Македонски филмови

Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Илузија е според мене најдобар, а и Сенки е добар, можеби зошто е највисокобуџетен од сите. :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.752
Црно Семе и Истрел од постарите. Од поновите ми се допадна Големата Вода, има тешка и тажна приказна и одличен саундтрак.

Би сакал еден ден на некој кај нас да му текне да направи ДВД изданија од сите македонски филмови, па да изгледаме се како луѓе. Веројатно сметаат дека не е многу потребно еден народ да си го познава сопственото филмско наследство. Можеби некому ќе му текне еден ден. До тогаш, останува да се снаоѓаме со ТВ-рип снимки и останати благодети што ни ги овозможува пиратеријата. Господ здравје да и даде и да ни биде вечна.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Би сакал еден ден на некој кај нас да му текне да направи ДВД изданија од сите македонски филмови, па да изгледаме се како луѓе. Веројатно сметаат дека не е многу потребно еден народ да си го познава сопственото филмско наследство. Можеби некому ќе му текне еден ден. До тогаш, останува да се снаоѓаме со ТВ-рип снимки и останати благодети што ни ги овозможува пиратеријата. Господ здравје да и даде и да ни биде вечна.
Тоа треба да се праша Кинотеката на Македонија. Читав пред некое време дека се осовремувала Кинотеката и дека филмовите конечно се чуваат во модерни простории. Може со тоа и ке почнат да се преиздаваат филмовите во нов формат.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.752
Да се надеваме, иако познавајќи не што табиет сме, ќе си ги чуваме уште подолго и ќе се фалиме дека добро ги чуваме. На пример, пред неколку години кога ги рушеа бараките кај ЕТФ добив некоја литература. Ја чувале па немале каде да ја преместат по рушењето. Книгите беа од 1970-1975 година. Перфектно зачувани, немаше ни прашина на нив. Како нови.

Никому не му текнало дека книгите се за читање, а не за чување. 30 и кусур години...

Затоа сум песимист дека ќе ги дочекам старите македонски филмови на ДВД издание. Се надевам дека грешам. До сега, единствено што се направи беше онаа акција кога 4 филма излегоа на ДВД и ги даваа со весници. И тоа не е лошо, само да се случува почесто.
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
викенд на мртовци
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Сенки
Пред дождот
Балканкан
Илузија
 
Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
еиии
има повеќе ама ако морам да бирам.....црнила.
ама одма после тоа следуваат сенки,балканкан и тетовирање
 
Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Стрмоглави, Тетовирање , Балканкан .
 
lidu6

искусен форумџија
Член од
8 јуни 2008
Мислења
181
Поени од реакции
8
превртено мене најмногу ми се бендисува, иначе не е лош тетовирање, пред дождот:wink:
 
Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
ги прочитав сите постови на темава и имам да кажам неколку работи. за сите тие што не ви се допаѓаат македонските филмови, знам која ви е маката - изамериканизарине сте. што значи тоа? тоа значи дека од гледање холивудски филмови, кои се лесно читливи, во кои знаеш што отприлика ќе се случи и кои едноставно, дури ги гледаш ти го оставаат мозокот да ти спие, па дури и исто ти е дали си го преспал, или си го изгледал, затоа што на крајот на филмот пак исто ќе ти остане во меморијата...ќе го паметиш некое време, а после кога случајно ќе го гледаш пак, и нема да ти текне дека си го гледал. секоја чест на американските филмови кои имаат одлична сторија, не се толку лесни за разбирање и освен што те воодешуваат и ти остануваат во сеќавањето, но другите се исклучиво правени за американскиот пазар, односно за тие глупаци што ништо не би можеле да сфатат.
е сега, кога вие, што велите дека македонските филмови се тапа, ќе изгледате еден филм од типот на тетовирање или сенки, бидејќи сте навикнати да го изгледате филмот и веднаш се да ви биде јасно, овие нашите не ви се допаѓаат. затоа што тука треба и да размислиш, да го гледаш концентрирано, да сфатиш за што се работи. па ако сакате да станете како американскиот народ, би мај гест. јас ќе си гледам македонски филмови, ќе се мачам ако треба за да го сфатам, ама барем ќе знам дека сум гледал некоја приказна која има смисла, а не некои идеални работи кои на никој жив никогаш нема да му се случат. најмногу ме нервира фактот, што, таквите како вас, кога ќе им се спомне гледање на некој македонски филм, веднаш го одбиваат тоа со едноставно образложение - ајде бе, македонски филм каков може да биде???? ако сакате да гледате филмови за кои после ќе сонувате како е се идеално, и како би било убаво на вас да ви се случи истото, а не да гледате што всушност ви се случува на вас и на вашите блиски...нема спас за вас. штета е само, што освен вас, на тој начин на размислување губи и целиот македонски народ.

што се однесува до тоа кој е најдобар филм, за мене несомнено е Тетовирање, кој ми е гледан безброј пати, и кој веќе го знам речиси на памет...од останатите филмови, речиси сите ми се гледани, и меѓу подобрите би ги одвоил: сенки, викенд на мртовци, самоуништување, илузија, среќна нова 49, балканкан итн итн.
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301

Ова болдираново ти е 99% од македонскиве филмови. Сите македонски филмови се (скоро) иста тематика, иста содржина, ист почеток, иста средина, ист крај. Чат-пат ќе сменат место на снимање и толку. 80% од филмот е ебење и пцуење, 5% муабет (за кој не ми треба филм зашто тој тип на муабет го слушам насекаде околу мене - македонец сум). Затоа странци ни даваат по 15 награди, а да излезам со камера, да шетам по улица и да снимам 2 саати, многу подобар филм мислам дека ќе излезе од 80% од нашиве.

Јас не барам ефекти, кршење коли, фрлање пари, убивање до бесвест.... ама барам со мозок да се сними филм, а не колку да се сними. Цело време или војна, или нашиот живот, или пак војна... или ај да смениме, животот на македонецот, па ај од дамна не сме напраиле филм со војна...

Ценам се што е наше, ама кога до толку не ги бива, што да им правам.
 
S

smart ass

Гостин
Ви ги е**М жените на ситее..

МОЈАТА НЕЕЕ...а у ствари она цревата си ги извадила од тресење:pos2::pos2:

Тетовирање е маестрално дело,јас сум од титов велес е песимистички метадонско ориентиран филм,знаете за разлика од соседниве земји нашите филмови имаат посебен шмек посебна содржина исто така Пред дождот е добар еве само за споредба додека кај нас се прават филмови вистински во Србија уште живеат 92-95 во војната и филмовите им се строго таа тематика а и да не го заборавам Ране како ВРВ на резилот но ете кај младината деликвенти и дебил ко чика куре им станаа идоли ццццц:tapp::tapp::tapp:

ЕДИТ-Викенд на мртовци истотака
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.752
ги прочитав сите постови на темава и имам да кажам неколку работи. за сите тие што не ви се допаѓаат македонските филмови, знам која ви е маката - изамериканизарине сте. што значи тоа? тоа значи дека од гледање холивудски филмови, кои се лесно читливи, во кои знаеш што отприлика ќе се случи и кои едноставно, дури ги гледаш ти го оставаат мозокот да ти спие, па дури и исто ти е дали си го преспал, или си го изгледал, затоа што на крајот на филмот пак исто ќе ти остане во меморијата...ќе го паметиш некое време, а после кога случајно ќе го гледаш пак, и нема да ти текне дека си го гледал. секоја чест на американските филмови кои имаат одлична сторија, не се толку лесни за разбирање и освен што те воодешуваат и ти остануваат во сеќавањето, но другите се исклучиво правени за американскиот пазар, односно за тие глупаци што ништо не би можеле да сфатат.
е сега, кога вие, што велите дека македонските филмови се тапа, ќе изгледате еден филм од типот на тетовирање или сенки, бидејќи сте навикнати да го изгледате филмот и веднаш се да ви биде јасно, овие нашите не ви се допаѓаат. затоа што тука треба и да размислиш, да го гледаш концентрирано, да сфатиш за што се работи. па ако сакате да станете како американскиот народ, би мај гест. јас ќе си гледам македонски филмови, ќе се мачам ако треба за да го сфатам, ама барем ќе знам дека сум гледал некоја приказна која има смисла, а не некои идеални работи кои на никој жив никогаш нема да му се случат. најмногу ме нервира фактот, што, таквите како вас, кога ќе им се спомне гледање на некој македонски филм, веднаш го одбиваат тоа со едноставно образложение - ајде бе, македонски филм каков може да биде???? ако сакате да гледате филмови за кои после ќе сонувате како е се идеално, и како би било убаво на вас да ви се случи истото, а не да гледате што всушност ви се случува на вас и на вашите блиски...нема спас за вас. штета е само, што освен вас, на тој начин на размислување губи и целиот македонски народ.
Јееее...научив нов збор! Изамериканизирани! Не сум сигурен дали точно го напишав не е лесен...

Што ни изнакажа човек? Олку генерализирање не сум видел уште од кога Илија ни пишуваше на форумот. Во кратки црти: холивудските филмови биле лесни за сваќање, нашите биле тешки.

Си го гледал Мементо? Да почнам да правам листа?

Сосема накратко:

Холивудските филмови се многу. Навистина многу. Затоа е нормално да има секакви. А луѓето сакаат да гледаат секакви филмови: некогаш сум расположен за мистерија или било каков тежок филм да си го вежбам мозокот, некогаш сум уморен и сакам да изгледам лесен и еднсотавен филм... Холивуд има по нешто за секого. Како може така да си генерализирате незнам...

А за Сенки, кој ни го претстави како оригинал квалитетен Макеонски филм: Сенки ти е комбинација од The Sixth Sense, The Others, The Passengers... и еден куп други такви Холивудски филмови, + the best of Jenna Jameson. Нема ништо изворно, наше, или тешко за сваќање, ако си гледал доста холивудски филмови, Сенки е препишан од таму.

Значи ништо против нашите филмови, сакам да ги има повеќе, сакам да направиме нешто поразлично, да не ја вртиме истата приказна везден... Со задоволство го гледам секој филм што можам да го изгледам. Само дај бе, од најголемата светска филмска индустрија на светот ја правите како друштво на филмски аматери и незналици, башка се обидувате да заштитите некои наши вредности со тоа што ќе ја бојкотирате. Нашите вредности немаат ништо заедничко со тоа и нас никој не не спречува да си правиме филмови, да ги гледаме и да ги сакаме. А Холивудските филмови преку 50 години ги гледа цел свет, и никој не се отуѓил, не станал американец со сила, нити пак изгубил нешто свое. И покрај големото количество на ѓубре што го продуцира, кое е резултат на огромниот број филмови што се снимаат (а ние се сакаме да изгледаме), Холивуд и понатаму останува далеку најквалитна филмска индустрија. Другите се светлосни години назад, и можеме само приказни да си измислуваме дека сме подобри од нив. Исто како што сме подобри во кошарка.
 
Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Ова болдираново ти е 99% од македонскиве филмови. Сите македонски филмови се (скоро) иста тематика, иста содржина, ист почеток, иста средина, ист крај.
да, да, сигурно. Тетовирање, Илузија, Сенки, Балканкан сите имаат иста тематика, и иста содржина. Не би се сложил.

Си го гледал Мементо? Да почнам да правам листа?
Не си ми јасен. Си го болдирал делот во кој велам дека им оддавам чест на оние холивудски филмови кои имаат вистинска сторија, кои прикажуваат нешто, а не само Чак Норис и Шварценегер кои изубиваат 500 луже и ништо не им е, и репликата ти е ова?:pipi:

другиот дел од постот, дека има многу холивудски филмови, и затоа мора да има и секакви, апсолутно се сложувам со тоа. Но, мојот пост се однесуваше на оние кои велат дека македонските филмови се секогаш срање, и што одбиваат да изгледаат еден филм само ради тоа што е македонски. Од тоа што го напиша ти, и колку што сфатив јас, ти не си во тие, односно сакаш да гледаш македонски филм, без разлика каков и да е. Респект за тоа.:smir:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.752
Го болдирав зошто контрадикторно ми беше, прво напиша дека има одлични филмови, а потоа (во другото болдирано) дека американските се лесни за сваќање, а нашите се тешки, затоа сакаш да ги гледаш нашите.

Значи многу генерално гледање на работите, холивудски филмови има секакви и сечиј вкус. Нашиот проблем е што сакаме се да видиме, па гледаме се што доаѓа, а каде што има многу квалитет, има и многу отпад. Ако сакаш филмови тешки за гледање, треба да гледаш такви филмови, но сосема е сеедно дали се холивудски, наши, европски итн... Тоа е вкус.

Филмовите се гледаат за тоа што се. Реков, имаш за сечиј вкус и за секое расположение. Терминатор со Шварценегер и ден денес е еден од најдобрите филмови некогаш направени. Филм кој ги помести границите на S.F. жанрот и кој има приказна, посебно првите два дела. Шварценегер го гледаш кога сакаш акција, нема лево-десно. Одиш на кино и знаеш каков филм ќе гледаш.

Како и да е, да скратиме: и мене не ми се допаѓа што се зборува лошо за македонскиот филм. Иако има доста простор за критика, зошто ние правиме малку филмови и лесно е да ги изгледаш сите и да ги искритикуваш. Но не ми се допаѓа и кога генерално се зборува како Холивуд бил с****, затоа што има премногу филмови, а ние ќе се фатиме за нешто од „Ш“ продукција како изговор да искритикуваме се. Генерализирањето не ми се допаѓа.

И нормално е луѓето да гледаат холивудски филмови. Јас сакам да ги гледам Македонските, но што да гледам во останатите 364 дена од годината? Да ги прегледувам постојано истите? Згора на тоа, не се ни грижиме доволно: каде се сите оние стари Македонски филмови да излезат на ДВД издание, како што се одамна излезени српските на пример. Нашиот филм ти е како национално богатство скриено во некој подрум. Не е за секого и се чува како тајна.

Незнам дали си го гледал Италијанскиот “Cinema Paradiso“. Еден од најдобрите филмови на сите времиња, кој го слави и филмот. И никаде не прави разлика помеѓу Италијански, Холивудски, Европски, Американски... Ако си го гледал, ќе сватиш дека се што дошло како идеја, како визија, дошло од Холивуд. Што е многу нормално, тие кога снимаа филмови ние во Европа очи си вадевме...

"Space may be the final frontier, but it's made in a Hollywood basement" - Red Hot Chili Peppers
 
Kajgana Shop

На врв Bottom