Стрелец
El Mariachi
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 910
- Поени од реакции
- 10
Црковносколската Општина ’Раѓање на Пресвета Богородица’ од Sterling Heights, Michigan/SAD избрала нова Црковна управа на чело со Г-дин Светозар Стамевски-Светле од с. Одри-Тетовско како претседател. Г-дин Софче Јовановски од Јегуновце бил избран за секретар, а Г-дин Раде Михајловски од с. Теарце-Тетовско за благајник.
На работното претседателство од изборното собрание како претседател раководел Г-дин Аце Атанасовски. Од 305 членови со право на глас на собранието до моментот на гласањето се собрале 201 член од кои 125 му ја дале довербата на Стамевски, додека остатокот го поддржала досегашниот Претседател Г-дин Рашко Спасовски (2003-2005 мандат).
Новиот претседател Стамевски изјавил дека ке се стреми заедно со црковната управа да го собере народот во Св. Богородица, како што рекол “затоа што ние не сме само црква, ами сме и македонска заедница”.
Тој ветил омасовување на членството во Св. Богородица. Г-дин Стамевски меѓу другото навестил и нов стил на работа во управата. На собранието едногласно бил усвоен и буџетот за 2005 година во износ од два милиони USD. Биле најавени и покажувања на црковните такси и членарина за следната година.
За епархиски делегат бил избран Г-дин Трпко Марковски од Тетовското село Челопек.
Меѓу гостите на ова изборно собрание биле многубројни основачи на Св. Богоридица, а присутен бил и Др. Стојадин Наумовски, член на Етничкиот Совет на Sterling Heights.
Сите избрани управници се активни учесници на речиси сите настани организирани во САД и Македонија од страна на црковната општина како и другите организации и здруженија што се активни на овие простори.
Интересно е да се напомене дека за изградбата на храмот Св. Богородица близу 1800 семејства дарувале средства во износ од повеке од 4 милиони долари, а изградбата чинела блиску 8 милиони USD. Од 568 редовни членови со право на глас во 2002 на годинешното изборно собрание право на глас имале само 305, што е речиси преполовување на членството. Според правилникот на Црквата само оние членови кои ја подмириле членарината имаат право на глас, а за да членуваат во црковната управа членовите требало да бидат активни и редовни членови две години едноподруго. За да се кандидира за претседател членот треба да бил активен член последователно во изминатите пет години едноподруго.