Македонско судство: Нерешени над 10.000 предмети!

R

RAYTHEON23

Гостин
katastrofa..mrzlivost ili neesposobnost a moze i mito i korupcija bez efikasen sudski sistem nema ekonomija i blagosostojba vo francija na eden sudija mu idat 50000gragani pa pak uspevaat da se snajda a nasive:drk::drk::drk: i nisto poveke ahh da zaboraviv cesni
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.509
Поени од реакции
2.348
Сеа ке ви кажам два примери што се случени во Гостивар..
Пред 2-3 месеци маж ја убил сопругата бидејќи го варала поточно курва била и го суделе за убиство во афект а за тоа доби 18 години затвор а додека другиот случај таткото ладнокрвно го убил својот син а за тоа доби 12 години затвор.Со ова можете да заклучите колку само копумпирани судии има во Македонијава али ипак мора да се знае дека Гостивар е диви запад...
 
А

Александра Д.

Гостин
Што ти е Македонија....уште се прашуваме ззошто сме толку наназад, кога со 20 евра ги подмитуваат судиите...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781



До јуни 2009-та сите заостаната случаи ќе мора да бидат решени. Вкупната бројка е 10574 предмети. Има судии кои од 1990-та до денеска заборавиле да решат и по 200 или 300 случаи. За оние кои и по рокот ќе имаат стари нерешени предмети ќе следуваат парични казни па и разрешување од судскиот совет.
- Барам секој судија да размисли како е да се биде странка и 20 или 30 години да не ти го решат случајот, каква ќе биде неговата слика за судството? - прашува Маневски.
Господине министре за правда Михајло Маневски помина рокот за решавање на овие случаи. Колку од овие случаи се затворени?
Ако све човек со интегритет и достоинство ќе си признаете дека не можете да се справите со судството и достоинствено ќе си поднесите оставка. Ако не све човек, ако све крлеж останете си крлеж за навек.
Кога пукна аферата ТАТ се сеќавам како дете читав една колумна од почитуваниот професор Ѓорѓе Марјановиќ (рака му бакнувам) насловот нејзин беше Тргнаа по лов на октоподи, и ја фатија на бабата жабата. Така и вие сомничите инкасатори за дваесет денари, кои што на крајот излегоа дека не се виновни, а не ги гледате стечајните управници кои се збогатија на туѓата мизерија и несреќа.
Не е битно кој е на власт дали СДСМ или ВМРО ДПМНЕ едно нешто сигурно знам судската мафија е над нив ништо не и можат. Го фатија тоа кадијата забошотувал случаи и не ги решавал. И знаете како е казнет? Го избркаа од судија и го пратија на ФОН да биди професор. Го деградираа начисто, како судија земаше 60000 денари плата, а како професор на ФОН 100000. Што ќе ги научи тој студентите таму? Како се работи за ништо да не се сработи? Прострадаа луѓево од тоа кадиите и стечајните управници, како е можно стечаен управник кој што се сомничи за проневера и злоупотреба на службена положба сеуште да е на таа функција? Во чиј интерес е да се крие нејзиниот обвинителен акт се додека не застари?
Сеуште умот не ви доаѓа изгледа ќе треба го искршиме Скопје како што грците ја искршија Атина, ама доцна ќе биде тогаш да преземете нешто затоа што тешко се затвораат портите од пеколот кога веќе еднаш ќе се отворат.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
site znaeme deka sudstvoto e najkorumpirano kaj nas vo makedonija,za zal taka i ke ostane uste dolgo vreme
ako si mokjen i ako imas pari nema da ti bide problem za nisto,a ako si nikoj i nisto T.S. gol pistol ke stradas
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Со пензијата на Маневски, Бучковски го крие својот криминал?!


Загубени во архивите
Исплашени дека Апелациониот суд ќе ја потврди првичната пресуда, адвокатскиот тим на обвинетите во случајот “Резервни делови”, за кој е осуден и Бучковски, се обидел една од жалбите наместо во конкретниот предмет да ја заведе во предметот “Змиско око”. “Така, кога судот би одлучил, новата пресуда против Бучковски би испадна фалична и лесно би можела да биде укината од Врховниот суд. Во таквиот случај, целиот предмет повторно се враќа на судење”, откриваат извори од Апелација

Пишува: Редакција Форум


Како фурија пролета пратеничкото прашање на Владо Бучковски до премиерот Никола Груевски за тоа како челникот на Владата не знаел дека на неговиот министер за правда Михајло Маневски му била исплатувана и плата и пензија. Бучковски својата приказна лесно ја поткрепи со документи од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Затемнуваше имиња, а откриваше “мрсни” детали за кривични дела во кои учествувал министерот. Бучковски не ни криеше дека тоа што таргетот е стриктно поставен на Маневски, било негов дел од задачата.
“Моите сознанија за Маневски и започнувањето на случајот 'Маневски' беше мој дел од активностите кои јас ги покривав, сè друго не можам да коментирам”, вака пратеникот на СДСМ им објасни на новинарите зошто иницијативата ја покренува само против министерот, а не и за неговите колеги пратеници кои исто така добивале пари од два државни извора.
Но, зошто токму на Бучковски му е потребно да го нападне Маневски?
Извори на Форум во Апелациониот суд откриваат дека мотивите се наоѓаат во предметот “Резервни делови за тенкови”, за кој пратеникот е веќе осуден од Основниот суд на 3 и пол години затвор, а деновиве се очекува пресуда од повисокиот суд.

“ЗМИСКО ОКО” ПАРАВАН ЗА “РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ”


Во приказната за тоа каква е поврзаноста на министерот за правда и предметот се испреплетуваат имиња на адвокати, судии, државни службеници, пратеници. Според она што го открива изворот, сè почнало кога на пресудата од Основниот суд на почетокот од годинава во случајот “Резервни делови за тенковите Т-55” биле поднесени жалби до Апелациониот суд.
Основниот суд Скопје 1 лани во декември го прогласи за виновен експремиерот и поранешен министер за одбрана Бучковски за злоупотреба на својата положба и функција и му одреди казна затвор од 3 и пол години. Бучковски се товари дека со злоупотреба на својата положба и функција набавил енормни количини резервни делови за тенковите Т-55 во текот на 2001 г. и со тоа го оштетил Буџетот за околу 2,5 милиони евра. Покрај сегашниот пратеник на СДСМ, казна затвор од 3,5 години доби и поранешниот началник на ГШ на АРМ, генералот Методиј Стамболиски, а по три години затвор и советникот во МО Ацо Ѓурчевски, раководителот на Секторот за логистика Нелко Менкиновски и директорот на МЗТ-ФОП, Митре Петковски.
Незадоволни од тоа каква пресуда е донесена, адвокатите на сите обвинети најавија жалби. Жалби се поднесени, но до кого и каде биле ставени? Исплашени дека Апелациониот суд ќе ја потврди првичната пресуда, адвокатскиот тим на обвинетите преку спрегата што ја имаат со судии и судски службеници решава “да ја затури” една од жалбите. Така, кога судот би одлучил, новата пресуда би испадна фалична и лесно би можела да биде укината од Врховниот суд. Во таквиот случај, целиот предмет повторно се враќа на судење.
“Адвокатот на Менкиновски и неговите луѓе во Кривичниот суд, но и една судијка во Апелација, успеале жалбата наместо во предметот 'Резервни делови' да ја вметнат во предметот 'Змиско око'. Тој предмет содржи стотици страници документи и докази кои зафаќаат цела просторија. Наоѓањето на жалбата во таков случај би било невозможно”, открива изворот. Адвокат на Менкиновски е Јово Трпеновски кој беше недостапен на својот мобилен телефон. Случајот во Апелација го води судијката Виолета Дума, која моментно е на боледување.
Сепак, потврда дека имало 'проблем' со една со една од жалбите потврдува претседателот на Апелациониот суд, Јордан Митриновски.
“Колку што бев информиран, една од жалбите на обвинетите не беше доставена или фалеше нешто. Не знам за која жалба, од кој обвинет и на кого не била пратена. Тоа е работа на судијата-известител за случајот”, вели Митриновски.
Но, приказната не завршува. Еден од обвинетите во случајот “Змиско око” пролетва покренува постапка против државата Македонија пред Меѓународниот суд за човекови права. Јавното правобранителство и Министерството за правда почнуваат да се подготвуваат за одбрана пред Стразбур. Службеничка од Министерството била задолжена да го “исчешла” целиот предмет.
“Во купиштата документи и докази службеничката ја пронашла намерно заталканата жалба од 'Резервни делови за Т-55'. Од кога тоа го јавила на своите надлежни, било ургирано до претседателката на Кривичниот суд Добрила Кацарска жалбата да биде соодветно пратена во предметот. Откако тоа не се случило, преку судските службеници целиот предмет 'Резервни делови' бил отпишан од судската евиденција и наново запишан заедно со жалбата која била скриена”, открива изворот од Апелациониот суд.
Така, главниот адут за оспорливост на пресудата против Бучковски подготвен од адвокатите, паднал во вода.
Ова не е прв случај на мешање на предметите во судот. Форум пред една година објави дека целиот случај за атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров бил ставен во метална кутија во архивата на завршени предмети иако не е таков, со цел истиот да се забошоти.

КОЈ ГО ИСПРАТИЛ МАНЕВСКИ ВО ПЕНЗИЈА?!

За да делумно го сврти вниманието на јавноста од својот предмет, но и лут затоа што пресудата на Апелациониот суд сепак ќе биде полноважна и нефалична, како што првично се надеваше адвокатскиот тим на обвинетите во случајот “Резервни делови”, Бучковски наводно тргнал во смена на Маневски.
Владини извори потврдуваат дека Маневски одредено време земал и пензија и плата, но и самиот не знаел за тоа. Откако Бучковски јавно го изнесе случајот, министерот наредил во Службата за кадровски работи во Владата да се прочешла целата документација и да се види што точно е сторено во однос на пензионерскиот статус на Маневски.
Она што го откриле е всушност документот што Бучковски најпрво му го даде на Груевски, а потоа без зацрнети делови како крунски доказ му го понуди на јавниот обвинител Љупчо Шврговски. Според пратеникот на СДСМ, затемнетите делови всушност криеле информации за тоа кој ги изработил документите од кои се гледа дека Маневски во периодот по 1 јануари бесправно земал и плата и пензија, како и тоа за кого биле наменети документите т.е. кој ги нарачал.
“Е, тука се појавува името на Миланчо Успрцов, владин службеник во Службата за кадровски прашања, инаку поранешен член на кабинетот на Бучковски во времето додека тој беше министер за одбрана. Успрцов, наводно, во текот на март го одјавил Маневски од Фондот на ПИОМ како вработен во Владата, со што на министерот повторно му се активирал пензионерскиот статус, за потоа пак да го пријави како вработен”, вели изворот.
По ова, во Владата била направена целосна истрага, компјутерот на Успрцов бил запечатен, а биле проверувани и службите во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Официјална потврда за тоа дали Успрцов има врска со целиот случај и дали воопшто соработувал во координација со Бучковски, не даваат. Она што јавно го објавува Владата е дека во случајот Маневски станува збор за административна грешка за која одговорноста е кај одредени поединци кои ќе бидат казнети.
“Раководните органи на засегнатите институции каде што настанале пропустите од административна природа, по спроведена интерна постапка согласно со законите и подзаконските акти, во пропишана процедура, утврдија постоење на одговорност кај одговорни службеници, кои ќе бидат санкционирани согласно со позитивните законски прописи”, се вели во соопштението на Владата.
Оттаму, иако директно не посочуваат кон Бучковски, сепак и нему му испраќаат порака.
“Владата на Република Македонија повикува, во иднина ваквите грешки на административните службеници да не се злоупотребуваат од страна на поединци и групи, и да не се манипулира со селективно прикажување на податоци, како обид за остварување дневнополитички интереси на индивидуи или групации”, велат во Владата.


Бучковски признава дека му е настрвен на Маневски

Пратеникот Бучковски во два наврата призна дека во министерот Маневски гледа виновник за судскиот процес што се води против него за злоупотреба на 2,5 милиони евра државни пари. Првиот пат беше лани во декември, кога Кривичниот суд ја донесе пресудата со која предвидува 3 и полгодишна казна за пратеникот. Тогаш Бучковски тврдеше дека пресудата била напишана надвор од судот под политички притисок. Тогаш на прашањето: “Кој посакува Бучковски кривично да одговара?”, тој рече: “Ова не е тешко да се одговори, затоа што се знае извршителот. Тоа е министерот Маневски кој добива наредби лично од премиерот. Тој и така стана министер поради специјални заслуги. Ова не е пресметка на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, мојот случај го осудуваат и членови на оваа партија кои не ја поддржуваат селективната борба против криминалот”.
Вториот пат е минатата недела, кога му ги доставуваше доказите против министерот на јавниот обвинител Шврговски. На прашањето дали гледа поврзаност помеѓу неговиот случај и тоа што ја открива аферата за Маневски, Бучковски одговара:
“Не кријам дека имам дополнителен мотив да докажам дека самопрогласениот џелат во сите политички монтирани процеси не може да биде синоним за правда, туку ќе остане запаметен во меморијата на граѓаните како синоним за неправда”.

Пресудата донесена, ама неформално

Апелациониот суд Скопје еднаш веќе го разгледал предметот и наводно бил на мислење да ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 2, со која Бучковски е осуден на три и пол години затвор. Оваа информација беше и објавена на веб-порталот на Форум – форум.цом.мк.
“Пласирањето на информацијата е груба лага и невистина. Со злоупотребата на новинарот, се открива синџирот на рекетарство кој функционира во политички монтираните судски процеси со што се врши притисок врз Апелациониот суд пред одржување јавна седница наесен. Со ваквата гнасна конструкција се манипулира и декуражира јавноста, која е мојот најсилен сојузник во битката за победа пред Апелациониот суд во Скопје, оваа есен”, изјави Бучкоски.
http://forum.com.mk/#_tools/article/5415/view

Tekstov treba da se prochita. Ako i 1% ima vistina rabotata e zastrashuvachka.
Ni metodot na Concrete nema da pomogne-strelachki VOD e premalku......
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
А бе треба да си оди тоа вампирот. Колку се решени тие 10000 нерешени случаи? Кај е јавниот обвинител странец, невидлив е или се сопнаа на тој чекор? Колку од стечајните управници кои ги ограбија стечајните фирми се во затвор? Колку од стечајните судии кои учествуваа, или сеуште учествуваат во тој организиран грабеж преку одолговлекување на тие процеси се во затвор? Многу многу не ми лежат тоталитарни личности за да ја водат оваа држава, ама сакам овај човек да го видам за министер за правда, погледнете само како го решава проблемот:

 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781



До јуни 2009-та сите заостаната случаи ќе мора да бидат решени. Вкупната бројка е 10574 предмети. Има судии кои од 1990-та до денеска заборавиле да решат и по 200 или 300 случаи. За оние кои и по рокот ќе имаат стари нерешени предмети ќе следуваат парични казни па и разрешување од судскиот совет.
Алоооооооооооо втора година рокот поминува колку од тие 10574 предмети се решени :uvo:?
Ааааааа вака не бива кучињата си лаат карванот си врви и ќе тераме до крај, така се надевам дека близу е тој рок 2012 па нема уште долго да чекаме.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Од тоа што јас го гледам по судовите и дел од судиите, изминатиот период постојано се обидуваат да ги решат старите предмети. Треба да имаат определена бројка на решени предмети годишно и навистина се обидуваат да средат се навреме да не бидат казнети.
Колку решиле од старите предмети не знам. А треба да има некое известување за тоа колку е успешна ваквата акција, барем да знаеме до каде сме.
А пресудите на судиите не ги коментирам, оти искуството ми покажало досега дека за да се донесе една пресуда треба да се земат во предвид милион факти и докази, а истата може да ти биде бутната на второстепена во секое време. Сепак мислам дека не е едноставно да се донесе пресуда кај комплицираните случаи.
А судиската плата....ммммм, дај боже некогаш и јас да имам толкава плата.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Од тоа што јас го гледам по судовите и дел од судиите, изминатиот период постојано се обидуваат да ги решат старите предмети. Треба да имаат определена бројка на решени предмети годишно и навистина се обидуваат да средат се навреме да не бидат казнети.
Тој судијата од што се труди има труден да остани, цела година рочиште нема свикано, така да казни ова она се приказни за мали деца се.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom