Македонски филмови

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Оваа Среда во Малта ќе се прикажува “Господ постои, името и е Петрунија„ по цена од 0,00 €
Филмот е еден од тројцата финалисти за Лукс наградата од ЕУ, па претпоставувам затоа го даваат гага.

Ќе го даваат низ сите ЕУ земји и со ова си доби бесплатен субтајтлинг и промоција низ Европа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.709
Поени од реакции
33.353
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
„Врба“ започна со прикажување низ кино салите низ државата. Гледам наредниот викенд е во Штип, па следната недела во Кочани. И тоа цена на билет само 100 ден. За Honeyland имаше голем интерес, за Милчо сигурно ќе биде исто.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549

Штип и Кочани имаат кино сала? Зошто кога пишуваат за некој нов македонски филм се користи "ќе се прикажува во кино салите" кога повеќето градови и немаат кино сала и проекциите се во домовите за култура.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.895
Поени од реакции
17.518

Импровизирани кино сали :D

Ама ајде среќен сум што го има и во помалите градови,ако веќе немаме пари за кино сали зошто нели побитно е еден пратеник да се вози сам во кола наместо повеќе со комбе ама кој сум јас да делам совети.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Штип и Кочани имаат кино сала? Зошто кога пишуваат за некој нов македонски филм се користи "ќе се прикажува во кино салите" кога повеќето градови и немаат кино сала и проекциите се во домовите за култура.
Во дом на културата е. Таму има платно за кино проекции. Ама отсекогаш Домот на културата во Кочани си го викаме „киното“. :D
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.861
Поени од реакции
7.549
Гледај го Врба / Willow на Milcho A. Manchevski во кината ширум Македонија. Регистрирај се на: https://europeanfilmchallenge.eu/mk/ и додај го во листата на европски филмови што ќе ти донесат екстра поени за освојување на првиот предизвик!
Одиме на Берлинале!
#EuropeanFilmChallenge
Автоматски споено мислење:

Импровизирани кино сали :D

Ама ајде среќен сум што го има и во помалите градови,ако веќе немаме пари за кино сали зошто нели побитно е еден пратеник да се вози сам во кола наместо повеќе со комбе ама кој сум јас да делам совети.
Се надевам и во Тетово ќе го има да се гледа. Искрено и не е лошо во домовите за култура. Можеби не толку сјајно како во кино сала ама за градови кај што 2-3 пати годишно и нешто се случува на културно поле е добро.
 
Последно уредено:
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Вечерва имав прилика да го погледнам “Врба“ на Манчевски. Оваа година по се изгледа е историска за македонската кинематографија после одличниот Медена земја и Врба е многу квалитетен филм. Утре ќе го гледам Господ постои името и е Петрунија за кој слушнав само добри коментари така да 3 добри филма во наши услови е успех.
 
Каде кога ќе го гледаш Петрунија?
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Каде кога ќе го гледаш Петрунија?
Во киното Битола ќе има симултани проекции за LUX наградите. Битолското кино било единствено кај нас кое учествува во ваквии проекции. После филмот преку конференциска врска ќе може да се поставува прашања во живо заедно од сите кина.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.895
Поени од реакции
17.518
Врба е подпросечен филм. За мене До Балчак останува најдобриот. :)
Секоја чест на Столе Попов за "Среќна Нова 49","Џипси Маџик" и огромен респект за "Тетовирање" ама До Балчак е далеку од најдобар филм.Погледни еден од овие 3 негови филма и самиот процени.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom