Македонски филмови

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Мене ми беше предосаден, Стево не знаел кај тера. Убаво да се види какво било Скопје тогаш, враќа некои носталгии, ама приказната и ликовите екстремно неинтересни, на моменти и за фејспалм (пр. сцената на Маја со телефонот за време на снимањето на филмот). Сакал да личи на европските филмови, каде без многу дијалог е кажано многу, ама останал само како неуспешен обид.

Друго, многу ми е жал што кај луѓево нема никаков интерес за нашава кинематографија, а се жалат зошто не се правеле филмови. Проекцијата закажана во 20:00, одам во Кинотека во 19:50, ми викаат: ако не се соберат 5 гледачи нема проекција, а вие сте првиот. Едвај се собравме 10 души на крај, и дури и без пари ни го пуштија филмот. За културата на гледачите да не зборам: две тетки позади се изнаправија муабет колку била кујната во филмот средена, дека и тие имале исти чаршавчиња ко тие во кафаната, и како на Маја и се гледале цицките. Повеќе нив ги слушав, отколку филмот. Трагикомедии.
Ради овие факти се помалку луѓе се интересираат за било кој аспект од кинематографијата и филмската дејност, па би рекол и телевизија, кога размислуваат за факултет. Ако веќе се решиле за таа насока и го завршиле, ретко кој од нив работи/твори тука, сите бегаат негде надвор да работат на филмски и телевизиски проекти, тие што имаат помалку среќа остануваат тука и работат музички видео спотови и реклами (ако воопшто имаат среќа, ако немаат, работат професија што нема благе везе со тоа што го завршиле). Нити имаме плодна почва која ќе стимулира млади луѓе не само да се занимаваат со таа професија него и тоа да го прават тука, нити имаме публика која гледа домашна продукција освен ако не им е на ТВ (дури и тогаш најчесто се врти каналот).

За вариететот на филмовите, сериите и документарците, да си ја поздравите министерката за Култура, која редовно одбива проекти за финансирање затоа што не задоволуваат одредени критериуми и не проаѓаат кај нејзините филтри. Не верувам ни дека нешто ќе се смени со новава власт на тоа поле, може само полошо да биде. Ако сакаш филм/серија по твој терк и вкус, ќе треба сам да финансираш, и дури и да ги имаш тие пари, на крај не ти се исплати бидејќи и Балканот општо уште нема таков дух развиено, Македонија па ич, и македонски продукции затоа се како камен фрлен да потскокнува на вода. Или ќе потскокне два-три пати и ќе пропадне или пропаѓа со првото фрлање. И затоа нема иднина на ова поле овде, и сите бегаат да работат на странски проекти.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Затоа треба да даваат отчет кој се пријавил, кои филмови се поддржани, а кои не се, ко што прави Српскиот филмски центар.

Баш скоро имаа резултати од филмови кои добиле поддршка, отворам и се изненадив што видов дека ги имаа наведено и сите пријавени проекти, што не добиле поддршка, а мислам дека и имаа објасненија зошто не добиле.

И као што кажа и Шкорпион, и мене на полошо ми мириса патот на македонската кинематографија, ама да не збориме пред време.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Затоа треба да даваат отчет кој се пријавил, кои филмови се поддржани, а кои не се, ко што прави Српскиот филмски центар.

Баш скоро имаа резултати од филмови кои добиле поддршка, отворам и се изненадив што видов дека ги имаа наведено и сите пријавени проекти, што не добиле поддршка, а мислам дека и имаа објасненија зошто не добиле.

И као што кажа и Шкорпион, и мене на полошо ми мириса патот на македонската кинематографија, ама да не збориме пред време.
Тоа е на пример добра идеја што го спомна. Кога би биле јавно достапни такви информации, доколку има проекти кои државата не ги подржала финансиски, а на пример според тематиката, описот, концептот и содржината се нешто кое публиката би сакала да го види ви завршна форма, можеби вака би се привлекле приватни инвеститори или продукциски брендови со подлабок џеб, или на крај краева, да се опне на Kickstarter или GoFundMe па самата публика со по некој ситниш да допринесе во реализација на филмот. Така се направи Harbinger Down на пример. До душа го имаа Lance Henriksen како промотивна помош, но сепак ...

Но и за ова потребна е како што кажа погоре и Златко а и ние, публика. Луѓе кои идат во кина, чија пасија се филмови и серии. Го нема кај нас, сите чекаат на торент, ако воопшто се радуваат на некој филм или серија. Или воопшто не идат. Парите порадо на спортска ќе ги потрошат. Тука треба да настапи Министерството за Култура чија (според мене) мисија треба да биде не само да организира и приредува настани од уметничко и културно значење, него постојано да развива стратегии како да привлече повеќе и повеќе луѓе кон такви настани, и како да ги задржи.

Како да создаде традиција на луѓе кои посетуваат балет, опера, театар, кино, стендап комедија, поетски фестивали, музички хепенинзи концерти или арт галерии. Кога ќе видиш, кај нас едвај и на музика да донесеш публика освен ако не е турбофолк певаљка или ултрапозната личност па ради селебрити факторот да платат карта луѓето да можат да се испуваат дека биле на Xxx Yyy концерт.

За сега, се чини дека од тој аспект Министерството има дигнато раце. Кој иде - иде, кој не, здравје. Ги заболе. Имам и ред други критики, ама ајде, да не го завршувам и овој пост само со мрчење. Сакам да спомнам дека од област на филмска продукција, и општо, било која дејност поврзана со филмот, за едно мало парче земја, со уште поскромна бројка народ, имаме невидени таленти (кои ако државата не знае/не сака да ги искористи) сами се снаоѓаат и прават магија таму надвор. Ќе најдете доста од нив во post-credits деловите, не се истакнуваат, дали од лична причина или ради таков договор, ама ретко кој збори што прави/направил, а има за што да се пофалат.

Можеби треба да се формира некаква организација на државно ниво што ќе се занимава со овие проблеми? Можеби и да проба да ги реши на некој начин? Нема дијалог за ова, тука е најголемиот проблем, бидејќи кога се разговара, и е ставено во етер, проблемот добива експоненцијално повеќе шанси да се реши.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Се` убаво ова другарче, ама прво голем дел од народов во државава ја би рекол се едноклеточни амеби. Без мозок, само дишат, јадат, спијат и евентуално кењаат. Би рекол дека треба да се едуцираат, ама искрено знам дека никаква едукација не би променила нешто. Народот нема култура за ништо, а камоли за културни настани.

Сум бил стопати и во театар и на кино и на чат-пат на утакмици и секогаш сум се враќал дома изнервиран пошто од муабети во сала не можеш да пратиш претстава, филм; некоја теткица, па не си ја собрала косата и треба да кривам врат лево-десно за да пратам претстава; на претстава (обично кога е слободен влез за студенти) се дешаваше да цела редица суртуци се собрале и на секоја реплика од глумциве извикуваат нешто; кога и да одам во кино мора зад мене да седи некој клошар што ќе клоца во седиштето или ќе стави нога на седиштето пред него, ко да е во нивата на татко му.

Ред во Синеплекс се дешавало да не се поштува, пример еден суртук што топка не знае да шутне и што игра за факинг Фени дојде еднаш се намести преку ред уфилман демек е некој и нешто, па дечките на каса го опоменуваа да врати во ред, што пропратно помина со пројадување гомна...

На филмскиве фестивали, гага-акредитации се даваат на секакви особи (пријатели, роднини на организатори, еден куп режисери кои наместо да го поддржат фестивалот се шлепаат гага, еден куп небитни фаци кои добиле акредитација пошто знаеле некој), а на отворањата и премиерите на македонските филмови не се пуштаат карти за „обичните“ луѓе, за луѓе кои се непристрасни и ќе дадат реална оцена, се делат гага за роднини и пријатели, а всушност тие се првите што треба да си го поддржат роднината со тоа што ќе му платат билет за да го гледаат филмот.

И да не редам уште.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Како што соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“, Кога денот немаше име е продаден за кино, видео и дигитална дистрибуција во Сингапур, Малезија, Виетнам, Камбоџа, Лаос, Индонезија, Филипини, Источен Тимор.

Вака-така и новиов филм на Теона ќе прошета низ сите континенти. Периодов ќе го даваат во Австралија, јули месец во Израел, продадени права низ доста азиски земји, уште Европа и Америка да ја сврти.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Наша ТВ:
Денес 18:15 Цената на градот (реприза)
Четврток 20:00 Метаморфозис
Четврток 22:30 Преку езерото
Петок 22:15 Црвениот коњ
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.778
Поени од реакции
7.515
Наша ТВ:
Денес 18:15 Цената на градот (реприза)
Четврток 20:00 Метаморфозис
Четврток 22:30 Преку езерото
Петок 22:15 Црвениот коњ
Aко може некој нека го снима тој Метаморфозис краткометражен е. Преку езерото одеше Двд издание во некој од веснициве МПМ. Го имам дома.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Метаморфозис не го дадоа, појма немам што се случило.

Наша ТВ:
Недела - 22:45 Македонска крвава свадба
Понеделник - 22:30 Каде по дождот
Вторник - 22:30 Планина на гневот

Ќе има репризи и во четврток, петок и сабота. А денес, реков, 22:15 - Црвениот коњ.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.990
Каде можам да го гледам Dust да не знае некој? Благодарам однапред
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
@Шкорпион апропо муабетов околу културата на народот.

Прегледај го приврзокот 172915
Што со парите? Им се вратија на луѓево или со нив се плати срцепарателново (и typo-ed) фејсбук извинение?

За другово немам коментар. Онака ако можеше да се измисли стереотипна ситуација од нашиве разговори овде и како ќе изгледа во живо, немаше да биде ни приближно олку одвратна. Ова го можат (и прават) луѓе кои изгубиле допир со народот и својата човечност.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Што со парите? Им се вратија на луѓево или со нив се плати срцепарателново (и typo-ed) фејсбук извинение?

За другово немам коментар. Онака ако можеше да се измисли стереотипна ситуација од нашиве разговори овде и како ќе изгледа во живо, немаше да биде ни приближно олку одвратна. Ова го можат (и прават) луѓе кои изгубиле допир со народот и својата човечност.
За париве искрено мало сутра да им ги вратиле, а 500 денари биле картите.

И баш поради ваквиве неандерталци во ''културниве'' установи, ги немам посетено МНТ и Комедија година и нешто.[DOUBLEPOST=1497640067][/DOUBLEPOST]
Што со парите? Им се вратија на луѓево или со нив се плати срцепарателново (и typo-ed) фејсбук извинение?

За другово немам коментар. Онака ако можеше да се измисли стереотипна ситуација од нашиве разговори овде и како ќе изгледа во живо, немаше да биде ни приближно олку одвратна. Ова го можат (и прават) луѓе кои изгубиле допир со народот и својата човечност.
За париве искрено мало сутра да им ги вратиле, а 500 денари биле картите.

И баш поради ваквиве неандерталци во ''културниве'' установи, ги немам посетено МНТ и Комедија година и нешто.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Нова недела на македонски филм на Наша ТВ:

Сабота (денес) 22:45 - Време без војна
Понеделник 22:30 - Репубика во пламен
Вторник 21:30 - Црно семе

Репризи на трите филма во среда, четврток и петок.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
За париве искрено мало сутра да им ги вратиле, а 500 денари биле картите.

И баш поради ваквиве неандерталци во ''културниве'' установи, ги немам посетено МНТ и Комедија година и нешто.[DOUBLEPOST=1497640067][/DOUBLEPOST]
За париве искрено мало сутра да им ги вратиле, а 500 денари биле картите.

И баш поради ваквиве неандерталци во ''културниве'' установи, ги немам посетено МНТ и Комедија година и нешто.
Бевме мало друштво саботава на прикажување филм кај Градски Парк, Школка, може имате чуено за што се работи. Се е супер, гага вино и пуканки, перничести седла за да не дремеш на трева итн. Ама како и секогаш каде има настани без цена, дојдоа некои надувани и поднапиени позади и почнаа да бучно да разговараат и да се смеат како нездрави. Ако ти е до муабети и заебанции, што кур си дошол на прикажување филм да им го поебеш меракот на сите останати? Бесплатното вино и пуканки? Среќа не беше до толку присутно и да одвлекува толку внимание како што ми се случи еднаш во Милениум за време на Бела Ноќ. Дојдоа волови и само урлаа за време не филмовите, и колу 60% заминаа луѓето, на крај и јас и друштвото. Останаа некои со челични нерви и тие воловите у сала.

За ваков сељачанизам, само ќотек или по паричник. Или двете. Инаку не се учат. Од дома ги пуштиле од раце, нити верувам дека некогаш искусиле физичка дисциплина ваквите. А некој мора да ги научи.

За настанов погоре, жив срам. Немам зборови. И ние после ќе се лупаме во гради со тоа што малку почесто зел народов да посетува театар или опера/балет. Еве како им се враќа, и затоа ќе си се врати и статус квото, помалку ќе иде народ таму, и после ќе гледаме како истиве ѓубриња плачат на ТВ дека народов не бил културно продуховен, не знаел да цени уметност, не доаѓале младите во театар. А да идеш у три лепе пичке си материне, може? Деец во културни сфери нема основна култура, од тебе ќе ја бара.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Денес на Наша пак го пишале Метаморфозис, ако може некој нека провери и нек снима.
20:00 Метаморфозис – краток филм
 

Kajgana Shop

На врв Bottom