Во рамките на активностите по повод одбележувањето на 1-ви Март денот на полкот за специјални операции (пСО) и Јубилејот ,,15 години специјална единица на АРМ“, во фоајето на Домот на АРМ во Скопје денеска со почеток во 14.00 часот ќе биде отворена изложба на фотографиии од историјатот на оваа единица.
На изложбата, која е прва од овој вид досега во Армијата, ќе бидат изложени фотографии со содржини од животот и работата на единицата за специјални намени, во кои е опфатен периодот од нејзиното формирање како баталјон за специјални намени во 1994 година, кој претставувал основното јадро за формирање на одредот за специјални намени, па се до неговата трансформација во пСО, соопштуваат од министерството за одбрана.
Посетителите, ќе имаат можност да видат многу атрактивни фотографии од обуката на припадниците на пСО, како и од петгодишното извршување на мисијата ,,Слобода за Ирак“ во рамките на Коалициските сили во Ирак, каде припадниците на оваа единица се стекнаа со висок рејтинг.
Изложбата ќе ја отвори командантот на пСО полковник Зоран Додевски, а се очекува да присуствува началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, командантите на останатите команди и единици на АРМ и други гости. Инаку, граѓаните на Скопје и Македонија, изложбата ќе можат слободно да ја посетат во Домот на АРМ од 23 до 27 февруари во време од 10.00 до 22.часот.
извор: еден форум,нејкам реклама да праам!
иначе, у четврток ке идам да видам шо има како,па ке постирам и некои слики!! (иначе кој незнае, ПСО= ВОЛЦИ)