Македонски филмови

Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
@Zlatikevichius @Imperatorot Јас не реков дека филмот е за Оскар. Ниту дека сите филмови и се wow. Но Теона е најпознатата и најуспешна македонска режисерка. Ограниченоста јас ја гледам во тоа што темите на нејзините филмови се секогаш неприфатливи за Вас и пошироката публика. Упорно и се негира успехот само поради тоа што обработува контроверзни теми. Џган и Исцелител се многу подобри но не постигнаа успех на меѓународен план. Берлинале е Берлинале па макар и во најслаба програма. Билборди со Петрунија беа поставени низ Франција, Јапонија... Слободата на уметничко изразување е загарантирана.
Автоматски споено мислење:

Рече и остана жив. Србија за Македонија е Холивуд. Да за Македонија, не за Северна.
Да да со Балканска меѓа и Јужни ветар. Тоа се комерцијални филмови нема никаква уметност тука. Националистичка пропаганда како во тогашна Македонија со Трето полувреме, Балчак, Деца на сонцето итн.
Сакале или не држава по Устав и меѓународно е призната како Северна Македонија. Но тоа не е темата.
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
@Zlatikevichius @Imperatorot Јас не реков дека филмот е за Оскар. Ниту дека сите филмови и се wow. Но Теона е најпознатата и најуспешна македонска режисерка. Ограниченоста јас ја гледам во тоа што темите на нејзините филмови се секогаш неприфатливи за Вас и пошироката публика. Упорно и се негира успехот само поради тоа што обработува контроверзни теми. Џган и Исцелител се многу подобри но не постигнаа успех на меѓународен план. Берлинале е Берлинале па макар и во најслаба програма. Билборди со Петрунија беа поставени низ Франција, Јапонија... Слободата на уметничко изразување е загарантирана.
Автоматски споено мислење:


Да да со Балканска меѓа и Јужни ветар. Тоа се комерцијални филмови нема никаква уметност тука. Националистичка пропаганда како во тогашна Македонија со Трето полувреме, Балчак, Деца на сонцето итн.
Сакале или не држава по Устав и меѓународно е призната како Северна Македонија. Но тоа не е темата.
Крајно време е да не почастиш нешто од тоа парите што ги зимаш од НВОто за тоа што седиме тука и ти ја читаме пропагандава.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Периодов ја гледам германската серија Dark и си викам кога ли ќе создадеме и ние една таква сложена приказна, а скоцкана до детаљ и со кастинг и со музика и сценографија, костимографија топ, и ми текнува дека кај нас Теона добива уште пари за филмови... (n)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Јас не реков дека филмот е за Оскар.
А му имаш дадено 10/10 на LB.

Ниту дека сите филмови и се wow.
Само штом се спомне нејзиното име пишуваш цели хвалоспеви.


Ограниченоста јас ја гледам во тоа што темите на нејзините филмови се секогаш неприфатливи за Вас и пошироката публика
Ај врати се погоре во моето мислење да видиш дали некаде ја спомнав темата како неприфатлива за мене. Со факти ти образложив зошто филмот е срање, ти си се запнал за тоа Смилковско (читај: контраверзната тема) ко слеп за стап.

BTW, В во вас се пишува со голема буква кога песрираш на една личност, ако како во случајов се обраќаш на двајца, в е мала. ;)
Упорно и се негира успехот само поради тоа што обработува контроверзни теми.
Сега не тврдам дека е така и во случајов, напротив, ама за да ВЛЕЗЕ девојка во преполна дискотека понекогаш е доволно и да покаже цицка на обезбедувањето. За ВЛЕЗ на фестивал можеби треба да рашират нозе, who knows. Не така одамна паметиме наши музичарки кои спиеја со директорот на една локална музичка телевизија, а беа наградени со ВЛЕЗ на нивната топ листа. Така, тоа што влегла Теона во официјална селекција во Берлин е за поздрав, да, ама е далеку од огромен успех. Наградите се бројат, бато, не прошетките. И нашиве спортисти се шетаат по Олимпијади, ама со тоа не постигнале успех, се прошетале. Така и Теона.

Ај сега да видиме:
-Кога денот немаше име - 2 nominations, 0 awards
-Петрунија - 10 nominations, 7 awards
-Исцелител - 25 nominations, 9 awards.
Да повториме: кој беше успешен?
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
@Corvus - За потсетување Милчо и Теона беа редовно подржувани и од претходната власт и тогаш се удираа во гради со нивните проекти. Ако соросови НВО плаќаа немаше Кога денот немаше име да биде цензуриран.
Така да глупоста за подршка на НВО секторот на нивната работа е апсурдна. Посочи кој од НВО секторот плаќа и ја подржува Теона или Милчо? Во што е пропагандата? Пропаганда беше тоа што ни случуваше нас од 2012 до 2015 и тоа што сега се случува во Србија. Кога филмот се злоупотребува за ширење националистички и политички пораки а не за еднаквост, разбирање и други позитивни вредности. Сега може кој сака што сака да снима. Само ако сака да снима филмови за Александар, Мис Стоун, Егејците и војводите ќе мора да бара подршка на друго место. Или во источно ориентираните НВО.

@Zlatikevichius - Форумот е место за изнесување на лични ставови и мислења. Јас го изнеснов своето и го подржав со факти врз основа на кои сум го засновал моето мислење.
Секое оценување на Imdb и Letterboxd е субјективно што значи дека на корисникот лично (не) му се допаѓа филмот што е мое, твое и сечие право. Што се однесува до т.н. хвалоспеви јас сум спремен да напишам исти такви кога било кој друг режисер освен Милчо, Теона и Медена земја ќе оди на Оскари, Венеција,Берлинале или било кој релевантен фестивал. Ни од џеб ни во џеб но тие добија пари за нови филмови врз основа на своето CV. Фактот дека новиот филм на Теона доби подршка за развој од Кан, Еуроимаж итн. Тоа што Милчо има осум копродуценти (Данска, Велика Британија, Белгија, Луксембург, Словенија, Албанија, Унгарија и Полска) е уште една потврда зошто јас ги подржувам.
Признавам има вистина во твојата теорија со цицката, нозете итн. Но факт е дека нејзините филмови се пробија на меѓународно поле. Сакам Северна Македонија редовно вака да биде претставувана. Се надевам дека Ѓорче, Вардан, Венинова, Дума ќе го повторат она што го постигнаа Медена земја, Митевски, Милчо и Столе Попов.
78329029_657358414795678_8242989612025249792_n.jpg 54515924_502315730299948_1929734810457079808_o.jpg 59285612_523351631529691_4890385604451237888_o.jpg
@Scirea е пример за менталитетот за кој зборувам. Ако на некој му се допаѓа тоа што на мнозинството не му се допаѓа од х причини тој се боде. Ако некој не става револуционери или ако го почитува Уставот и законите тој пак не е во ред
и веднаш се обидува да го омаловажи и исмева.
 
Последно уредено:
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.240
Поени од реакции
3.137
@Zlatikevichius @Imperatorot Јас не реков дека филмот е за Оскар. Ниту дека сите филмови и се wow. Но Теона е најпознатата и најуспешна македонска режисерка. Ограниченоста јас ја гледам во тоа што темите на нејзините филмови се секогаш неприфатливи за Вас и пошироката публика. Упорно и се негира успехот само поради тоа што обработува контроверзни теми.
Добро јас цел пост напишав за другите ствари што не чинат, освен темата, ама ти читаш само тоа што сакаш. Еве демантирај ме кажи што чини во филмовите на Теона. Голем к*р ако добила некои награди,коа не ја бива, а и тие награди се чиста политика.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Морам уште ова, и се откажувам:

* да подржиш нешто, значи да фатиш нешто в рака и да не го пушташ некое време
* да поддржиш нешто, значи да му дадеш на нешто поддршка.

;)

Но факт е дека нејзините филмови се пробија на меѓународно поле.
:facepalm:

OK
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
@Zlatikevichius трите слики доволно говорат за пробивот на меѓународен план ама само што добив статистика за Петрунија

"Филмот беше прикажан на 160 фестивали, доби 38 награди, а со кинодистрибуција е застапен во 43 држави."

Повелете свежо интервју за нештата да станат појасни

Пред фактите и боговите молчат. Можете уште 100 ха-ха реакции да ставите џабе е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom