazza му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Prime

    Prime Оптимус

    Член од:
    4 јули 2010
    Мислења:
    5.000
    Допаѓања:
    5.739
    Сум заборавил анкета и дај се други теми затворете само оваа да биде активна и најгоре во подфорумот. @Colt Willcox
     
  4. Beck's

    Beck's

    Член од:
    12 март 2009
    Мислења:
    11.426
    Допаѓања:
    9.091
    Имаш неколку грешки, како што е Вардар само 1 натпревар ќе игра надвор од Филип 2. Кај Шкендија нема официално дојдени, тие се сите што се вратиле од позајмица. Додека договорите не им се продолжени на Бериша и Неџипи
     
    На Prime му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Colt Willcox

    Colt Willcox Љамче-Бутин Фанс

    Член од:
    27 ноември 2007
    Мислења:
    25.946
    Допаѓања:
    42.076
    Мореее, не сум јас модератор научете се :D
    @Ilumious @Peja989
     
    На .Sky. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Harry Potter

    Harry Potter Imperius

    Член од:
    14 септември 2005
    Мислења:
    2.132
    Допаѓања:
    849
    Ренова не е од Тетово туку е од Џепчиште, село близу Тетово. игра во Тетово бидејќи домашниот стадион им е ливада, меѓутоа го прават и би требало од наредна сезона да си играат во Џепчиште.
     
    На kirejankovski1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. INFERNO`

    INFERNO`

    Член од:
    10 октомври 2009
    Мислења:
    2.839
    Допаѓања:
    1.010
    Победа беше прва бе тркало. :D
    Инау страшно глуп формат на одигрување, 3 од 10 екипи да испаднат ова само генијалците од ФФМ можат да го смислат.
    За Победа со сигурен опстанок би бил задоволен иако се надевам дека ќе фатат место за Европа. :D
    Втора желба за сезонава е да отпадни Ренова.
     
  8. Нuкола

    Нuкола 15 години стаж

    Член од:
    24 мај 2005
    Мислења:
    4.697
    Допаѓања:
    11.794
    привремено.
    --- Споено дупло мислење, 4 август 2016 ---
    its done. np
     
    Последно уредено: 4 август 2016
    На Prime му/ѝ се допаѓа ова.
  9. flIpps

    flIpps

    Член од:
    6 септември 2015
    Мислења:
    282
    Допаѓања:
    103
  10. Scirea

    Scirea Старата Дама

    Член од:
    4 август 2010
    Мислења:
    18.176
    Допаѓања:
    41.458
    Пелистер, Победа, Македонија Ѓ.П. (y), додај ги тука Вардар, Работнички, БрегалницаШкендија, Слога и Силекс на Ѕинго, значи одамна ПМФЛ немала толку квалитетни преставници кои имаат некаква историја во македонскиот фудбал. Само Ренова некако штрчи тука, никако да испаднат педерите :')


    Доста беа екипи од типот на Царев Двор, Влазрими, Турново , Еуромилк и штотијасзнам... Мислам дека уште Тетекс да беше тука во првава лига, па тоа ќе беше шлаг на тортата...

    Сеедно, идеме по нова титула, НАПРЕД ВАРДАР

    :oeoeoe:
     
    На Antigona, Curva_sud и DracevoTheCity им се допаѓа ова.
  11. DirectX

    DirectX

    Член од:
    20 мај 2008
    Мислења:
    1.055
    Допаѓања:
    1.061
    Море батли фудбал, туку кажете кога ќе бидат тепачките.
     
  12. Peja989

    Peja989 Супер модератор

    Член од:
    22 јули 2010
    Мислења:
    28.082
    Допаѓања:
    68.445
    Играј Џорче ти, за нас победи...
     
    На Џонтра Волта и ALoTt им се допаѓа ова.
  13. JimmyFloydBottleBank

    JimmyFloydBottleBank Rimtutituki

    Член од:
    29 ноември 2010
    Мислења:
    6.744
    Допаѓања:
    8.516
    So tebe se tvojte lafovi il iipak ne.:LOL::LOL::LOL:
     
    На Peja989 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Peja989

    Peja989 Супер модератор

    Член од:
    22 јули 2010
    Мислења:
    28.082
    Допаѓања:
    68.445
    Сега се Дивижн Ханриево :D
     

Сподели преку: