Македонски спортски легенди

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
83.225
Поени од реакции
190.377
Во темава ќе ги претставуваме македонските спортски легенди, а воедно и ќе дискутираме за нив. Ќе ги претставиме луѓето на кои не им се доделени ни барем 2 минути од вестите, ни една статија од весниците, а форсирани се емисии како Ексклузив, кои се направени за како боже прости ми малоумни.
Јас ќе почнам со Атина Бојаџи, мојот идол. Не ја ставам затоа што тренирам пливање, туку затоа што е жената која има поминато многу во својот живот, а денес малкумина ја знаат. Животот и е од трагедија до трагедија, среќа што е во животот доживеала големи спортски моменти.
Не знаете колку неизмерна беше мојата среќа кога оваа жена лично ми се јави и ми рече дека во мене го гледа нејзиниот вистински наследник.
Личност која е секогаш насмеана, гостопримлива, да и отидеш дома на гости ќе те пречека како нејзино дете. Нечистокрвна македонка, од татко македонец и мајка романка, никогаш не рекла ништо против оваа држава и гордо пливаше за македонската спортска чест. Го загубила татко и на 15 години, а мајка и се парализирала кога таа имала 8 години. Денес со своите 64 години(иако изгледа како за 20 години помлада) живее сама во стан во скопската населба Карпош, без никаква помош од државата. Фала богу што барем е прогласена за спортистка на векот.
Најинтересна за мене е нејзината изјава за МТВ од пред некоја година, кога ја прашаа колку пати го има препливано Охридско Езеро, таа им соопшти : "Да ме прашате колку пати го имам препливано Охридско Езеро, е исто како да ме прашате колку пати сум отишла од дома на работа и назад".

БОЈАЏИ, АТИНА

Најголемиот херој на повоена Македонија, после народните херои. Прва жена која го преплива Ламанш. По повод подвигот снимен е еден од најинтересните македонски играни филмови “Исправи се, Делфина”.
Игор Тошевски

Атина Бојаџи е апсолутна ѕвезда на маратонското пливање. Родена е во Охрид на 11 март 1944 година, во семејна куќа на самиот брег од Охридското Езеро. Уште на 11 години ги држи македонските рекорди на кратки патеки во сите дисциплини, во слободен стил, делфин и грбно пливање. Двапати светски првак на слатки води, првиот пат само со 18 години, таа до денес останува најмладиот шампион на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња. Во 1962 година ќе ги скроти брановите на патеката Капри - Наполи за да стане светски првак на солени води. Во истата година прави и еден опасен подвиг. Маратонскиот пекол на патеката Саида-Бејрут ќе го започнат 25 пливачи, а само двајца ќе допливаат среде страшно невреме - Атина стигнува незапирливо на целта. Врв на нејзината кариера е Ламанж, покорен на 9 септември 1969 година. Беше тоа единствената жена од Балканот што ги преплива темните води на престижниот сон на секој маратонец. Таа епопеја во Југославија прерасна во мит со филмот “Исправи се Делфина” (1975) на Александар Ѓурчинов, со култната Неда Арнериќ во главната улога. Пливачката кариера ја заменува со тренерска, најнапред во белградскиот клуб “Црвена звезда”, а потоа и во спортски центар во Лос Анџелес. Во октомври 1991 година се враќа во Сараево за да стане селектор на босанската пливачка репрезентација и главен тренер на пливачкиот клуб “Босна”. Тогаш не ја насетува војната, но судбински ќе ги доживее ужасните сараевски зими, беспомошно сама и понижувана. Во студен јануарски ден 1994 година, со помош на потплатен унпрофорски офицер, го напушта Сараево, минувајќи преку фронтот на српската страна, со надеж дека конечно ќе го види синот. Следат кошмарни месеци на истрајување. Дури во летото 1994 година доаѓа во Македонија како почесен гостин на Охридскиот маратон. Претседателот Киро Глигоров ја убедува дека конечно се вратила дома. Од 1996 година ќе стане спиритус мовенс на организацијата на маратонот во Охрид, а подоцна и генерален секретар на Пливачката федерација на Македонија. Иако материјално ненаградена од државата, во 1998 година Македонскиот олимписки комитет ја овенчува со признанието великан на македонскиот спорт, а во 2000 година весникот Утрински ја прогласува за спортист на векот. Атина Бојаџи е метафора за успех, но и парадигма за истрајување. Од блескавите врвови на славата до морничавите удари на војната и човечката завист, таа помина маратонска патека за да биде денес морален шампион над сите животни бури. Живее во крајна скромност во Скопје. Ретка легенда на некогашна Југославија, а по малку оставена од своите во Македонија.
 

Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
27
Големо почитување за женава од моја страна.Навистина секоја и чест.Памтам пред две години кога имав проблеми со добивање на исписница од еден клуб за преоѓање во друг, кога отидов во Пливачка Федерација само Атина се нафати да ми помогне околу документацијата која требаше да ја средам и најдам за да можам да продолжам со ватерполо и да се регистрирам во друг клуб.

Башка врвните резултати што ги има постигнато....

Навистина е голем човек!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.489
Почит до легендата Бојаџи, но и голема почит за легендата што се раѓа :helou: и многу очекувања во иднина!!!

Не знаете колку неизмерна беше мојата среќа кога оваа жена лично ми се јави и ми рече дека во мене го гледа нејзиниот вистински наследник.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
44
Дома > Спорт
Пoчина Нада Ицева, доајен на македонското падобранство

МИА
15.09.2005
Нада Ицева
На 72-годишна возраст ноќеска во Скопје по куса и тешка болест почина најуспешната македонска падобранка во женска конкуренција - Нада Ицева - Салџиева.
Нада Ицева има изведено преку илјада падобрански скокови. Беше членка на женската падобранска репрезентација на Југославија.
Победник е на повеќе меѓународни падобрански купови и е републички рекордер во женска конкуренција во сите падобрански дисциплини.
Добитник е највисокото признание на ФАИ - Меѓународна воздухопловна федерација „Златна мечка со три дијаманти“.
Нада Ицева-Салџиева беше членка на Аероклубот од Скопје и својот работен век го помина како инструктор по падобранство.

Веста е стара, ама нема врска, НЕЛИ ?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
83.225
Поени од реакции
190.377
Нема врска нормално, легендата си останува легенда, таа никогаш не умира. Срамота за нашата држава е што не се грижи за ваквите бисери. Овие две жени што се досега објавени, слободно може да бидат министри или советници во влада. Ако не за друго, барем не убиле никого и не учествувале во тероризам. Сигурна сум дека се поадекватни за во владата отколку Аљи Амети и уште некои.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
2.066
Поени од реакции
71
ЛЕГЕНДА НА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ ШАБАН ТРСТЕНА.
17.07.2001 00:00
Шабан Трстена е уапсен од германската полиција со 25 килограми хероин .
Трестена беше носител на златен и сребрен медал на олимпијадите во Лос Анѓелес и Сеул и еден од најдобрите македонски спортисти.
Во летото 1998 во возило Пежо во Леверкузен бил уапсен поради пренесување на дрога во истиот град.
Во бонски весник е изјавено дека за возврат од наркодилерството добил 700 германски марки.
За Сиднеј во 2000-та не можел да лета зашто веќе се наоѓал во затвор во Келн.
ИЗВОР А1.
Шабан Трстена - ЛОИ Лос Анџелес 1984 – златен медал
Шабан Трстена - ЛОИ Сеул 1988 – сребрен медал

Трстена, кој, реално, е најдобриот спортист на Македонија на сите времиња, немајќи избор со што да се прехрани, беше фатен во Германија како шверцува дрога. За тоа одлежа затвор во Германија. Неславно за еден олимписки победник, носител на златен медал од Олимпијадата во Лос Анџелес. Неславно и за Македонија.
ИЗВОР: WWW.MILENKO.COM.MK
 
Член од
23 октомври 2007
Мислења
50
Поени од реакции
0
Да се надополнам за најуспешната македонска падобранка во женска конкуренција - Нада Ицева - Салџиева (инаку ми беше баба) вистинска Легенда во овој спорт со стотици рекорди зад нејзиното име како државни така и балкански,европски и светски.Име за почит.Пред некој ден беше 3 годишнината од нејзината смрт.Нека почива во мир.
 
Член од
23 октомври 2007
Мислења
50
Поени од реакции
0
Петар Наумоски (роден на 27.08.1968год.) е поранешен кошаркар кој ги бранеше боите на поранешна Југославија и на Македонија.Во 2002 беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија како член на ВМРО-ДПМНЕ.Игра на позиција бек и е висок 1.94 m.Има Турско државјанство со име Namık Polat.Исто така има и Италијанско државјанство.Во 2002 е избран за спортист на годината во Република Македонија.

-Клубска кариера
-Успеси


со Jugoplastika/POP 84 Split
  • European Champions Cup (2): 1990, 1991
  • Yugoslavia Basketball League (2): 1990, 1991
  • National Cup of Yugoslavia (2): 1990, 1991
со Efes Pilsen
  • Korac Cup (1): 1996
  • Turkish Basketball League (5): 1992, 1993, 1994, 1996, 1997
  • Turkish Cup (4): 1994, 1996, 1997, 1998
  • President's Cup (5): 1986, 1992, 1993, 1996, 1998
  • European Cup (1): 1993 (final)
со Benetton Treviso
  • European Cup (1): 1995
  • Italian Cup (1): 1995
со Montepaschi Siena
  • Saporta Cup (1): 2002
со Ülkerspor
  • Turkish Cup (1): 2004
  • President's Cup (1): 2004
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Штипскиот боречки ас Зоран Шоров од државата ќе добива доживотна спортска пензија во висина од 1,5 просечни месечни плати, за заслуги во спортот, односно борењето. Во моментов, просекот е 16.000 денари, што значи, Шоров ќе добива по 24.000 денари. Решението за државната благодарност Шоров го доби на приемот кај премиерот Никола Груевски. Штипскиот борач е носител на сребрен медал на Европското првенство во Стара Загора во 1987 година и бронзен медла на Европското првенство во Штутгарт во 1991 година.
Според Шоров, ова стимулирање од државата е клучно борењето, но и останатите спортови, да бидат трофејни. Со освоените два медали на европските првенства и со учество на три олимпијади, Шоров е најуспешниот штипски спортист на сите времиња.

Извор!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
25.020
Поени од реакции
39.478
@@cool@, мислам дека ти знаеше грчки, ако може да ми преведеш што зборува дечково при крајот од видеото?


Не најдов тема за наши фудбалски легенди па не знаев каде да го постирам. Се нервирам некогаш што нашиве телевизии не извадија ништо за наши фудбалски легеди па мора од странски извори да бараме виде по youtube. Инаку Тони Савески беше фудбалер од среден ред каков што не сме имале во последниве 20 години според мене. Класа играч, им даваше голови на Ајакс (кога стааа прваци), Глазгов Реџерс, Милан...(ги има на видеото) штета што остана во грчкото првенство цела кариера по заминувањето од Вардар, и не направи некој трансфер во посилните лиги, ма да претпоставувам дека добро му било таму, и ден денес има статус на легенда.
 
Член од
18 октомври 2012
Мислења
166
Поени од реакции
29
Vasil Ringov

Роден е во Струмица (СР Македонија, СФР Југославија), тој се смета за еден од најдобрите македонски фудбалери досега, заедно со Златната копачка победник, Дарко Панчев. Тој почна да игра уште како тинејџер за ФК Беласица Струмица, по што тој се преселил во Белград гиганти ФК Партизан, но по тоа што не добива многу шанси таму, тој се пресели во втората лига од страна на ФК Тетекс каде што ќе стане клубови главната ѕвезда. Тоа беше две години подоцна тој го привлече вниманието на уште еден македонски клуб во Втората лига, Скопје ФК Вардар. По уште две сезони, и со помош Ringov е, Вардар се врати во југословенската Прва лига каде ќе игра во поголемиот дел од 1980-тите. Тој стана главен играч во клубот, откако одигра до 1986 година повеќе од 200 натпревари во лигата и постигнувајќи 93 лигашки голови за нив. Тоа беше во Скопје Васил одигра поголемиот дел од својата кариера, се исклучоци краток полу сезона магија во друг топ-лига клуб НК Динамо Загреб и во близина на крајот на неговата играчка кариера, уште половина сезона магија, овој пат во 2. Германски Бундеслигата клуб Ајнтрахт Брауншвајг.




Vasil Ringov

Draga gospodo, Dinamo nisu samo Dražan Jerković, Štef Lamza, Rudi Belin, Velimir Zajec, Cico Kranjčar, Marko Mlinarić ili Zvonimir Boban. Dinamo je i Milan Panić iz Kruševca, koji je u šampionskom Dinamu iz osamdesetdruge zabio 9 golova. I on je pisao modru povijest...

Čitav ovaj uvod napisao sam zapravo zbog Vasila Ringova. Obožavao sam njegov nogomet i s velikim ushićenjem sam čekao ovaj susret u Skoplju. U Dinamu je, na žalost, bio samo osam mjeseci, bio je žrtva klanovskih borbi. Vlatko Marković ga je ignorirao samo zato jer ga je u Dinamo doveo Ćiro Blažević, u to vrijeme njegov mrski neprijatelj. A taj Ringov je pucao kornere i slobodne udarce bolje od Davida Beckhama, njegovi centaršutevi su proslavili i stvorili Darka Pančeva. I danas su nerazdvojni, pokušavaju podići Vardar na pristojnu nogometnu razinu.

Ringov je i danas vezan za Zagreb. Čita hrvatske novine, gleda HRT i Novu TV, o Dinamu sve zna.

- Nekada su "modri" bili u organizacijskom smislu četiri, pet godina ispred Vardara, danas nam bježe - dvadeset! Toliko o usporedbama najpopularnijeg makedonskog kluba i Dinama...

• Možda je pogreška u političarima? Dinamo ima Milana Bandića, dok je skopski gradonačelnik Kostovski vezan za Rabotnički, umjetni klub.

- Bez obzira što je njegov sin direktor Rabotničkog, gradonačelnik Kostovski nije neki nogometni čimbenik u Makedoniji, više ga zanima rukomet. Naš gradonačelnik ipak ne može raditi što hoće...

• Kako se rodila ljubav jednog Strumičanina prema Dinamu. Fizički je to razdaljina od tisuću kilometara?

- Za sve je "kriv" Ćiro Blažević. Vjerojatno me doveo da me skine s grbače, jer - dvaput sam bukvalno uništio Dinamo. Zatim, u Zagrebu sam operiran, dvadeset dana sam ležao na Šalati i zauvijek ću biti zahvalan doktoru Marku Pećini, koji mi je spasio nogu...

U Dinamu je proveo samo osam mjeseci, najurio ga je Vlatko Marković.

- Bila su takva vremena, Ćiru su nakon mog dolaska promijenili, a meni nije bilo na kraj pameti da je svaki trener imao svoj klan, svoje igrače. I onda se dogodio kiks; igrali smo kup-utakmicu u Strumici, u mojoj Strumici i trener me izvadio dvije minute prije kraja. Zašto? Da dobiješ pljesak, rekao je podrugljivo...

• Hoćete li se vidjeti s Markovićem 24. ožujka u Maksimiru?

- Čekao sam ga u Skoplju, nije došao! Ali, ja ću 24. ožujka svratiti u Kuću nogometa, "ima da pijeme kavu". Nadam se da ću od Markovića dobiti kartu za utakmicu, a nadam se da će nam Vlatko pomoći i u ustrojstvu Saveza... Vasil Ringov je i dan-danas, tisuću kilometara od Maksimira, ostao odan klubu, koji nakon Vardara najviše voli. Jako se razveselio suvenirima koje mu je poslao Mamić. I dok smo u "Devetki", kafiću Darka Pančeva, satima razglabali o prošlosti, pred očima mi je bio taj reski, poput oštrog noža izbrušeni centaršut. Tako nisu udarali ni Eder ni Beckham! Ako se uopće sjećate Edera.
 
C

Chef de cuisine

Гостин
Случајно налетав на овој форум и морам да признам тотално се разочарав. Очекував да водам барем десетина страници со испишани имиња на спортски легенди од Македонија. За жал ништо од нашите познавања за спортот.
Очигледно дека е потребно во училиштата да воведе на часот по физичко, покрај предавањето „како се пополнува ливче за спортска“, треба да се исучува и историјата на македонскиот спорт.

Утрински весник, 11.10.2007, 15:12

МИОДРАГ МИЦКОВИЌ

Првиот избор на десетте најдобри спортисти и екипи во Македонија беше направен во 1949 година во весникот „Спортски глас“. Младинците на Вардар најуспешна екипа

Традиционално веќе долги години дневните весници и Сојузот на спортовите на Македонија избираат најдобри спортисти и екипи во годините што изминуваат. Оваа убава традиција уште во 1954 година ја започна „Нова Македонија“, во тоа време единствен дневен весник во нашата држава, кога за најуспешен спортист таа година го прогласи скијачот Рефик Јахја, прв Македонец што победи на државното првенство во овој спорт, освојувач на првото место на младинското првенство на Јахорина во слалом.

Второто место го поделија кајакарите на мирни води Рамзи Зекир и Усни Доко од Охрид со пласманот на четвртото место на Светското првенство во К-2 во Франција. Трет беше во тоа време најдобриот македонски велосипедист Александар Кулевски. Натаму следуваа: Благоја Видиниќ (фудбал), Ванчо Филипов (стрелаштво), Љубинко Атанасовски (падобранство), Славко Дацевски (фудбал), Миле Андреевски-Штука (боксер), Драган Геровски (ракомет) и Радмило Поповиќ (атлетика).

Првпат избор на најдобрите екипи беше извршен 23 години подоцна 1977 одново во „Нова Македонија“. Боксерскиот клуб Скопје беше најуспешната екипа пред ФК Тетекс (Тетово) и мечувалците на Работнички.

Меѓутоа, сепак, првиот избор на најдобрите спортисти во Македонија беше направен во далечната 1949 година во анкетата што ја спроведе „Спортски глас“ кај своите читатели. Интересна анкета, интересни имиња на тогашните великани на македонскиот спорт во рамките на поранешна Југославија. Од веќе пожолтените и оштетени страници на овој прв спортски весник во Македонија ќе ги запознаеме читателите на „Утрински весник“, особено оние од помладата генерација, кои беа десетте најуспешни спортисти во таа 1949 година.

За најуспешен спортист, со најмногу гласови од читателите, беше прогласен Јане Јаневски, фудбалер на Вардар и тренер на младинците на оваа екипа, која во 1949 година стана шампион на Југославија.

Јане Јаневски, кој почина пред неколку години, беше легенда на македонскиот фудбал. За Вардар има одиграно 242 натпревара, постигна 101 гол. Играше во онаа генерација на „црвено-црните“ со Џина Сионовски, Кокиновски, Цинциевски, Тодор Балевски, Геров...

Интересно е да се напише дека во сезоната 1946/47 година играше и за Партизан во Првата лига на Југославија заедно со Бобек, Палфи, Шоштариќ, Брозовиќ, Челик, Симоновски. Настапуваше и за Македонија од Скопје уште во 1942 година, исто така, со Симоновски, Драган Луковски-Аџијата, Васил Дилев, Стојан Богоевски-Гајда. Беше тренер на ПАОК и Кавала во Грција, на Хапоел од Израел, Вардар...

Бистрица Крањец-Миркуловска, сестрана атлетичарка, рекордерка на Македонија во девет дисциплини, вклучувајќи од 100, 200 и 800 м, па се' до фрлање ѓуле, диск, скок во височина и далечина. Нејзиниот рекорд во фрлање диск од тоа време 34,54 м е подобрен до денес само за 4,34 метри. Денес е позната писателка.

Третото место, исто така, му припадна на еден атлетичар - Лазо Милошевски, југословенски репрезентативец, државен првак на 400 м, сопственик на златен и сребрен медал од Балканските шампиони. Беше уредник на Спортската редакција на Радио Скопје. Повеќе не е меѓу нас, а во негова чест секоја година се одржува „Меморијал Лазо Милошевски“ во Скопје.

Тодор Георгиевски, еден од најдобрите голмани на Вардар и за Македонија, најзаслужен за освоената титула, младински шампион на Југославија. Во дресот на Вардар - 230 натпревари. Бранеше и во финалето на Купот во 1961 година, кога Вардар го победи Вартекс со 2:1 и го освои Купот на Маршал Тито. Една година бранеше и за Одред од Љубљана во Првата лига, со овој клуб го освои Купот на Словенија. Дипломиран правник, денес пензионер.

Адем Шемо, покрај Арсиќ и Кулевски, сигурно најдобар велосипедист на Македонија. Беше член на репрезентацијата на Југославија на меѓународната трка Анкара - Истанбул, победник на неколкуте трки во Македонија и во Србија. Денес живее во Турција.

Александар Радич, прв републички рекордер во пливање на 100 м слободно. Во 1949 година на републичкото првенство победи во четири дисциплини, постави исто толку рекорди на 100, 200 и 1.500 м слободно и на 100 м грбно. Радич е основоположник на маратонското пливање во Македонија, еден од најдобрите ватерполисти во тоа време во нашата држава. Живее во Охрид, автор е на три книги за македонското пливање, за ватерполо и за маратонско пливање.

Мемо Сулејманов, популарниот „Африканец“ поради бојата на кожата. Апсолутен рекордер на Македонија, неприкосновен на долгите патеки од 5.000 и 10.000 м. На меѓународниот митинг во Белград, на стадионот на ЈНА во 1949 година, бурно беше поздравен од гледачите кои мислеа дека е тркач од Африка. Одамна е починат.

Андреја Герасимовски-Швајн - уште еден атлетичар на оваа листа на десетте најдобри спортисти на Македонија. Прв Македонец кој победил на државните првенства во атлетика. Беше јуниорски првак на Југославија на 1.500 м и во крос на 2.500 м. Најдобар во Македонија во трките на 800 и на 1.500. Рекордер во овие дисциплини. Денес е познат бизнисмен.

Славко Матовски, еден од најсестраните спортисти во Македонија. Основоположник на ракометот и кошарката во Македонија, репрезентативец на Југославија во голем ракомет, најзаслужен за сите успеси на ракометарите на Работнички. Тие години кога беше спроведена оваа анкета беше прв републички првак на 100 и на 400 м. Долгогодишен професор на Факултетот за физичка култура, денес пензионер.

Со Спире Петровски завршува оваа ранг-листа на десетте најдобри спортисти на Македонија во 1949 година. Еден од најдобрите фудбалери во нашата држава во тоа време, долгогодишен капитен на Работички, извонреден техничар. Починат е.

Најдобра екипа во 1949 година, според читателите на „Спортски глас“, беше младинскиот тим на Вардар, шампион на Југославија, што беше голем успех за тоа време. Тренер на екипата беше Јане Јаневски, кој во исто време играше и за првиот тим. На полуфиналниот турнир во Скопје, Вардар играше нерешено со Хајдук 1:1 и Раднички од Ниш 0:0. Бидејќи и овие две екипи играа нерешено меѓу себе 2:2, мораше да се одигра и вториот круг кога Вардар ги победи Раднички со 1:0 и Хајдук со 2:0. Во финалето Вардар беше подобар од шампионот на Словенија - Рудар од Трбовле со 2:1. Головите ги постигнаа Ивановски и Миновски.

Вардар играше во состав: Тоде Георгиевски, Диме Арсовски, Томе Димовски, Славко Дацевски, Видан Христовски, Бранко Давидовски, Драган Атанасовски, Благоја Стевчевски, Васко Ивановски, Миле Миланов и Хари Миновски.

Од овие единаесетмина кои го постигнаа првиот успех на Вардар во поранешна Југославија починати се: Стевчевски, Миновски, Атанасовски, Дацевски и Христовски.

Понатаму следуваат: 11 Октомври (Куманово) - фудбал, Работнички (фудбал), Вардар (фудбал), Динамо (Скопје) - фудбал, Вардар - атлетика, Работнички - кошарка, Динамо - велосипедизам, Гоце Делчев (Прилеп) - фудбал и Охридски бранови - ватерполо.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
6.677
Поени од реакции
17.369
Во темава ќе ги претставуваме македонските спортски легенди, а воедно и ќе дискутираме за нив. Ќе ги претставиме луѓето на кои не им се доделени ни барем 2 минути од вестите, ни една статија од весниците, а форсирани се емисии како Ексклузив, кои се направени за како боже прости ми малоумни.
Јас ќе почнам со Атина Бојаџи, мојот идол. Не ја ставам затоа што тренирам пливање, туку затоа што е жената која има поминато многу во својот живот, а денес малкумина ја знаат. Животот и е од трагедија до трагедија, среќа што е во животот доживеала големи спортски моменти.
Не знаете колку неизмерна беше мојата среќа кога оваа жена лично ми се јави и ми рече дека во мене го гледа нејзиниот вистински наследник.
Личност која е секогаш насмеана, гостопримлива, да и отидеш дома на гости ќе те пречека како нејзино дете. Нечистокрвна македонка, од татко македонец и мајка романка, никогаш не рекла ништо против оваа држава и гордо пливаше за македонската спортска чест. Го загубила татко и на 15 години, а мајка и се парализирала кога таа имала 8 години. Денес со своите 64 години(иако изгледа како за 20 години помлада) живее сама во стан во скопската населба Карпош, без никаква помош од државата. Фала богу што барем е прогласена за спортистка на векот.
Најинтересна за мене е нејзината изјава за МТВ од пред некоја година, кога ја прашаа колку пати го има препливано Охридско Езеро, таа им соопшти : "Да ме прашате колку пати го имам препливано Охридско Езеро, е исто како да ме прашате колку пати сум отишла од дома на работа и назад".

БОЈАЏИ, АТИНА

Најголемиот херој на повоена Македонија, после народните херои. Прва жена која го преплива Ламанш. По повод подвигот снимен е еден од најинтересните македонски играни филмови “Исправи се, Делфина”.
Игор Тошевски

Атина Бојаџи е апсолутна ѕвезда на маратонското пливање. Родена е во Охрид на 11 март 1944 година, во семејна куќа на самиот брег од Охридското Езеро. Уште на 11 години ги држи македонските рекорди на кратки патеки во сите дисциплини, во слободен стил, делфин и грбно пливање. Двапати светски првак на слатки води, првиот пат само со 18 години, таа до денес останува најмладиот шампион на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња. Во 1962 година ќе ги скроти брановите на патеката Капри - Наполи за да стане светски првак на солени води. Во истата година прави и еден опасен подвиг. Маратонскиот пекол на патеката Саида-Бејрут ќе го започнат 25 пливачи, а само двајца ќе допливаат среде страшно невреме - Атина стигнува незапирливо на целта. Врв на нејзината кариера е Ламанж, покорен на 9 септември 1969 година. Беше тоа единствената жена од Балканот што ги преплива темните води на престижниот сон на секој маратонец. Таа епопеја во Југославија прерасна во мит со филмот “Исправи се Делфина” (1975) на Александар Ѓурчинов, со култната Неда Арнериќ во главната улога. Пливачката кариера ја заменува со тренерска, најнапред во белградскиот клуб “Црвена звезда”, а потоа и во спортски центар во Лос Анџелес. Во октомври 1991 година се враќа во Сараево за да стане селектор на босанската пливачка репрезентација и главен тренер на пливачкиот клуб “Босна”. Тогаш не ја насетува војната, но судбински ќе ги доживее ужасните сараевски зими, беспомошно сама и понижувана. Во студен јануарски ден 1994 година, со помош на потплатен унпрофорски офицер, го напушта Сараево, минувајќи преку фронтот на српската страна, со надеж дека конечно ќе го види синот. Следат кошмарни месеци на истрајување. Дури во летото 1994 година доаѓа во Македонија како почесен гостин на Охридскиот маратон. Претседателот Киро Глигоров ја убедува дека конечно се вратила дома. Од 1996 година ќе стане спиритус мовенс на организацијата на маратонот во Охрид, а подоцна и генерален секретар на Пливачката федерација на Македонија. Иако материјално ненаградена од државата, во 1998 година Македонскиот олимписки комитет ја овенчува со признанието великан на македонскиот спорт, а во 2000 година весникот Утрински ја прогласува за спортист на векот. Атина Бојаџи е метафора за успех, но и парадигма за истрајување. Од блескавите врвови на славата до морничавите удари на војната и човечката завист, таа помина маратонска патека за да биде денес морален шампион над сите животни бури. Живее во крајна скромност во Скопје. Ретка легенда на некогашна Југославија, а по малку оставена од своите во Македонија.
Сoседкa ми беше ептен финa женa,преескa нештo се случи штo ме пoтсети нa неa и иaкo стaрa темaвa сaкaв дa јa спoмнaм,ете дa не се зaрoбaви
 
На врв Bottom