Според Калински на Работнички-Шкендија имало не повеќе од 80 гледачи. Со оглед на тоа што скоро сите се навивачи на Шкендија (можеше да се примети по радоста за головите) се поставува прашањето дали освен
@Архивист има некој друг што оди да го гледа Работнички, а не е роднина на некој од играчите?
Мизерија жива, особено што станува збор за клуб што е актуелен шампион, клуб кој има 4 титули во првенството, клуб кој достојно играл во Европа...
На теренот изнедначена игра. Шкендија има добри индивидуалци, ама некако нема поврзаност меѓу средината и нападот. Дадоа гол по индивидуална акција на Имери кој додаде до Вручина врз кој беше направен пенал.
Работнички имаа две шанси по прекини, едната беше сто процентна, но Јовановски ја одбрани, за втората беше немоќен, па Даре кој патем игра штопер се запиша во листата на стрелците.
И двете екипи имаат многу лоши одбрани, бар тоа е мојот впечаток.
Шкендија да нема добар голман, би примила уште повеќе голови.
Овој Ангеловски на Работнички тренеров, не престана да збори. Цело време вика, оди ваму, трчај таму
Одглуми фаул некој од Шкендија и кога почна да вика "Абе каков фаул, цело време само Ау-Ау-Ау", мајка ми поминува во тој момент во соба, и ми вика што глупости гледаш човече