Македонски филмови

Член од
1 март 2010
Мислења
6.081
Поени од реакции
10.119
Што им е филмот (pun intended) на Митевски со „Кога денот немаше име“?
Филмот има гнасна содржина но е релативно океј, 6.5/10.
Стварно не разбирам како можеш да ставиш ваков вовед
Прегледај го приврзокот 260947

и потоа да го покажеш токму тоа!
И всушност, многу полошо од тоа!
Ова "The incident has divided Macedonian society profoundly" ме натера да мислам дека барем ќе се обиде некако да ја смири ситуацијата филмот, тоа бетер!
Тепачки, пушења курови, силувања...
Имаат некаков проблем овие Митевски сигурно. Треба да одат на психијатар или нешто.
Јес да се уметници, а повеќето уметници имаат специјални жички кои се граничат со она што се смета за нормално во нашето општество но...
Зошто ваков катастрофа вовед, во јазична смисла, се нашол во финалната верзија на филмот? :pos: :facepalm:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.350
Поени од реакции
3.677
Малко вести и од с'седите.

Моментално во Бугарија се снима филмот „В с'рцето на машината“ во кој улога има и нашиот Игор Ангелов.

Тони Михајловски, пак, во улога на монахот Тихон игра во српската серија “Црна свадба“.
Screenshot_20200727-190920_Instagram.jpg
 

Scirea

Старата Дама
Член од
4 август 2010
Мислења
21.029
Поени од реакции
55.000
Точно е ова во колумнава дека Тозија не дозволувал снимање на историски филмови за да не се налутат соседите? Ако е точно, ондак дното е пробиено... :jajce:

 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.350
Поени од реакции
3.677
Историски филмови се пари фрлени во бунар. Многу пари се фрлаат на нив, а освен некое локално фестивалче не шетаат нигде, не освојуваат ништо... чуму тогаш потреба за филм за Александар или Филип Втори или не знам ти кој војвода?

Фала богу што не се сними филмот за Александар и за Цар Самоил. Не поради тоа што Грците и Бугарите ќе не блокирале, ме заболе за нив, туку поради тоа што тоа ќе беа исперени пари, а добивка епско ѓубре.
Факинг Слободан, еден камерен филм го имаше усерено, а не историски спектакл за Александар да снимел. Истото ќе се десеше и со Митриќески и Самоил.

Ако се прави филм за историски настан, јас би да видам филм за освојувањето на шампионската титула на РК Вардар. Да видам филм за некоја значајна личност како Блаже Конески, Ацо Шопов, а не каубојски филмови.

Јани го боли сега што му го блокираа филмот, а не што историски филмови не се снимаат. Реално неправедно го опструираа и цензурираа. Кога веќе го снимил тој филм, требаше да остават народот да го види, ама отсекогаш сме им љубакале гз на гнидине.

Е сега, наместо да испадне паметен Јани, и да го пушти филмот за одредена сума на некоја платформа, да го изгледаат што повеќе луѓе, он си прави антиреклама и сам се цензурира.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
2.186
Поени од реакции
6.438
Точно е ова во колумнава дека Тозија не дозволувал снимање на историски филмови за да не се налутат соседите? Ако е точно, ондак дното е пробиено... :jajce:

Не дека поддржувам цензура во каква било форма, ама до толку ти е дојдено политички филмови за Македонија да гледаш? Јас заради тоа и аверзија имам кон нашите филмови, ако забележуваш најизвиканите македонски филмови се оние кои бегаат од тема политика, можеби грешам сепак немам многу изгледано, ама барем јас таков впечаток имам. Напротив, сметам дека фалат филмови од типот на Мирно Лето, како и ромкоми, комедии, и генерално филгуд филмови.
 

Scirea

Старата Дама
Член од
4 август 2010
Мислења
21.029
Поени од реакции
55.000
Не дека поддржувам цензура во каква било форма, ама до толку ти е дојдено политички филмови за Македонија да гледаш? Јас заради тоа и аверзија имам кон нашите филмови, ако забележуваш најизвиканите македонски филмови се оние кои бегаат од тема политика, можеби грешам сепак немам многу изгледано, ама барем јас таков впечаток имам. Напротив, сметам дека фалат филмови од типот на Мирно Лето, како и ромкоми, комедии, и генерално филгуд филмови.
Не ми е до политички филмови, туку она што го пишал Јани во колумната за Тозија и меѓусоседските односи. Ние и онака имаме премногу историски филмови, посебно за комитско време и WW2... али ако ради ова не се снимаат намерно, ондак тоа е тежок скандал, барем според мене.

Инаку да не се разбереме погрешно, сакам филмови од типот на Тетовирање, Самоуништување, Џипси Меџик, Балканкан, каде имаш добра глума и комедија... Сестрите Митевски не спаѓаат во оваа категорија.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
282
Поени од реакции
171
В понеделник (03.08) на МТВ од 20:15 до 23:30 - програма посветена на делото на режисерот Милчо Манчевски.
Програмата започнува со ТВ премиера на документарниот филм „Каде ли ти оди гласот?“. Документарец посветен на делото на Манчевски. Овој филм претставува колаж од филмски фрагменти, интервјуа, теориски опсервации од самиот режисер.
По документарниот филм следи критичкиот осврт кон „Пред дождот“ на филмологот Владо Ангеловски.
По најавата следи „Четврток“. Краток филм на Манчевски кој за прв пат беше прикажан на Венецијанскиот филмски фестивал во 2013 година, во рамки на специјалниот проект „Future Reloaded“.
Во 21:25 часот, веднаш по „Четврток“ следи „Пред дождот“, кој е како вино, што постар, тоа подобар.
Во 23:15 премиера на филмскиот есеј „Визуелни рими во Пред дождот“ филмски осврт кон визуелната стратегија на Манчевски во „Пред дождот“ од направен од режисерот Праш Сампаткумаран.
Распоред:
20:15 - „Каде ли ти оди гласот?“
21:15 - Осврт кон „Пред дождот“ на филмологот Владо Ангеловски
21:20 - „Четврток“
21:25 - „Пред дождот“
23:15 - „Визуелни рими во Пред дождот“
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
2.466
Поени од реакции
4.794
Без никакви политички причини ама мене искрено ми е преку глава од историски филмови. До тој степен што мислам веќе ништо од периодот на WW2 или турско време не би гледал. Не ни треба нов „До Балчак“. Сакам да гледам нешто свежо, филмови како „Исцелител“ или „Панкот не е мртов“.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
238
Поени од реакции
353
Без никакви политички причини ама мене искрено ми е преку глава од историски филмови. До тој степен што мислам веќе ништо од периодот на WW2 или турско време не би гледал. Не ни треба нов „До Балчак“. Сакам да гледам нешто свежо, филмови како „Исцелител“ или „Панкот не е мртов“.
Исто, јас „До Балчак“ не го ни гледав, иако Тетовирање ми е омилен македонски филм, овие со турци најдосадни се. Од друга страна па би гледал филм ко „Трето полувреме“, да не е воен филмот ми е ок.
ПС: Изгледа само мене „Исцелител“ ми беше онака просечен.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
2.466
Поени од реакции
4.794
Исто, јас „До Балчак“ не го ни гледав, иако Тетовирање ми е омилен македонски филм, овие со турци најдосадни се. Од друга страна па би гледал филм ко „Трето полувреме“, да не е воен филмот ми е ок.
ПС: Изгледа само мене „Исцелител“ ми беше онака просечен.
Не се ни замарај со „До Балчак“. Досадна клише приказна со комити и Турци. „Трето полувреме“ е интересен за гледање. Само јас имав поголеми очекувања од него. Има и таму многу клише моменти типични за спортските драми. Сакам филмови кои нудат нешто оригинално и ретко видено тука. Во последните години како такви ми текнуваат двата што ги спомнав горе и еве „Сенки“ на Манчевски.
 

Scirea

Старата Дама
Член од
4 август 2010
Мислења
21.029
Поени од реакции
55.000
Каде можам да го гледам онлајн, или да го симнам Северна Грешка со Чамински во главна улога?
 
Член од
6 август 2015
Мислења
218
Поени од реакции
256
  1. "Трето Полувреме" - 1 / 5.
  2. "Врба" - 1 / 5.
  3. "До Балчак" - 1 / 5.
  4. "Бикини Мун" - 2 / 5.
  5. "Сенки" - 2 / 5.
  6. "Панкот не е Мртов" - 3.5 / 5.
  7. "Тетовирање" - 5 / 5.
  8. "Бал Кан Кан" - 3.5 / 5.
  9. "Џипси Меџик" - 5 / 5.
  10. "Збогум на 20тиот Век" - 4 / 5.
  11. "Големата вода" - 3 / 5.
  12. "Пред Дождот" - 5 / 5.
  13. "Прашина" - 5 / 5.
  14. "Илузија" - 3 / 5.
  15. "Господ Постои името и е Петрунија" - 1 / 5.
  16. "Кога денот немаше име" - 2.5 / 5.
  17. "Исцелител" - 4 / 5.
  18. "Скопје Ремикс" - 1.5 / 5.
  19. "Соба со Пијано" - 2.5 / 5.
  20. "Самоуништување" - 4.5 / 5
Од прилика сите попопуларни филмови у независна Македонија.
 
Последно уредено:
На врв Bottom