Македонско овчарско куче - Караман

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Freedy T.
Да да,кој и да отепа волк го качуваат на хауба на џип или автомобил или пак трактор,го шетаат низ Берово послем тоа го паркираат на сред центар посебно вечер му се навртуваат млади стари оставааат пари ( еден човек собра 62 илјади и фазла) и послем тоа секако половина од тие пари одат за пиење... :D
Секако ако волкот е фатен и убиен од куче,и кучето се носи се дарува се ќити му се оставаат храна и пари на кучето тогаш и секако се зголемува рејтингот на тоа куче и сите бараат мали кучиња од него и кога роди или ако е машко пак за парење пак си собираш пари :D Ние имаме одлични примероци како што спомнав,од Србија мажјакот од Дебар женката,сега после празникот Петровден одат на планина таму со овци,а на Митровден слегуваат пак овде :D
 
K

kalimer0

Гостин
Лошо е кога повеќе волци ќе нападнат еден шарпланинец а ако има повеќе шарпланинци од волците нема ни нога да остане :D Шарпланинците се вистински ѕверки. За караман против волци незнам ама сигурно и тие се добри бидејќи се македонски овчарски кучиња.
 
Член од
27 март 2013
Мислења
43
Поени од реакции
13
Да остават пари ? Традиција ли е ? Првпат слушам за ова :)
Само сега повеке штета прават овчарите отколку волците. Тие што ги пасат овците по полињата.
Кога бев мал имаше многу такви Карамани по Плачковица, ама сега нема овци и нема кучиња, ги измелезија на Шарпланинци, инаку според мене Караманите се подобри некако беа по дисциплинирани, можеби е до учењето.
Имав и мажјак и женка во различно време, тоа беше моја најголема љубов.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Lu
Молим те Лу,бриши ова офтопиците,срамота е да се загадува темата за Караманот со политички и националистички мислења.
 
Ф

Флеш

Гостин
На 06. април 2011 година беше одржан состанок на Стручниот совет на КСМ на кој, од една страна, беа присутни генералниот секретар на КСМ, Слободан Милошевски, и потпретседателот на Стручниот совет на КСМ, д-р Перо Божиновски, а од друга страна, авторите на стандардот на Македонското овчарско куче – Караман, Влатко Костовски и Марјан Костовски, кои воедно беа и претставници на Кинолошки клуб “Македонско овчарско куче – Караман”. На тој состанок, по долга и исцрпна анализа, се коригираше првиот стандард на караманот според правилникот на ФЦИ, така што се донесе Предлог – стандард за Македонско овчарско куче – Караман. Тој денес претставува официјален документ на кинолошките изложби низ Р. Македоонија.
Досега беа одржани две државни ревијални изложби за македонското овчарско куче – Караман


http://ksm.org.mk/караман/


Предлог – стандард за Македонско овчарско куче – Караман

Име на расата (македонски јазик): Македонско овчарско куче – Караман
Име на расата (француски јазик): Le chien de bērgère en Macedoine – Karaman
Име на расата (англиски јазик): Macedonian Shepard dog – Karaman
Име на расата (германски јазик): Der mazedonische Schäferhund – Karaman
Име на расата (шпански јазик): El macedonio pastor pero – Karaman
Потекло:

Република Македонија
Датум на издавање на официјалниот стандард:

(датум од состанокот на Генералното собрание на ФЦИ на кој би бил одобрен стандадот)
Користење:

За заштита на стада и на имот
Класификација на ФЦИ:

Група 2 – Пинчери и шнауцери, молоси и швајцарски овчарски кучиња; Секција 2. Молоси 2.2. Тип на планински кучиња без работен испит.
Краток историски преглед на расата:

Македонското овчарско куче – Караман е автохтона раса чии прапочетоци се врзуваат за неолитските земјоделско-сточарски населби во Македонија, како и за локалните номадски движења. Континуирано се одгледува како заштитник на стадата во цела Македонија. Македонците негувале посебен култ спрема караманот и тој отсекогаш претставувал нивно митско куче. Неговиот лик зазема видно место во записите на античките поети, на средновековните фрески и иконостаси во македонските манастири, како и во епските народни песни од 19 век. Во чиста форма го зачувале македонските сточари чиј конзервативен живот се одвивал номадски – во постојано движење од летните кон зимските пасишта и обратно. Поради неговата исклучителна храброст и верност, денес се среќава како заштитник на стада, но и како заштитник на лица и чувар на недвижен имот.
Генерален впечаток:

Куче со снажна, збиена конституција и со складни пропорции на сите делови на телото. Доста е подвижен, издржлив на физички напори и со изострени сетила. Разликата меѓу половите е видливо изразена. Мажјаците се покрупни, помасивни, робусни и со широка глава. Женките се со помала и со поелегантна конституција.
Тој е неподмитлив чувар на стадото, лицата или на објектите доверени на чување. Недоверлив е спрема непознати, а лаењето му е силно, длабоко и пробивно. Верноста му е карактеристична особеност и се врзува за еден човек.
 

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Дедо ми како мал имал Карамани. Ми кажа дека многу биле верни и паметни. Грците ги краделе нивните мали кутриња, па дошло до изретчување... (во Гевгелија дека било блиску до граница) Баш би сакала да сретнам еден Караман. :rolleyes:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443




Караманот Кербер на Божиновски е вистински пример за импозантноста на оваа раса

РАСАТА ЧУВАНА СО ВЕКОВИ ОД НАШИТЕ ДЕДОВЦИ ДЕНЕС Е ЗАНЕМАРЕНА

При првата средба со караманот низ вашите вени прострујуваат најразлични реакции. Мозокот ви вели дека треба да се плашите, но срцето одговара дека нема место за ништо друго, освен за восхит кон ова црно суштество. А кога ќе залае, тогаш навистина морници везат громови, планини се кријат в пештери и мирно спие гората, како што Марјан Костовски, коавтор на книгата „Македонско овчарско куче - караман“, ја опејува изворната домашна раса на ова овчарко куче, која е во изумирање.

Заедно со својот брат Влатко го основал Кинолошки клуб на Македонија и ги бара гените на оваа автентична раса на домашна почва, во обидот да се зголеми нејзината популација.

- Погрешно е мислењето дека името караман претставува турцизам. Тоа е всушност дел од македонската митологија, како што кербер е дел од грчката. Поради вековната сеприсутност на тоа црно куче во народните песни, не е случајно тоа што секогаш кога во бачилата ќе се роди црно куче, овчарите му го даваат името Караман - раскажува Влатко Костовски.

МАТИЧНА ОВЧАРСКА РАСА

Моментно во границите на нашата држава има околу сто кучиња карамани. На последната, трета државна изложба на македонско овчарско куче учествуваа 26 единки. Победи караманот Кербер на Сашо Божиновски, кој е вистински пример за импозантноста на оваа раса. Браќата Костовски се надеваат дека за неколку години ќе видиме изложба со најмалку 50 примероци.

Расата полека исчезнува, поради изумирањето на традиционалното овчарство.

- Со замирањето на овчарството исчезнува и потребата од караманот, а наша цел е да ги собираме тие последни единки од бачилата и да се обидеме да ја зголемиме популацијата. Караманите ги има во голем број македонски градови и села и, за жал, многумина што ги врзуваат за да им ги чуваат домовите не разбираат какво богатство всушност чуваат - продолжува Влатко.

Повеќето европски држави имаат матични раси на овчарски кучиња. На домашна почва како раса од овој тип се јавува и шарпланинецот, но него го делиме со Србија. Тоа значи дека ниту една буква во името не смее да се промени ниту, пак, делови од стандардот, без нашиот сосед да се согласи со тоа.

- Сите држави си додаваат национална придавка пред домашната овчарска раса и на тој начин си ја промовираат земјата. Луѓето не се свесни дека додека се палат на расите како германски овчар и слично, занемаруваат раса што нашите дедовци со векови ја чувале, а која буквално изумира - нагласува Костовски.

КУЧЕ ЗА СИРОМАШНИОТ СЕЛАНЕЦ

Браќата Костовски се обидуваат да ја зголемат расата со размножување и создавање повеќе крвни линии. За да може да се спарат животните, тие не смее да бидат од исто легло.

- Џабе би земале три кучиња од едно исто бачило ако тие се во крвно сродство и не може да се размножуваат. Кинолошкиот сојуз издава и родовници на кучиња со непознато потекло, па откако тоа животно ќе се спари со друго куче чие потекло е непознато, тогаш за нивните потомци ќе се знае од чија крвна линија се. Овој процес продолжува додека не се исполни низа од шеснаесет предци - објаснува Влатко.

Расата е релативно скромна по своите барања, пред сѐ затоа што со векови живеела во скромни услови.
- Караманите на бачилата егзистирале во чопори, спиеле на земја и се хранеле со тоа што имало. Како и сите овчарски кучиња во Македонија, тие не бараат којзнае каква исхрана, овчарите ги хранат со качамак и со сув леб. Тоа е на некој начин куче на сиромашниот селанец, затоа што знае да помине со парче сува корка и потоа да си се снаоѓа наоколу. Нормално, кога се чува во поурбани услови, каде што не може да се снајде само и да си улови помал плен, тогаш мора малку да му се збогати исхраната - раскажува Костовски.

Иако постојат можности караманот да се чува и во урбана средина, Костовски не препорачува негово чување во стан. Тој нагласува дека, со оглед на тоа што станува збор за навистина големо куче со долги влакна, чувањето во стан ќе претставува мачење и за сопственикот, како и за кучето.



УПОТРЕБНА ВРЕДНОСТ


Намената на сите овчарски кучиња е, пред сѐ, да бидат чувари. При приближувањето на секаков месојад во близина треба да реагираат, без оглед дали станува збор за друго куче, волк или човек.

- Големи се потребите на македонската војска за кучиња, особено за граничната полиција. Тие моментно користат странски раси кучиња, како германски овчари и ротфајлери, а караманот е раса што е изворно растена, питома и здрава, што значи дека сетилата ѝ се добро развиени, а кога е службената употреба во прашање, овие карактеристики се клучни за полицијата. Нивното сетило за мирис е особено развиено, а тоа ги прави многу корисни при потрагата на дроги, експлозиви и слично - вели Костовски.

Последниот пат кога Влатко бил во посета на касарната во Ѓорче Петров забележал дека во неа има стотина кучиња. Тој нагласува дека е голема штета да се полнат државните институции што имаат потреба од кучиња со увозни раси, додека домашната изумира.

- Службите треба да пројават интерес, а ние сме подготвени да им подариме неколку кучиња. Макар и половина од кучињата во касарната да се карамани, полесно ќе дојдеме до таа зголемена бројка, што ние како клуб се обидуваме да ја постигнеме - појаснува тој.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=51712943293&id=49&setIzdanie=22582#.U-IdwPDqrBc.facebook
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Ставете повеќе слики ако има...ова е национално богатство и баш сакам визуелно да е застапено повеќе. Гледав на нет но многу малку резултати има.
 
Ф

Флеш

Гостин
Има некој информација, до каде е состојбата со зачленување на расава ?! Знам дека веќе е поднесено барање,но како е состојбата,прифатено или одбиено,нема никаква информација ! :)
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Благодариме на сликите :) ...ми треба сликано во профил, за убаво да се види неговата градба...гледам дека има некои со бело на нозете...сличен скелет како шарпланинецот има :)
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Bi sakal dokolku imam moznost i moite dozvolat da zemam eden :)
Sto cena se?
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.855
Ме израдува фактот дека имаме две Македонски раси на кучиња на толку читање околу кучињава никогаш не сум знаел дека Караман е одделна раса мислев дека е име на Шарпланинец... Се зборува дека Караман е постара раса од Шарпланинецот и дека ја чувале уште античките Македонци. Жално е што расата дошла до степен на исчезнување али за среќа прочитав и дека има луѓе што се занимаваат со одгледување и размножување што е голема надеж за нејзин опстанок.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom