Македонско фудбалско првенство 2014/15

Кој ќе биде шампион?


  • Вкупно гласачи
    205
Статус
Затворена за нови мислења.

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730

Сезоната 2014/2015 ќе се игра 23то првенство во фудбал на Македонија. Сезоната ќе започне на 3ти Август а ќе заврши на 27 Мај следната година, со зимска пауза од Декември до Март.
Од оваа година стапува на сила новиот систем на натпреварување, 10 екипи најпрво играат 3 круга секој со секој значи 27 кола па потоа првопласиранте 6 играат плеј оф а останатите 4 плеј аут. Првите 6 би изиграле 32 кола а останатите 4 екипи 33 кола(овие ќе изиграат двокружно). Табелата од регуларниот дел се пренесува и во плејофот/плејаутот.

Помеѓу познавачите владее мислење дека титулата ќе се дели помеѓу Вардар и Шкендија а сите други 8 би биле загрозени, со новиот систем испаѓаат директно последните две а третиот од назад игра бараж со третиот од втора лига.
Токму и фаворитите најмногу се засилија и вложија, одиме со збор два за секој од учесниците:

Шкендија Тетово: Стабилна фирма на чело, Еколог, играа во лигата европа и испаднаја во првото колу од Молдавскиот Зимбру. Се засилија со 8 нови играчи: Мурати, Урдинов, Кавдански, Алими, Зеба, Бериша, Митров, Крлевски. Имаат мали проблеми со стадионот не се знае дали ќе го осбособат за првите кола и тоа би им било проблем со оглед што тие очекуваат најмногу навивачи сезонава.
Предвидување на навивачите: Сигурно сме шампиони дури и на полусезона се би се знаело.

Вардар Скопје: Очигледно добро се спремаат,изиграа пријателски со сериозни екипи иако не настапија во европа. Се засилија со неколку познати имиња: Глишиќ, Глигоров,Грнчаров, Кобетиќ, Хамбардџумјан, Дашјан, Петковски, Љамчевски. Стандарно настапува на арената филип втори и многу често во вечерни термини.
Предвидување на навивачите: Вардар е шампион!!(фаранг), ќе се бориме за шампион, европа сигурно излегуваме(останатите).

Пелистер Битола: Црно лето за нас, до последно се лажеше за новиот спонзор и на крајот се официјализира дека Цермат ќе фрлал пари. Без некое конкретно засилување сеуште, се вратија браќата Степановски и сега нов Прилепчанец Крстевски. Заминаја сите странци од лани, моментално целиот ростер е составен од играчи кои потекнуваат од Пелистер. Исто проблеми и со стадионот не се знае дали ќе се игра Битола или Прилеп, се подлажнува дека се шминка Тумбе Кафе.
Предвидување на навивачите: Да опстаниме брат.

Брегалница Штип: Анонимни меѓутоа дефинитивно нема да се лоши, отсуствува присуство на нивни навивачи на форумов па да сме подобро информирани. Се засилија со следните имиња: Гачевски, Ристовски, Митрев, Христов, Пејиќ. Неколку имиња од Хоризонт, поранешниот бугарин во Пелистер Христов и еден странец. Ако не се лажам имаат услови за да ги играат натпреварите во Штип на домашниот терен.
Предвидување на навивачите: Не се изјаснија.

Тетекс Тетово: Нов прволигаш сезонава, лани експресно се пласира без никакви проблеми, во глобала го задржа составот со две засилувања од Вардар Јовановски и Блажевски и еден од Хоризонт Турново, Цветановски. Трае уште борбата навивачи-управа за каде да се играат натпреварите, ништо уште не се знае.
Предвидување на навивачите: Не сме лоши, многу е веројатно да опстаниме.

Силекс Кратово: Исто нов прволигаш, од лани експресно пласиран без никаков проблем. Тотално анонимни за нас, од засилувања од трансфер маркет ќе ги препишам голманот Ников, младите Костовки и Котевски. Стандард ќе си ги играат утакмиците во Ѕингов град, Кратово.
Предвидување на навивачите: Нема такви на форумов.

Работнички Скопје: Бранителот на двојната круна кај нас, учесник во лигата на шампиони, експресно исфрлен во второто коло од Финскиот шампион Хелсинки. Не се претставија лошо, благодарејќи на одличната школа која ја имаат нон стоп има некои нови деца која се појавуваат. Познавачите велат дека клучно беше заминувањето на двоецот во нападот Маневски-Илијовски кои лебот ќе го печалат на далечниот исток. Од засилувањата Нигеријецот во нападот, Анене, Алтипармаковски, Јашаровски, Цикарски, Бојку, Аврамовски, Божиновски.
Предвидување на навивачите: Го нема Архивист да се изјасни.

Металург Скопје: Изненадувањето на сите со што помина две кола во европа и остана единствен наш представник. Да му посакаме среќа против Омонија.Им заминаа можеби најдобрите играчи, Стевановиќ, Љамчевски, Пеев, Бериша и максимално се потпираат на младите сили, од засилувањата малку наброј се следните: Лескароски, Стојановски, Трајковски. Имаат проблем со својот стадион(нива) и не се знае каде ќе ги играат натпреварите, имаа барање да настапуваат на арената Филип втори.
Предвидување на навивачите: единствениот кој го читам вели да му се даде плата на децата.

Хоризонт Турново: Третиот нап учесник во Европа, таму експресно елиминиран од Грузиска Чикура во првото коло. Сите велат им се случува крах, сите заминаа: Чурлинов, Ејупи, Тенекиџиев, Пандовски, Наумчевски и други. Од засилувањата неколку Бугари, Ѓоргиев, Пандовски. Утакмиците ги играат на познатото стадионче во нивното село.
Предвидување на навивачите: Нема такви.

Ренова Тетово: Гипсарите си се стабилни прволигаши со професионално работење од нивната газда, без преголеми амбиции доволно за опстанок. Се засилија со Мојсов, Бујчевски а од заминатите се спомнува Идризи. Не многу познато што да се очекува меѓутоа сите сметаат дека ќе се бори за опстанок. Не се знае ништо и со стадионот дали заедно со Шкендија ќе го оспособат или ќе треба да бараат алтернатива.
Предвидување на навивачите: нема такви.


И оваа година официјален бродкастер е МРТ со една или две натпревари од коло. Плус некој стрим што си пренесува некој клуб.
Публика не се очекува многу многу заради непопуларноста и не атрактивноста но и поради котење на маалски и селски екипи. Тие што сме сме, ние ќе следиме и нека биди интересно барем кога бодовите се во прашање и секако нека победи најдобрата екипа!
Прво коло: Недела 3ти Август 17:00
Пелистер-Вардар
Работнички-Металург
Шкендија-Брегалница
Ренова-Тетекс
Силекс-Турново
 
Последно уредено:
Д

Дуле Пацов

Гостин
Напред Силекс , во срце те носам !!!:vozbud::vozbud:
 
Член од
14 август 2012
Мислења
1.705
Поени од реакции
738
Брегалница се очекува да улезе у плеј-оф а за стадионо нешто кажаа ке го правиле по Уефа стандарди од Уефа даделе 800 000 евра и изгледа у Пробиштип ке играт додека се направе ама уште немат почнат о околу стадионо па не се знае.
 
Член од
14 август 2012
Мислења
1.705
Поени од реакции
738
Зашо имате омраза према Брегалница требаше ли да ви ја дадеме утакмицата да не тепате тоа шо на трибините имало некој психопати и шо се радува ле на головите на Шкендија не се играчите криви.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Пак ќе напишам.
Силекс и Турново испаѓаат сигурно. Тетекс, Металург и Ренова ќе се борат да избегнат бараж. Пелистер ќе склопи тимче нема да се борат за опстанок иако Битолчаниве не се некои оптимисти...јас сум :). Металург нема да издржат без пари и со овој состав.
Вардар и Шкендија ќе се борат за титула.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Брегалница нормално
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
Член од
17 март 2014
Мислења
670
Поени од реакции
917
Ne sum zapoznaen vo vrska so mak fudbalot, ama kolku sto znam e vardarovo dete zatoa rekov deka e veren i deka ne bi otisol vo eden od 2ta rivali, ali i toa so vikas mozno e i malku pari da se vo prasanje i da ceka pobogata ponuda.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
Ne sum zapoznaen vo vrska so mak fudbalot, ama kolku sto znam e vardarovo dete zatoa rekov deka e veren i deka ne bi otisol vo eden od 2ta rivali, ali i toa so vikas mozno e i malku pari da se vo prasanje i da ceka pobogata ponuda.
Ако оптише деновиве за Вардар, тогаш да може да се каже дека верност и љубов спрема еден клуб, ама јас колку шт осум запознаен он требаше да потпише уште во Јуни заедно со Грнчаров,Глигоров Глишиќ, ама не потпиша а веќе Вардар зема друг голман така да тешко остварливо е да потпише во Вардар и затоа мислам дека е ради парите дека не му се доволни тие 10 000.
 

te-ultra

ILLYRIAN
Член од
17 октомври 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
1.100
Моја прогноза-Шкендија Шампион.Објективно сме појаки од сите на сите позиции.Очекувам лесен џогинг до целта без поголеми компликации :cool: А за отпаѓање сакам Пелистер и Тетекс да се спасат,и така многу селски екипи бербат го имат направено шампионатот.
Догодина нејќам царев двор и дрита да ги гледам
 

Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Сезонски карти има понудено некој тим?
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
Моја прогноза-Шкендија Шампион.Објективно сме појаки од сите на сите позиции.Очекувам лесен џогинг до целта без поголеми компликации :cool: А за отпаѓање сакам Пелистер и Тетекс да се спасат,и така многу селски екипи бербат го имат направено шампионатот.
Догодина нејќам царев двор и дрита да ги гледам
Секоја сезона истото, после пак да не биде - Се знаше кој ќе биде шампион, власта ве мести, кај смее Шкендија да биде шампион итн... :)
 
B

Beck's

Гостин
Секоја сезона истото, после пак да не биде - Се знаше кој ќе биде шампион, власта ве мести, кај смее Шкендија да биде шампион итн... :)
Која е таа секоја сезона? За прошлата уште на почеток кажавме дека ќе се иде кон опстанување ама ни се укажа шансата и ја зграпчивме за ЛЕ.
На 10ти ќе ги измериме силите ако настапат и 2 тима со полн состав ќе видиме до кај сме ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom