Македонско фудбалско првенство 2015/16

Кој ќе биде шампион во првата лига?


  • Вкупно гласачи
    165
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
Шта је бре мишеви? :D
Ако не ви отвори човек тема, на никој друг не му текнува. За втора лига има тема од пред месец дена, за првата лига ништо...

Утре започнува првата фудбалска лига, Вардар ќе ја брани титулата, Шкендија ќе му биде вистински конкурент, а и Работнички може да се вмеша во борбата за највисок пласман.
Слога се враќа во лигата после 6 сезони, Младост од Царев Двор за прв пат ќе почувствува како е да се игра во највисокиот ранг. Многу екипи без навивачи во првата лига, Вардар е единствена екипа од Македонските која има навивачка група зад себе, додека во Албанскиот блок имаме две такви екипи, Шкендија и Слога. Голем дел од екипите нема да играат на своите стадиони, што веројатно ќе придонесе за уште помала гледаност на Македонскиот фудбал.

Вардар како домаќин ќе игра на Градски, додека Работнички пренството ќе го почне во Ѓорче. Металург истотака нема да игра на својот матичен стадион во Железарница, туку го има пријавено Маџари како домашен терен. Брегалница ќе игра во Кочани или во Пробиштип, Шкендија и Ренова како опции ги имаат Кичево, Куманово и Боговиње, додека како што гледаме Шкендија првото коло ќе го игра на сосема друг стадион, во Чаир. Младост Царев Двор ќе игра во Прилеп, додека на своите матични стадиони во Чаир, Кратово и Турново ќе играат Слога, Силекс и Турново.

Според квалитетот се чини дека Вардар и Шкендија ќе ја водат главната битка за титула. Двата тима направија одлични состави со простор за дополнителни засилувања. Според мене Вардар ја има можеби најдобрата одбрана во последните десетици години, а истотака може да се каже дека ова е еден од нашите најквалитетни состави.

Тројца квалитетни голмани, одбрана составена од Хамбарџумијан/Брдаровски-Грне/Таневски/Мијушковиќ-Попов/Глишиќ, среден ред засилен со Фелипе кој во Европските дуели покажа дека ќе отскокнува во квалитетот, додека нападот го засиливме дури во последните денови, со носењето на Мексиканецот Ромеро од кого се очекува многу оваа сезона. Дојде до смена и на тренерската позиција, меѓутоа не сме воодушевени од новоназначениот тренер. Си замина Андреев, доаѓа Гоце Седлоски. Овој состав на Вардар заслужува многу подобар тренер од сегашниот. Донесени беа Мијушковиќ како најдобар дефанзивец од Црногорското првенство, Фелипе и Ромеро како засилувања во нападот, Брдаровски да покрива на десната бековска позиција, младиот Дарко Велковски како еден од најнадежните фудбалери во прва лига, Боби Николов и искусниот Ацо Стојков. Клубот не отпуши ниту еден поважен фудбалер од минатата сезона, единствено си замина Ибричиќ на кого му заврши позајмицата од Турција. Составот во моментов има неколку вишок играчи, меѓутоа се очекува финалното кратење во наредните денови. Дел од вишок играчите си заминаа, додека помладите беа позајмени во Љубанци. Во клубот немаше повеќе место за играчи кои долго време го носеа нашиот дрес, како Бојовиќ, Деспотовски и Петров.

Шкендија воопшто не заостанува во квалитетот. Можеби предноста на Вардар е во далеку подобрата одбрана, меѓутоа Шкендија тоа ќе се обиде да го надомести со силниот напад. Најголемо засилување беше повратникот Ферхан Хасани. Македонскиот репрезентативец по интернационалната одисеја и добрата сезона во Брондби на изненадување на сите реши да се врати во својот матичен клуб. Шкендија го одврза кесето и само неколку часа по нашето потпишување на Дарко Велковски, до потпиша вториот најголем талент од Македонската лига, екс фудбалерот на Металург, Маријан Радески, за кого платија рекордна сума за наши услови од 150.000 евра. На десната крилна позиција, Радески ќе го замени Штипјанецот Митров кој се пресели во Работнички. Покрај, Кировски, Вручина, и Жуниор, нападот доби уште едно ново име, човекот што и ја донесе единствената титула на Ренова и потоа направи сензационален трансфер во Шалке, Бесарт Ибраими. Во средината е и Алими кој беше предводник на екипата во минатата сезона. Средината и нападот на Шкендија се одлично пополнети, голманското место е резервирано за Марко Јовановски, а проблемот доаѓа во одбраната на екипата која и во минатата сезона беше најслаба алка. Со Абердин мораа да крпат со Положани како централен дефанзивец покрај Цуцули, меѓутоа потоа го донесоа Хрватот Јербиќ од Задар. Шкендија покрај Митров, остана и без Милиев, Вукчевиќ, Бериша, Ашковски, Селмани...
Предноста на Шкендија е што донесе добар тренер, Шпетим Дуро.

Многумина во изминативе денови зборуваат дека џабе им биле вложувањата на Шкендија и Вардар, кога Работнички одново стигнувал најдалеку во Европа. Воопшто не се сложувам со ова, затоа што и двата клуба имаа силни противници и се носеа доста добро, па малку фалеше да поминат во наредна рунда, особено Шкендија. Добро за двете екипи е што воведоа една новина во Мак фудбалот, а тоа е потпишување на подолгорочни договори со фудбалерите кои се носат, а се тоа ќе треба да даде резултати во иднина. Ако продолжат со ваква работа, не се сомневам дека една од овие две екипи ќе влезе во некоја групна фаза од Европско натпреварување. Очајни се коефициентите на Мак екипите, но со голем труд ќе се смени и тоа, пример може да биде Скендербег, но секако мора и малку среќа во ждребката.

Работнички е екипата за која се говори најмногу деновиве. Составот предводен од тренерот без лиценца, кој се покажа како доктор за сите тренери во нашава лига. Адвокатот по професија, Игор Ангеловски, самиот ја состави екипата и ја предводи во нови големи успеси на Европска сцена. После одличната минатогодишна сезона, Работнички играше топло-ладно против двата слаби противници во почетните две кола, за потоа да го елиминира еден Турски гигант како Трабзонспор, со неколку познати фудбалери во својот тим. Катастрофалната атмосфера која владееше во Трабзон можеби беше еден од факторите во елиминацијата, ама никој не може да оспори дека Работнички одиграа два одлични меча и се најдоа сосема заслужено во дуел со Рубин Казан за влез во групите од ЛЕ, успех што никогаш не го остварила Македонска екипа. Навидум екипата не е ништо посебно. Просечен голман поради кого можам да кажам дека ја загубија титулата во Македонската лига, одбрана која не е ништо посебно, но доста силен среден ред и искусен напаѓач како Баже Илијоски. Божиновски направи чудо во Турција, за мене тоа е најголемото изненадуање, меѓутоа ако не се лажам Шишковски ќе се врати во Работнички и одлично ќе ја пополнат голманската позиција. Одбраната составена од Силјановски и Цикарски на бековите, и Милан Илиевски со Кирче Ристевски како централни за мене не е ништо повеќе од чист просек и уште не можам да поверувам како ваков одбранбен ред ги запре нападите на Трабзонспор :D Илиевски е во години, принудно игра како централен бек. За Цикарски се знае мојот став на форумов, најсреќен бев кога го напушти Вардар :D Единствено Силјановски вреди, голем работник на теренот. Трајчевски прераснува во лидер на овој тим, а тука се и Петровиќ, Вујчиќ, Алтипармаковски и Илијоски. Чума Анене може многу повеќе, корпулентен е, брз, само реализацијата му е доста слаба. Младиот Сахити истотака ќе биде одличен играч во иднина, од каде го ископаа само не ми е јасно. Се засилија со просечни играчи како Мики Јовановски, Иван Митров, Кирче Ристовски, а донесоа и еден Колумбиец, Себастијан Кардона. Интересно ги продадоа двајцата играчи кои им беа наводно најдобри во младинците, браќата Фиданоско кои отидоа во Љубанци. Со мешавина од искусни и млади играчи под палката на Ангеловски, типувам дека Работнички може да ја повтори лнската сезона и да дојде барем до една титула.

Тука некаде се затвора кругот на фаворитите и за другите места буквално ништо не би можел да предвидам :D

Ренова го загуби Незири кои замина во Дачија, екипата која ги елиинираше Тетовци во ЛЕ, а продолжување на позајмицата од Сент Гален доби Муслиу, додека во клубот дојде и познатиот Буњамин Шабани :D Во глобала го задржаа составот и веројатно ќе котираат високо на табелата. Тука се Емини, Нухиу, Мециновиќ, Мемеди, Мојсов, Мишковски...

Поголеми промени не претрпи ниту Силекс, кој ги задржа главните фудбалери, а го доведе Клечкароски од Младост ЦД, како и некој играч од Бугарија, Немања Иванов. Би требало и Силекс да котира во горниот дел на табелата.

Тука е и Металург, кој остана без бисерот Радевски и напаѓачот Александар Стојановски. Се засилија со Рики Митревски кој се враќа по епизодата во Сараево, а на позајмица доаѓа и Зоран Даноски кој играше во Прибрам во Чешка.

Кругот на екипи за кои може да се очекува дека ќе завршат во плејоф фазата на крајот од шампионатот се затвора со Брегалница од Штип. Составот предводен од искусниот Влатко Костов кој имаше маестрални резултати по превземањето на Брегалница, остана без Гачевски кој премина во Вардар, меѓутоа го донесоа Захов како замена. Од поважните играчи си замина уште и Ступиќ, додеа Захов е единственото засилување.

Се чини дека Турново ќе биде голем кандидат за испаѓање, откако остана без Захов, предводникот Георгиев, како и младиот Кочовски кој имаше одлични натпревари во дресот на Турновци. Кочовски заминува во Академија Пандев, од каде што всушност беше позајмен на Турновци. Нов играч на клуб е Еквадорецот Давид Матуте, додека на позајмица од Шкендија доаѓаат младите Дамир Имери (претходно го носеше дресот на Работнички и имаше неколку добри мечеви), како и Шќиприм Таипи кој само што потпиша за Тетовци. Останува Сашко Пандев да го носи цел товар на свој грб :D

Младост ЦД со играчи кои секогаш се вртат во првата лига како Дејан Цветановски, Благојче Марковски и Ерсен Сали, донесоа двајца Срби од Слога Краљево, како и некој Турчин кој наводно играч за Коњаспор. Го потпишале и најдобриот младинец на Милано, Шерифи. Во составот ги имаат искусните Коруновски, Елмазовски, Тони Вељановски, Димче Ристевски... Избраниците на Стерјов се уште еден кандидат за испаѓање.

За Слога немам многу информации, ама очекувам на крајот на сезоната да опстанат, со оглед на тоа што ја имаат среќата да играат како домаќини на свој терен. Тимот со кој играа во втора лига не се засили којзнае колку, дојдоа Мевлан Мурати на позајмица од Шкендија, како и Мевлан Адили, додека се засилиле и со некој Кореец Бум Геун Бае, кој не верувам да игра некоја важна улога (а и уште не успеале да го регистрираат). На голманската позиција е искусниот Суад Зендели, а од искусните играчи во Слога ќе настапат и Ардијан Нухиу, Муарем Бајрами, како и дибекот Димитрија Лазаревски - Рибар :D
Имаат неколку помлади играчи кои ветуваат во иднина, останува да видиме како ќе се снајдат во прва лига, предводени од Зекирија Рамадани.


Првото коло се игра во недела (09.08):
17:30 Шкендија-Младост ЦД
17:30 Металург-Силекс
17:30 Турново-Ренова
20:00 Вардар-Слога

Понеделник:
17:30 Брегалница-Работнички


Како и секогаш ФФМ/МВР ги ставаат ризичните дуели во првите кола кога повеќето се по одмори, па така долгоочекуваното дерби Вардар-Слога се игра уште во првото коло, а Шкендија-Вардар веќе во второто коло. Нормално и на двата дуела забрането е присуство на гостинска публика.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
помен за прерано починатиот Александар Пандовски .... :(
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.113
Поени од реакции
20.956
Шо е работата со Слога/Шкупи? Глеам клубот сега се именува како Шкупи, ама Комити си го нарекуваат Слога
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
Шо е работата со Слога/Шкупи? Глеам клубот сега се именува како Шкупи, ама Комити си го нарекуваат Слога
KF Shkupi, пошто Македонскиот превод е ФК Скопје (име на веќе постоечки клуб), за нас вечно ќе си останат Слога Југомагнат :icon_mrgr:
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
" НАПРЕД ВАРДАР НАЈДОБАР СИ МУА :* "
:kuracc:
Според мене Царев Двор испаѓа, се надевам уште едно село ќе му се придружи.
За сезоната се молам за помалку неспортски потези на ФФМ/МВР, ама како почнаа маме ќе му ебат и годинава.
И баш да видиме колку од навивачите на Работнички ќе одат на утакмица со ренова и со турново.
Шампион не знам искрено, ми се чини треба да е тесно..за кој да гласам во анкетата бе да ве ебам? :D
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
@Colt Willcox Се опфати во првиот пост, нема што да се додаде. Вардар се надевам на крајот прв, Шкендија и Работнички единствени конкуренти, другото е све катастрофа. Иначе пак ги измеша, адвокат по професија е Поповски, газдата на Работнички, а Игор Ангеловски беше фудбалер, водеше младински категории во Работнички, едно време и своја школа имаше, па од помошник на Франц сега стана прв тренер :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
@Colt Willcox Се опфати во првиот пост, нема што да се додаде. Вардар се надевам на крајот прв, Шкендија и Работнички единствени конкуренти, другото е све катастрофа. Иначе пак ги измеша, адвокат по професија е Поповски, газдата на Работнички, а Игор Ангеловски беше фудбалер, водеше младински категории во Работнички, едно време и своја школа имаше, па од помошник на Франц сега стана прв тренер :D
Утре пак истата грешка ќе ја направам, така ми се увртело во глава и нема бегање хахаха
Фала на исправка :D
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.113
Поени од реакции
20.956
И мислам дека треба ФФМ во соработка со медиумите да удри малку пожесток маркетинг и пропаганда за да се промовира домашниот фудбал, за да се врати публиката на стадион. Нормално, никој не сака да гледа неквалитетен фудбал во време кога на ТВ можеш да гледаш Барселона-Реал, Манчестер-Арсенал или Баерн-Дортмунд, ама не можам да ги сфатам луѓето, и оние постарите, а и помладите. Живееш во град(или село, по ново) во кое има прволигаш, викенд е, има натпревар на стадионот во твојот град, а ти поарно ќе дремеш дома 2 часа на интернет и ќе си пишуваш со комшијата на фејсбук, наместо да идеш на стадион. Епа, несфатливо... :)
Јас живеам во крај во кој за жал нема фудбалски клуб кој се натпреварува, меѓутоа кога сум во Скопје, а Вардар игра на домашен, не пропуштам натпревар.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.659
Абе Ефремов не е во Работнички?
И јас тоа се прашував прееска, ама не сум сигурен. Прва полусезона добиваше повеќе шанса од Божиновски, после тоа некако го изгуби местото. Никаде нема заминато, би требало да е уште таму...
 
Z

ziko bt

Гостин
И јас тоа се прашував прееска, ама не сум сигурен. Прва полусезона добиваше повеќе шанса од Божиновски, после тоа некако го изгуби местото. Никаде нема заминато, би требало да е уште таму...
Значи со тројца голмани се а?(Шишковски ако го вратат)
Вие и Работнички значи собравте 6 прволигашки голмани во ростерите.:icon_lol:
Нека го пуштат во Љубанци веќе ко не го играт.:icon_mrgr:
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
Абе Ефремов не е во Работнички?
И јас тоа се прашував прееска, ама не сум сигурен. Прва полусезона добиваше повеќе шанса од Божиновски, после тоа некако го изгуби местото. Никаде нема заминато, би требало да е уште таму...
На трансфермаркет стои дека и Ефремов и Шишковски се дел од Работнички, плус и Божиновски.. што ги натрупале и они голманите не сфаќам, Шишковски као у Гент немаше минутажа сега на крај и во Работнички дали ќе заигра :ROFLMAO:
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.401
Брегалница ќе игра во Кочани
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
@Colt Willcox Се опфати во првиот пост, нема што да се додаде. Вардар се надевам на крајот прв, Шкендија и Работнички единствени конкуренти, другото е све катастрофа. Иначе пак ги измеша, адвокат по професија е Поповски, газдата на Работнички, а Игор Ангеловски беше фудбалер, водеше младински категории во Работнички, едно време и своја школа имаше, па од помошник на Франц сега стана прв тренер :D
Мрме му бил колега на грофот ^. Ништо чудно да го очекуваме во стручниот штаб за време на утакмицата со Рубин :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom