Македонски филмови

Член од
10 октомври 2011
Мислења
4.878
Поени од реакции
7.029
Празникот се ближи,
Празникот се ближи,
Празникот се ближи,
Празникот се ближи...

...Always Macedonia!

MKD30
Се намачиле џанам. Не можеле одредени наслови што ги нема достапни да ги зајмат од Кинотека и пуштат. Ќе репризираме едно те исто сто пати во пет години.

А на запад ништо ново, "реномираниот" Манаки не објавува програма на скоро две недели до фестивалот.

Некои љуѓенца од полињата за мара се чукаат со успехот на "Сестри" во Карлови Вари, а критиката од Фипресци го оценила просечно (две четворки, две двојки и една тројка мислам имаше).
 
MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.111
Поени од реакции
5.858
Врба (целосната верзија, наместо скратената на ХБО) ќе игра во сабота на МРТ1.

Недела го пишува Преку езерото. Што им текнало македонски филмови да даваат, да ми је знати.
Врба еднаш одеше на МРТ 1 пред да се емитува на HBO. Во Неделата го даваа Прашина повторно.

На МРТ 1 во време на полицискиве часови кога беа се прикажаа сите филмови на Манчевски со се Бикини Мун и кратките филмови, документарен филм за Манчевски а пред секој филм МРТ 1 има и додаток околу филмот како вовед нешто.

Преку Езерото пред една недела го пуштија и Алфа.
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
4.878
Поени од реакции
7.029
Врба еднаш одеше на МРТ 1 пред да се емитува на HBO. Во Неделата го даваа Прашина повторно.

На МРТ 1 во време на полицискиве часови кога беа се прикажаа сите филмови на Манчевски со се Бикини Мун и кратките филмови, документарен филм за Манчевски а пред секој филм МРТ 1 има и додаток околу филмот како вовед нешто.

Преку Езерото пред една недела го пуштија и Алфа.
И? Што фајде од повторување на нешто што и самиот го кажав погоре?
Се намачиле џанам. Не можеле одредени наслови што ги нема достапни да ги зајмат од Кинотека и пуштат. Ќе репризираме едно те исто сто пати во пет години.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
4.878
Поени од реакции
7.029
30 години независен филм.
Oh, my dear. :shok2:

Овие изгледа не знаат што е независен (indie) филм и дека постои разлика меѓу независен филм и филм во независна држава. Скроз различни работи.

Независен филм е филм продуциран од некоја не толку позната продуцентска куќа, со помал буџет. Нешто што го има во Америка, кај што прават разлика меѓу високобуџетни (холивудски) и нискобуџетни (независни) филмови.

Кај нас цела филмска "индустрија" е нискобуџетна, но филмовите се спонзорираат од државата и зависат од буџетот и граѓаните. Така што не може филм кој зависи од државен буџет да се нарече независен.

Кај нас независен филм ти е кога режисерот од свој џеб ќе извади некој денар или ќе земе кредит за да го сними филмот и до пред некоја година на една рака се броеја независни филмови кај нас.

Тоа е, толку им било школото на овие од Агенцја за филм или пак многу голем филмскиов бран, па им направил грешки во објавата.

За многу години празникот. :oeoeoe:

20210908_101752.jpg
 
Scirea

Старата Дама
Член од
4 август 2010
Мислења
22.658
Поени од реакции
64.252
Имаше еден филм наш постар ваљда од 70те или 80те беше, го даваа порано на МТВ, памтам само една сцена...човек кој најверојатно живееше во манастир му беше дадено да нацрта икона од Богородица, али овој ја нацрта со ликот од девојката што му се свиѓа (и таа имаше нешто улога во манастирот колку што памтам) и ги изнервира монасите што живееа таму.

Толку памтам, хелп :icon_mrgr:
 
Белиот ѕид (1978). ТВ филм е ова.

Сликарот го глуми млад Данчо Чеврески.
Го имаш на Youtube.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
4.656
Поени од реакции
6.544
Кога ја разгледуваш темата за 30 најдобри македонски филмови, мора да дојдеш до заклучок дека најистакнати "македонски" глумци се Слободан Димитријевиќ и Неда Арнериќ. Сигурно во топ 5 до 1991 година.

За Димитријевиќ долго време бев убеден дека е Македонец. Кога некој ќе ми спомнел македонски филм, веднаш ми се појавувале ликовите на Шишков, Дамески и Димитријевиќ. И бојата на нивните гласови, можеби и најмногу таа на Димитријевиќ.
 
Боље да беа они наши, него одредени човечиња што ги славиме денес ко великани, а биле само кодоши.

За викендот го даваа "Колнати сме, Ирина" на Коле Ангеловски со аудио трака на македонски јазик.

Која иронија е Дарко Дамески да го синхронизира Бата Живојиновиќ во филмот. Истиот Дарко Дамески што се откажал од глумење во филмот на закажана прва клапа зашто улогата му била преголем психолошки товар.
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
4.878
Поени од реакции
7.029
1632678508812.png
Кој го најде тв филмов го частам скара кај Жмара. :D
 
Последно уредено од модератор:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
10.010
Поени од реакции
23.229
ОК, ова секако не водеше никаде - избришани 12 мислења и едно уредено заради офтопик и контрапродуктивна дискусија. @MARCELLO , темава е за македонски филмови кои се веќе снимени, или во фаза на пред-продукција, продукција или пост-продукција, значи за нешто што веќе постои, ако ништо друго барем како сценарио. А не за тоа што мислиме, дали би можело да се сними, за наши идеи, што би било кога би било и сл. Не знам колку таква тема би имала успех, ама ако сакаш да пробаш, отвори нова тема, па ќе видиме во која насока ќе се движи, зашто муабетот е буквално ЧДА муабет. Или засукај ракави, напиши едно сценарио, направи филм, па да видиме сите дали ќе има успех и со задоволство ќе коментираме тука. ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom