F
FilipMacedon
Гостин
Битка кај Бајалци
По солунската афера,почната на 23 јануари 1901,турскиот аскер од гарнизонот од големиот приморски град,тргнала во потера по една илегална револуционерна чета,која претежно се движела на просторот од левата страна на реката Вардар,југоисточно од Гевгелија.
Четата била предводена од војводата Христо Чернопеев,и највеќе престојувала во селата Стојаково,Мачуково,Бајалци и кукушките села.
Но според верувањата четата била предадена од еден гркофил од селото Мачуково(денес Евзони)по име Гоно Рибаров ,по што на 4 февруари македонската чета била опколена во селото Бајалци.
Турскиот аскер броел 500 души,а македонската чета во многу помал број.
Битката траела 12 часа,крајниот резултат бил околу триесет убиени Турци,и околу 10 Македонци,меѓу кои од убиените бил и Мицо Делчев,братот на Гоце Делчев.Битката завршила со тактична победа на Македонците,по што се повлекле во селото Калиново.
Народот во врска со битката во селото Бајалци ја испеа песната Ветер дува од Солуна.
Ветер дува од Солуна
Ветер Дува од Солуна
Царот станал од Стамбола
Ветер дува снег се вее
Черњо Пеев сал се смее
Колку пушки сум испукал,
Толку Турци сум соборил
Шукри-Паша кафе пие
Алај-паша попот бие
Бајалчани,еј комити
На Султанот карши стојте
Судирот во Бојмица
Во 1901 год,војводата Апостол Петков Терзиев беше во селото Крива,близу Гуменџе,каде што пристигнал заедно со 14 други комити.
Но во раните утрински часови во селото дошол Мула Емин-ага,негов пријател и курир со цел да го предупреди Апостол за кодошење на еден гркофил,и дека од гарнизоните во Дојран,Гевгелија и Ениџе-Вардар се собрал голем башибозук да го опколи.
Војводата решил да се пресмета,и со тоа четата ја разделил во две групи во две маала.Едната била водена од Апостол,а другата од Андон Иванов Терзиев,братучед на Апостол.
Османлиите се нашле под жесток оган,и не успеале да влезат во куќите каде што биле сместени комитите,имало убиени турски војници и многу ранети,од македонската страна имало тројца ранети и двајца мртви.
Кога се стемнило македонската чета успела да отвори коридор до Пајак планина по што се засолниле.
Битката кај Клисурска Јаворица
Летото ,на 18 август 1903,четите на војводите Савата и Аргир се упатиле од Гевгелија кон Демир Капија,со цел да го минираат тунелот.Било понесено големо количество на динамит.
Утрото на 23 август,четите пристигнале до Демир Капија,и првин војводите испратиле четворица комити да го разгледаат теренот и можноста од која страна да се минира тунелот.Тој ден пристигнала и четата на Петар Јуруков.
Тој ден исто така комитите фатиле неколку ќумурџии од селото Клисура,во кој им порачаа да донесат леб и сирење.Ќумурџиите уште со влегувањето на селото го известиле крчмарот по народност Влав за присутството и барањата на комитите,по што Влавот веднаш тргнал за Неготино да ги извести Турците за случајот.
На 24 август 1903,комитите ја забележале големата турска војска,која броела околу 800 војници.
Војводите биле за да се повлечат,па во друга прилика да го минираат тунелот,но мнозинството од комитите биле за борба.Па така започнала жестока борба,но од честите јуриши на Турците комитите биле принудени на отстапки и да фаќаат позиции на повисоки предели на Кожуф.
Крајниот резултат бил 44 мртви турски војници и бандити,а седум Македонци.
Македонските комити се засолниле во селото Серменин
Битката на Стојачка Чука
Летото 1904 год,комитската чета на Дељо Калчев се упатила кон Стојаково,каде што била пречекана од месната организација на ВМРО-Тануш Ѓаваталиев,Томе Пајдаков и Глигор Шутов.
Но комитите и овојпат предадени од шпиуни,и од гарнизонот од Гевгелија кон нив се упатил турскиот аскер.
Дељо дознал за активностите на аскерот,па така фатил добри позиции во месноста Стојачка Чука.Така било најдобро,со цел да не настрада некој селанец.
Така турскиот аскер добро информиран за движењето на четата,ја заобиколиле чуката и уште на самиот почеток почнале со јуришите.
Четата на Дељо,која броела 25 комити,со фрлање на неколку бомби од старт им задале тешка задача на Турците,со што им одбиле неколку јуриши.
Кога видел гевгелискиот Кајмакам дека неговите војници гинат,ги запрел јуришите,и побарал помош од Дојранскиот гарнизон,по што веднаш била испратена нова војска.
Храбрите комити,и Дељо откако ја виделе новата војска,направиле план да ја искоритат темнината за пробивање на обрачот.Па така околу полноќ,со јуриш и со често фрлање на бомби и со често силни викотници на комитите,успеале да се пробијат од непријателскиот обрач,и се упатиле кон Арџанско Блато.
Во оваа битка Турците виделе неверојатен хероизам на македонските борци за слободна Македонија,каков што ретко се памети во Јужновардарскиот регион.
Последиците од оваа битка биле катастрофални за турскиот аскер,каде што загинале околу шеесет турци,и уште толку ранети.
Од Дељовата чета загинале само тројца,и еден ранет.Убиените од турскиот аскер биле натоварени на војнички коњски коли и погребани во Гевгелија,а тројцата македонски комити (од селото Бајалци)биле погребани во селските гробишта во Стојаково.
Народот ја овековечи битката на Стојачка Чука со т.н. Песна за Дељо капидан

Песна за Дељо Капидан
Се собраа,се набраа
Дваесет и петмина,се млади момци
Се млади момци,се Македонци
Збор си кажуваат каде да одат
Право ми теглат за Стојаково
За Стојаково,во горното маало,
ВО горното маало,во левата страна,
Во левата страна,во Ќорнаковци
Во Арбулевци јадат и пијат
Јадат и пијат и на бој мислат
Осетија шпиуните
Ми отидоа во Гевгелии
Му кажаа на бимбашијата
На бимбашијата,на миљазимот
Полно е селото комити
Тргна војската во потера
Комитите потегнаа за чуката
За чуката ,во Ѓоров Мегдан
Најнапред врви Дељо капидан
Дељо капидан од Богданци
По него оди Дилбер Илија
Дибер Илија од Гаваљанци
Илија вели,вели ем говори
Да се бориме ,браќа,јуначки
за слободата на Македонија
Таму,на чуката ,стана бој ужасен....
Се собраа,се набраа
Дваесет и петмина,се млади момци
Се млади момци,се Македонци
Збор си кажуваат каде да одат
Право ми теглат за Стојаково
За Стојаково,во горното маало,
ВО горното маало,во левата страна,
Во левата страна,во Ќорнаковци
Во Арбулевци јадат и пијат
Јадат и пијат и на бој мислат
Осетија шпиуните
Ми отидоа во Гевгелии
Му кажаа на бимбашијата
На бимбашијата,на миљазимот
Полно е селото комити
Тргна војската во потера
Комитите потегнаа за чуката
За чуката ,во Ѓоров Мегдан
Најнапред врви Дељо капидан
Дељо капидан од Богданци
По него оди Дилбер Илија
Дибер Илија од Гаваљанци
Илија вели,вели ем говори
Да се бориме ,браќа,јуначки
за слободата на Македонија
Таму,на чуката ,стана бој ужасен....