Македонското виртуелно етно село во Нерези

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Погледнете ја Македонија во мало на падините на Водно (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонското виртуелно село е уникатен проект во кој не само што се гради по теркот на старите македонски градители, туку е замислено и така да живее - планирано е да работат и валалница, воденица и рибник.

Македонија во мало, распослана на повеќе од 4.000 квадратни метри, наскоро ќе заживее на само дваесетина минути од центарот на Скопје. Тоа е „Македонското виртуелно село" над манастирот Свети Пантелејмон на Водно, кое со изградените 15 автентични традиционални македонски куќи се очекува да стане туристичка атракција за странските и за домашните гости.

Мајсторски се направени, нема збор – сите куќи до една велешка, прилепска, струшка, галичка, беровска, тетовска, кумановска, кратовска, реканска, скопска (Скопска Црна Гора)... За тоа се заслужни работниците на тетовската градежна фирма „АК-Инвест-Тетово".

Добрата вест за градителите на македонското село на Водно денеска ни ја кажа нејзиниот директор Агрон Нухиу, кого го затекнавме на градилиштето. „Ак–Инвест–Тетово" од завчера е добитник на наградата „Голден", која се доделува за квалитет во областа на бизнисот и иновацијата (БИД) на манифестација во Женева. Оваа тетовска фирма за околу 15 месеци изгради 20 објекти во селото. И денеска работниците ги затекнавме во работа. За покривање на галичката и за струшката куќа се носеле плочи од Албанија, инаку претежно се користел камен од македонските каменоломи.

Директорот Нухиу вели дека до 1 јуни треба да завршат градежните работи во селото и откако ќе се опреми ќе може да ги отвори вратите за туристите.

На влезот од селото (наспроти манастирот Свети Пантелејмон) ќе има пријавница за гостите и продавница за сувенири.

Македонското виртуелно село е уникатен проект во кој не само што се гради по теркот на старите македонски градители, туку е замислено и така да живее. Во таканаречениот економски двор планирано е да работат и валалница, воденица и рибник. Водата од резервоарот над селото прво ќе се слева во рибникот, па во воденицата, а потоа и во валалницата. Приземјето на куќите ќе биде резервирано за занаетчиите. Како дел од комплексот се изградени музеј во кој ќе биде изложено етнолошкото наследство на Македонија, ан и голема меана.

Денеска на мартовското сонце ударнички се работеше, ама има уште за дотерување. Откако ќе завршат сите градежни работи, ќе почне внатрешното уредување и опремување со мебелот. Изградбата чини 4,5 милиони евра, башка се опремувањето и внатрешното дотерување.

Кој и како ќе го стопанисува Македонското село на Водно сè уште нема конечна одлука. Извесно е дека меаната, занаетчиските работилници, собите за туристите ќе се издаваат под закуп, но не се знае по кои услови и по кои цени.

http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/poglednete-ja-makedonija-vo-malo-na-padinite-na-vodno-0#14

На следниот линк малку постари фотографии од мај 2012

http://www.build.mk/?p=14634
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.168
Поени од реакции
34.279
Ги убија вистинските села, па сега креираат виртуелни. Некој видел нешто слично во „Странција“, па решил и кај нас да го реализира.
Има прекрасни места низ Македонија кои уште живуркаат и низ кои може да се погледне етнолошкото наследство. Ова ми е фејк и не го разбирам. Или тука треба да ги носиме туристите?
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Ова уште село да е..
Каде се бабите, дедовците, тракторите шо брчат, стока, измет по пато, мирис на плевни, работна атмосфера, селска чешма, главна селска продавница со тоа и селско собрание ?
Глупости.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Ги убија вистинските села, па сега креираат виртуелни. Некој видел нешто слично во „Странција“, па решил и кај нас да го реализира.
Има прекрасни места низ Македонија кои уште живуркаат и низ кои може да се погледне етнолошкото наследство. Ова ми е фејк и не го разбирам. Или тука треба да ги носиме туристите?
Некој си стаил милионче у џеб , оваа инвестиција не е џабе :D
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ги убија вистинските села, па сега креираат виртуелни. Некој видел нешто слично во „Странција“, па решил и кај нас да го реализира.
Има прекрасни места низ Македонија кои уште живуркаат и низ кои може да се погледне етнолошкото наследство. Ова ми е фејк и не го разбирам. Или тука треба да ги носиме туристите?
Јас сум со дијаметрално спротивен став и мислам дека ваквите села се токму реклама за селскиот туризам и најчесто ги посетуваат туристи кои се на ден или два во посета на главниот град а ваквото село треба да им ја разбуди љубопитноста да прошетаат малку и по внатрешноста на Македонија.
Според мене во оваа село треба во секоја куќа да има туристички информации за регионот кој го представува куќата. Тоа само дополнително ќе го заживее селскиот туризам.
--- надополнето: 21 април 2013 во 13:03 ---
Ова уште село да е..
Каде се бабите, дедовците, тракторите шо брчат, стока, измет по пато, мирис на плевни, работна атмосфера, селска чешма, главна селска продавница со тоа и селско собрание ?
Глупости.
Болдираното ќе го има.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
А кога веќе Владава замара со стари објекти, зашто не даде субвенции за секоја куќа која ќе биде градена по стар стил? Само како идеја, не ме тепајте.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
А кога веќе Владава замара со стари објекти, зашто не даде субвенции за секоја куќа која ќе биде градена по стар стил? Само како идеја, не ме тепајте.

Би требало да се дават субвенции за реставрација на стари и автентични куќи. Но мислам дека од фондовите за рурален развој има субвенции за селски туризам веројатно меѓу другото можно е и субвенционирање за реставрација.
 
F

FARANG

Гостин
Ова е бледа копија на Taman Mini Indonesia Indah во Џакарта. Идејата таму е да се прикаже Индонезија во еден парк во кој секоја провинција остров е помалку репрезентиран. Се е тоа фино таму сепак Индонезија е држава со 9000 острови, муслиманска, будистичка, христијанска, холандска, пленемска и каква ти се не култура... Македонија се вози за 3 саати. Има потенцијал да го направат интересно и би го посетил ама се надевам ќе биде како треба а не ко повеќето работи само блага импровизација.

http://tamanmini.com/english/
--- надополнето: 21 април 2013 во 14:26 ---
Би требало да се дават субвенции за реставрација на стари и автентични куќи. Но мислам дека од фондовите за рурален развој има субвенции за селски туризам веројатно меѓу другото можно е и субвенционирање за реставрација.
Не. Треба да се заштитат тие објекти со закон и да им се забрани на сопствениците да ги рушат, едноставно да мора да ги реставрираат во тој стил. Така е секаде во светот
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
И па околу Скопје ...

Шо се лутеме коа не викат Република Скопје ?

п.с. арно пишаа горе , колку многу села има во Македонија , само малце работа треба и ќе заживеат , ама ...
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Какво е бе ова село, воопшто не наличува на обично македонско село а ќе ви кажам и зошто, според мене:
1. Премногу мало пространство, каде се видело толку збиени куќи(барем во Источна Македонија), каде е местото за штала, плевна, кокошарник, трем за стоката, амбар?Сите овие се селски градби и без нив како да не е село.
2. Селските куќи се градат од полна, земјана, црвена цигла. Не од далутки(иверки).
3. Амбентот во овие куѓи воопшто не е доловен. Мислам не е исто да седиш во куќа со ѕид дебел некои 80цм или метар. Во лето, а и во зима се забележува тоа.
4. Старите куќи се покриваат со керамиди кои ние ги викаме црепки(не знам како им е името, такви полукружни мали се редат во повеќе слоеви).
5. Куќите постари од 100 години се градат од плет(испреплетени стапови со кал и слама).
6. Од афтентичност забележувам само гредоред, друго ништо.
7. Премногу скоцкано за да долови амбиент на старо македонско село.
8. Многу ме потсеќа на комплексот Аурора во Берово.

Инаку, можеле да помогнат некое село кое е во фаза на исселување, ќе ги подзакрпеле старите куќи, тоа малку население што останало ќе добиело некоја егзистенција, ќе привлечеле поново враќање колку-толку. Се на се, џабе фрлени пари.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
21.861
Поени од реакции
29.127
...се носеле плочи од Албанија...
Најверојатно заради автентичноста. Во минатото исклучиво од Албанија увезувале материјал за градење...
 
Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Стално јадат бабури за архитектите, ова биле-она биле.....знаеле-незнаеле......
Оваа идеја сама по себе е неархитектонска, а со тоа и невидено примитивна и банална, но е целосно автентична за времево кое го живееме - виртуелна, исто како што имаме виртуелен живот, виртуелно стопанство, виртуелен раст на економија, виртуелно покачување на број на туристи и сл.
Прво е дебилно, како може на еден комплекс како што е манастирот Св. Пантелејмон, чија црква е единствен, повторувам единствен црковен објект од времето на Византија на наша денешна територија (подигнат од Алексеј Комнен), да му се насади една ваква измишљотина. Демек ќе го дополни просторот со содржини? Фреската „Оплакување Христово“ е прв пат прикажана како композиција на ѕидовите на манастирската црква, успеала и покрај разноразни освојувачи, земјотреси да остане во нормална состојба. Истата е векови подоцна, историчари на уметноста ја означуваат како почеток на ренесансата во Европа, откако ќе ја наслика Џото........малку ли е ова да му го кажеш на некој странец, него треба и некои измислени куќарки да му покажуваш?

Второ, исто така дебилно е што куќите по македонските градови се градени во контекст - природен, историски и каков се' не. Велешката и струмичката куќа имаат суштински разлики, меѓу другото што едната е градена (претежно) на кос терен, а другата во рамница - така да на брдово, може и да има некаква логика да виртуелизираш велешка куќа, ама со рамничарските тоа не бива. Да не зборам за тоа какви амбиентални вредности се создавале на лице место, ансамбли од неколку куќи - што значи охридска куќа без поглед на Охридско Езеро? исл.

Трето - се вергла како треба да се запознае земјата.....па како ќе ја запознаам? Треба на Водно да одам или во Берово за да видам „беровска куќа“? Па и Берово не е на Хималаи, ене го кај е - 2 до 3 саати возење и што е најтрагично (ете ај за Берово се фатив) има и што да видиш таму - не е некоја вукојебина.......е патот бил срање - па и за тоа е крив некој колега - вол, на волов што му текнало за виртуелноста....

Од селово не е „виртуелна“ само глупоста на самата идеја, друго све е виртуелно...
 
Ова не е за тебе ова е за некој странец што има 3 дена во МКД и неќе да иде надвор од СК. Таман работа ова да е замена за да идеш и да прошеташ некаде... Идеата не е лоша, нека дојде нека види па ако сака нека иде и нека прошета наредниот ден на тоа место. Се надевам само дека ќе го направат како треба а не нешто без везе
 
Kajgana Shop

На врв Bottom