Денеска од 16:30 се игра дербито на Македонија, кое некогаш привлекуваше огромно внимание, значеше многу, а реки од луѓе беа упатени кон стадион(Градски или Тумбе Кафе) живнуваа градовите, секој со нетрпение го очекуваше мечот, денови претходно се зборуваше за мечот помеѓу Вардар и Пелистер, еуфорија која ги исполнуваше сите, се спрема кореографија, се смислува слогани, песни, како евентуално да се дојде до трофеј од противничката група, припреми, договори главната тема беше мечот, карти одвај се наоѓа, па луѓето се снаоѓа, бараа начин како да се влезе на стадион. Се упатуваш накај стадион во маса од луѓе, кои прогнозираат како ќе заврши натпреварот, појат песни за својот клуб, или против противничкиот, деца подскокнуваат се радуваат, други пажливо ги слушаат дедовците кои им раскажуваат за најголемите победи на својот клуб, луше обоени во боите на својот клуб упатени кон стадион, како се наближуваш и ги слушаш навивачите внатре кои појат песни, адреналинот и еуфоријата го достигнуваа максимумот, а кога влезеш внатре тоа е веќе друга димензија, забораваш на проблемите, на секојдневните обврски, на се што не е повржано со фудбалот и твојот клуб, подрипнуваш, се дереш, пееш, се нервираш.. со еден збор живееш со клубот и моментот, и во тој момент, нема ништо поскапоцено и помило од гол во противничката мрежааа...
Ах, колку убаво звучеше се ова и времињата кога, Македонија имаше свој дерби натпревар.. дерби кое е денеска, е оставено само на себе.. Пелистер никако да застане на здрави нозе, без вложен денар во клубот, само искористуван од некои луѓе, за перење пари без своја инфракструктура.. оставен сам да се снаоѓа со помош на некои вљубеници во спортот кои пробуваат да спасат нешто..
Вардар од друга страна и покрај можеби најдобриот период во својата историја, почна нагло да паѓа и да стравува за својата иднина, секогаш опкружен со лешинари кои гледат да зграпчат што можат повеќе од својата "гордост" и "светост"..
Тажна слика за една спортска приказна, за едно време во кое беше мангуп да си навивач, клубовите немам многу но има стил, има желба, се бореа до максимум да ги исполнат желбите на своите навивачи.
Се надевам, многу спортски работници, навивачи, вљубеници во фудбалот, ќе почнат да работат во повторно создавање на некогашната наша гордост - македонското вечно фудбалско дерби.
Вардар - Пелистер
13.05.2018 во 16:30часот.
Стадион: Филип Втори или за нас подрагото, Градски стадион во Скопје.