Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
Гледајќи ја сликата сега од подобар аспект видов дека првата страна на календарот е усрана у пм.
И двете оружја што се на сликата се цивилни односно за цивилна употреба.Глокот е 17, 3 или 4 серија пошо баш на сликава не може убаво да се види.Како прво навлаката му е сменета,ракохватот е преправен и има монтирано оптички аимпоинт нишан и плус е офарбан во каки шара и сето тоа го прават приватни компании за физички лица кои сакаат својот глок да го направат по badass.Пушката на сликата е АР15 но произведена од фабрики кои не произведуваат оружје за војска,така да е наменета за цивили.Доказ за тоа е должината на цевката која каде оваа пушка ги надминува стандардите за војска пошо АР15 во војските ја има во две верзии стандардна како шо ја има нашата армија и CQBR кои ја имаат српската Жандармерија.Друго што ја издава дека е цивилна е облогата над цевката.На воените ар15 таа не се протега се до крајот на цевката туку има простор од 10-15 цм, тоа зависи за која верзија на ар15 се однесува.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Платформата е АР15,а во единицата се користи Колт М4.Да се каже дека се користи АР15 е исто како да се каже дека ние користиме Калашников. Од сликата неможе да се знае точно од која фабрика е произведена бидејќи во Соединетите Американски Држави модифицирањето на АР15 платформата е многу честа и едноставна работа.Кај нив единствениот дел закој треба дозвола да се купи и поседува главното тело,а сите други делови цевка,механизам за окинување,ракохвати,облога околу цефката,рачката за репетирање,рамки може кој сака да ги купи без никаков проблем и никакви додатни дозволи (како што ние можеме да купиме алат во железара). Стандардна пушка која е задолжена на сите е Колт М4 која има опција за полуавтоматско пукање и рафал од 3 куршуми и сите се стандардна големина,а само единиците кои имаат специјални намени ја користат Колт М4А1 која овозможува автоматска пукање(Покрај огромен асортиман на други оружја од фирми како HK,FN и слично). Доколку лицето има друга борбена улога има задолжено други оружја дали се тоа снајперски системи или пуштомитралез и до пред некое време користеа понови варијанти на М16 но со најновите измени сите користат Колт М4 како што кај нас се стандардно задолжува Застава М70-аб2.
Додатно специјалните единици во САД уживаат во огромна слобода при бирање на оружјето така да зборот "стандардно" не се користи во нивниот вокабулар.

Во одредени единици на вооружените сили на САД дозволено е маскирање на оружјето доколку таа единица оди на ротација во мисија така да не е реткост да се најдат исфарбани пушки.

Најновото лично оружје кое пуштено во употреба во американската армија е со КАКИ БОЈА или како тие што викаат Coyote Brown Sig XM17 за кое имаат дозвола да монтираат лични рефлексни нишани и светла.


Сите слики во календарот за оваа година се од сличен карактер така што нема слики од единицата ниту пак слики од вооружување кое го користи единицата.

Календарите издадени од ПСО и Ренџерскиот Баталјон имаат слики од припадниците.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
Другар немаше потреба толку многу да објаснуваш истото го имаш што јас го имам напишано само малку поопширно.Да те исправам УССОКОМ, да користат од пиле млеко но моментално две најкористени пушки кај нив се ХК416 кои Единицата(CAG) и Девгру ја земаат како нивна официјална јуришна пушка,другата пушка која ја користат е Скар и тоа во двете верзии Л и Х.
И имаш една грешка која јас ја кажав значи не се сите м4 иста должина или појасно кажано стандардна должина,ја имаш и верзијата CQBR(Close Quarters Battle Receiver) која ја користат комшиите срби и тоа и двете единици САЈ и Жандармеријата.Кај жандармеријата CQBR е официјалната јуришна пушка
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Верувај за секоја информација која ние можеме да дојдеме (од интернет) е една од две,а тоа или е намерно за класична дезинформација или пак објавено од тотално незнаење бидејќи тие две единици се тие што највеќе ги кријат и не патат од балканскиот менталитет на фалење "гледајте нови пушки имаме",а како што знам Delta,CAG,Unit итн уште се вртка околу нив огромна мистерија името го менуваат и точните информации се минимални за разлика од фоките кои фали уште да направат забавен парк.

Додатно единиците од таквиот тип кога одат на терен поради потребата од влегување и излегување "стерилни" најчесто користат оружје и муниција кои се автохтони во регинот кој извршуваат задачи за потешко влегување во нивниот траг.

Можеме за тоа да земеме и пример од нашата историја кога во 2001 година припадници од единицата користеа орпема од МВР за извршување на задачи но суштински причините се различни но со иста цел се работеше односно да се избегне идентификација.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
Знам за тоа дружее барем за америчката единица не ми зборувај најинтересното е што уште од 77 година немаат официјално име,се водат под разни имиња но америчката влада за нив го користи само зборот единица,додека припадниците на единицита ја викаат ЦАГ(combat application group).
Единствена единица која во целиот свет остана како најтајна се тие.И девгру беа ептен тајна но после операцијата нептуново копје се отиде у курац.Една многу битна и важна работа поврзана за ЦАГ,Девгру и САС која ја знам е кога одат во акција за да елеминираат некоја личност или одредена група,после завршената работа за да ги сокријат своите траги ги собираат и чаурите од куршумите што ги испукале.
Јас иако не сум член на никоја единица и слично скоро целиот свој живот го имам посветено во проучување на таа тема,специјални единици и опремата што ја користат.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Најдобрите единици се тие за кои не знаеме дека постојат.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
Најдобрите единици се тие за кои не знаеме дека постојат.
Не постои таква владина единица за која не се знае а оперира,единствени такви за кои не се знае дека постојат се невладините кои се спонзорирани од владите и немаат ниту име ниту било каква ознака.
Од серијалот Дуал Сурвајвал дечкото Џое Тети е таков дечко кој бил во единица која нема ни име,тие единици во америка ги викаат и парамилитарни.[DOUBLEPOST=1515527700][/DOUBLEPOST]Знам неколку работи доста интересни за нив и нивните акции уште во време на WW2 и за оние кои се случија пред некој месец во Сирија.Ама темата овде не е за САС
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
Сликата е многу стара од прослава на денот на единицата е 2002 или 2003.Интересно баш на истиот ден друг дел од единицата отишле на нивното добро познато преживување,тие таму го славеле денот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom