Поздрав луѓе. Гледам дека темава е навистина запуштена, но се надевам дека има некој којшто ќе може да ми одговори на моите прашања.
Веќе долго време ги пратам атквиностите на Специјалните Единици во РМ, и планирам првата прилика која што ќе ја имам, да влезам во една од Специјалните Единици (нормално првин планирам да влезам во МВР па потоа по процедури и во специјалните единици). Едно што ме интересира е, дали сето ова вреди? Многу луѓе велат дека државава е пропадната и моментално е на многу ниско ниво и не вреди воопшто да се седи тука а уште помалку па да се работи во МВР или нешто слично. Дали денеска е се по врски или пак има шанси и без врски да се направи нешто? Можам да кажам дека сум доста спремен, бидејќи со години се бавам со спорт и достигнат сум на ниво каде што навистина сум кондиционо спремен и генерално спремен во во сите физички аспекти. Би сакал да го слушнам вашето мислење или пак мислење од некој професионалец којшто има искутво веќе со ова, благодарам.