Македонски филмови

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.493
Поени од реакции
80.553
Абе, што проблем има Атиџе од Медена Земја што сите гледам споделуваат по социјалниве мрежи?
Ја искористија сите од Владава да се промовираат себе си тогаш за Оскарите, и ветуваа удобна куќичка и работа во општината, и неколку месеци подоцна еве се отвара жиро сметка за помош на жената. Класика македонска работа, ништо ново :toe:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ја искористија сите од Владава да се промовираат себе си тогаш за Оскарите, и ветуваа удобна куќичка и работа во општината, и неколку месеци подоцна еве се отвара жиро сметка за помош на жената. Класика македонска работа, ништо ново :toe:
Колку што знам и купија куќа. Скоро имаше нешто по порталиве дека има проблеми со оној клошарот од филмот. Се заканувал дека ќе ја убие и неа и брат и'.
Автоматски споено мислење:

П.С. моментално на 24ка има Астрорум со Тамара Котевска.
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Дедо и внук го имате на некој од балканскиве пиратерија форум и торент сајтови.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903

Трејлер за "Исчезнатиот", премиера планираат за април 2021 г.
Уште летово кога видов некое видео, не ми се свиѓаше.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366

Трејлер за "Исчезнатиот", премиера планираат за април 2021 г.
Уште летово кога видов некое видео, не ми се свиѓаше.
Ајде ваљда до 2050 ќе престанеме да правиме вакви филмови.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ајде ваљда до 2050 ќе престанеме да правиме вакви филмови.
Прво имаа ставено само трејлер без превод, се мислев да им промрчам дека Македонија го спонзорирала лајново и најмалку што треба да направат е да го пуштат со МК превод и оп гледам го ставиле и на нашки. :D
Инаку уште летово кажав дека од филмов не очекувам ништо и ми делува ко тешко срање.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Имаме малку легенди, ама и тие што ги имаме, не знаеме да си ги цениме. Тоа го заклучив откако ја прочитав автобиографијата на Коле Ангеловски, легендарен актер и одличен режисер на играни филмови, претстави и телевизиски емисии, драми и серии. Како глумец играл во „Лито Виловито“, „Три“, „Човек од свита“, „Битката на Неретва“, „Сутјеска“, „Собирен центар“, „Жикина династија“, „Македонски дел од пеколот“ и многу други.

Човекот што има играно во голем број југословенски остварувања со тогашните најголеми филмски ѕвезди од Балканот ко Бата Живоиновиќ, Неда Спасојевиќ, Љубиша Самарџиќ, Милена Дравиќ и легендите на американскиот филм Ричард Бартон и Орсон Велс.

Ко актер влегува во филмот сосема случајно додека бил уште студент на филмската академија во Белград. Бил во класа со легендарните Драган Николиќ и Сека Саблиќ. За Сека вели дека била најдобриот студент во класата, вредна и секогаш подготвена,а за Драган дека бил најлошиот студент. За време на едно предавање по филозофија, кога професорот го прашува Драган дали знае кои биле
софистите, овој одговорил следбениците на Софија Лорен.

Кажува интересна случка кога се запишал на академија имал проблеми со акцентите и српскиот јазик, а во тоа време на академија четврта година бил и Ристо Шишков. Сите професори му велеле да се угледа на Шишков, кој зачудо струмичанец, а одлично го зборувал српскиот.
И така Коле додека сè уште биле на академија го прашал: „Рики, брат, да ми помогнеш околу акцентите, должини...“ - Извини, неќу да се дружим са Македонцима, поквариќу свој добар српски језик.
И вели толку од нивното дружење на академијата, подоцна професионално соработувале и се дружеле и некои луѓе кои и не го познавале баш најдобро, направиле од него маченик и херој, а тој бил повеќе алкохоличар.

Ко режисер, ги снимил играните филмови: одличниот „Татко“ (Колнати сме, Ирина), најдобрата македонска комедија „Викенд на мртовци“ и „Ах, љубов моја“. За телевизија, ги снимил легендарните серии „Итер Пејо“ (која добила одлични критики и биле спремни за продолженија, ама се јавиле Мариовците изиритирани дека не се такви какви што биле прикажани, и се створила хајка за да не се продолжи), „Солунски патрдии“, „Театарче Лево Ќоше“, „Училиште за кловнови“ (серијава се репризира периодов на МРТ 5), „Чудовишта во нашиот град“, „Македонија може“, „Седумка, љубов и смрт“ и „Неверство во зимската ноќ“, телевизиските драми: „Клинч“ по сценарио на Горан Стефановски, „Сребреното јаболко“ по сценарио на Оливера Николовска, „Балканска 2А“ по сценарио на Дејан Дуковски и телевизиските филмови: „Мала ноќна музика“ (за филмов не постои никаква информација на интернет), „Време за плачење“ и „Пусто турско“.

Има доста анегдоти и заебанции околу филмовите што ги снимал ко актер во Србија и во Босна, Словенија, но бидејќи темава е за македонски филм, ќе го напишам тоа што е важно за темата.

Имено, по завршување на постдипломски во Франција, Коле се враќа во Македонија, и заедно со уште неколкумина филмаџии (Стево Црвенковски, Бранко Гапо, Ацо Петровски), незадоволни од монополот
на „Вардар филм“ ја оформуваат Филмската работна заедница (ФРЗ), надевајќи се дека ќе добијат можност и тие да снимаат филм.


Со тетинот Илија, Коле го напишал сценариото „А на враќање, човек не ни умре“, работено според оригинални кажувања на група селани од охридско кои по Илинденското востание, под казна заминуваат на сургун, прво во Охрид, па во Битола, од таму со воз во Солун, па со брод до Александрија и
потоа низ пустина пеш сè до Дијар Бекир. Конкурирале во фондот, претседател бил Живко Чинго, кој рекол дека многу му се допаднало сценариото но кога разбрале дека Коле сакал да го режира, а имал само 25 години, а филмот бил скап, му предложиле да најде друга идеја зза поевтин филм.

Во тоа време, воодушевен од расказите на Чинго, особено од расказот „Татко“, напишал сценарио за филм по тој расказ. Го однел сценариото во ФРЗ, Гапо кој бил претседател на ФРЗ му рекол одлично, сега уште да најдеш пари, техника и лента и можеш да го снимиш.

ФРЗ требало да застане зад филмот ко продуцентска куќа но го оставиле сам. Случајно нашол црнобела филмска лента од пријател од „Босна филм“, уште од почеток, додека го пишувал сценариото,
Дарко Дамески требало да ја игра главната улога (свекорот), договараат снимање, медиуми дошле на почетокот на прва клапа и оп, пола саат пред почеток на снимањето дошол Дарко Дамески и рекол дека не бил спремен ниту психички ниту физички да игра во филмот.

Му се јавува на Бата Живоиновиќ, Бата му рекол земи сценариото и доаѓај во Суботица. Отишол, сценариото му се допаднало на Бата, рекол штом ќе заврши со снимање во Суботица, ќе дошол да игра во филмот. Ама немам пари да те платам. - Ко те бре пита за паре... јел ти треба још нешто?

На снимање Бата дошол со сопствена камера и објективи кои им ги позајмил за снимање на филмот бесплатно и „Мерцедес“ за потребите на екипата.
Го снимиле филмот за 19 дена, ја монтирале сликата, го однеле на прикажување во фондот за да добијат пари, ама комисијата на чело со Дарко Дамески нити дала позитивен нити негативен одговор, минало некое време „ФРЗ“ се споило со „Вардар Филм“, Гапо си се наместил во Вардар Филм и не му било гајле дали ќе се заврши „Татко“ и Коле пак му ѕвони на Бата. Овој ни три ни пет, рекол: „Спакуј филм и доѓи у Београд“.

Го однел Бата во белградската ФРЗ, направиле две тонски верзии, една српска, една македонска, премиерата била во официјалната конкуренција на фестивалот во Пула, од „Вардар Филм“ правеле опструкции и барале филмот да се забрани и за малку ќе успееле, да не бил Тито (ко голем филмски сладокусец кој претходно го видел филмот во викендичката во Бриони).
Дента на премиерата, Коле им ѕвони на „Вардар филм“ и ги прашува која верзија да ја пушти, на што добива одговор: „Пушти ја која сакаш, нас тоа нè не интересира.“

Филмов долго време го немало во македонската кинотека, подоцна, кога филмот бил префрлен во Македонија, од белградската филмска лабораторија Коле дознал дека испратиле 46 копии до фестивали низ светот, а тој не бил на ниеден од нив, зашто Дарко Дамески ко претстедател на фондот во Македонија му ги криел поканите.

Нејсе, оди Коле во „Вардар филм“, претседател Анте Поповски (поетот), му го носи сценариото „А на враќање, човек не ни умре“.
Анте му вели, го знам сценариово, добра тема, дојдете со Петре (Петре М. Андреевски) да се договориме. Зошто со Петре? Имено, Гапо во ФРЗ, им поделил пари на неколку наши писатели да напишат сценарио за филм, освен Варошлија, никој ништо не напишал.

За да го оправда ова Гапо му рекол, вклучи во Петре ко косценарист. Коле му го дал сценариото на Петрета, овој после некое време однел сценарио со наслов „Најдолгиот пат“, автор Петре М. Андреевски. Како тоа само Петре автор, а јас?! - Таму каде што стои моето име, нема место за други имиња! - рекол Петре. При што Гапо си го снимил „Најдолгиот пат“, Петре си го лапнал авторството, а Коле останал со прст во уста.

Значи какви заткулисни битки се воделе во Агенцијата за филм и порано, ништо не е сменето. А одредени луѓенца (Љубиша Георгиевски, Дарко Дамески, Кирил Ценевски и Бранко Гапо) кои се воспевани, не се такви какви што се сметаат денеска, великани.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom