Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
БСН Волци





Еве и од РБ некои слики

Ренџерите од полкот за специјални намени имаа што да покажат на групата студенти од ФОН Универзитетот кои беа во посета на нивната единица.Со голем интерес беа проследени демонстрациите на боречки вештини, приказ на дел од вооружување и опрема, како и расклопување и склопување на лично вооружување во кое и самите се обидоа.








 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
Тоа нема никогаш да се случи,никогаш Албанци во волците.Можат само да сонуваат
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Тоа нема никогаш да се случи,никогаш Албанци во волците.Можат само да сонуваат
Целта е да се уништи секоја работа со која Македонците се гордеат, така да...
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
Не е дека немаше да има албанци или било која друг етникум во В`ците, исто и припаднички на понежниот пол, едноставно не ја поминале селекцијата од 24 дена, како тоа има куп албанци а и девојки во Ренџерите кои се исто дел од Полк за специјални операции?

Вакво нешто е чисто политиканство и комплицирање без потреба, во гоките или било која друга елтина единица има квота по однос на етничка, религиска или било каква друга припадност?
Било каде во светот дали има вакво нешто нека каже дотичната?
Или некои прашања не заслужуваат одговор?

Со вакво нешто се убива духот на единицата а пред и над се тоа и е целта.Ништо друго како и во куп други работи.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Со вакво нешто се убива духот на единицата а пред и над се тоа и е целта.Ништо друго како и во куп други работи.
И тоа со истиот концепт на "радикална еднаквост".
Родова еднаквост, правична застапеност, секој заслужува подобро се само фрази кои на прв поглед изгледаат праведни, но всушност имаат за цел да го уништат квалитетот и да направат ршум во општеството.

На пример за да влезеш во Ренџерите, еден од базичните тестови е склекови.
И тоа 50 склекови за мажи, а само 30 за жени. Еднаквост?
Маж прави 49 склекови, жената 30 - и влегува жената.
Не сакам да бидам во таква единица каде што до рамо ќе ми стои некој недостоен за останатите кој влегол само заради некои политички квоти.
Тоа ти е исто како на пример заради не-дискриминација да ставиш некој што пасел овци како контролор во нуклеарна централа, резултатот ќе биде хаварија.
Исто е и со Рамковниот, не треба да имаш знаење, треба само да си припадник на малцинствата, и ќе влезеш пред Македонецот кој е поспособен.

Кој морал очекуваш да го имаат војниците во случајов?
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.786
Поени од реакции
29.223
,,,a zoshto bi vi smetale albanci vo BSN Volci,,,,i ebavte majkata na drzhavava so vashite crpnati mislenja koi istite veke se sproveduvaat i dobivaat zakonska osnova za rasturanje na nea po site osnovi,a tuka demek ovaa edna i edinstvena formacija shto ke bila samo od makedonci bi spasila neshto vo sluchaj na nedajbozhe,,,
,,,vo ime na novonastanatata politichka klima i na tukashni mislenja po sistemot rushi se,,,zoshto da ne se srushi i ovaa edinica za specijalni nameni,,,
,,,pred da mi replicirate prochitajte si gi vashite mislenja vo rubrikite za deshavki vo Mk?( prashanje na vreme do koga), i za unishtuvachkiot nagon shto go imate i vo rubrikata Sk 2014,,,
,,,[DOUBLEPOST=1511027968][/DOUBLEPOST],, iPS,,,na logoto na edinicata i fali dvojazichnost,so vreme da si znaat pripadnicite na shto se,,,
 
Последно уредено:
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443

Вечна им Слава![DOUBLEPOST=1510409762][/DOUBLEPOST]

Ако некој има пристап до базата на ЕБР, нека ја сликне оваа спомен плоча убаво, за да се комплетира постот погоре како што треба, слика со воена униформа и баретка.



Почивај во мир чичко Драго.
 
Член од
16 ноември 2017
Мислења
1
Поени од реакции
0
Нешто повеќе за опремата и униформите кои ги користеа тигрите и ебр во акцијата во Куманово ?
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
Слабо нешто темата овие две недели.
Еве една слика од Тигрите, ја имаше на нивната страница објавено на 7 овој месец.
Сликата е доста стара,сигурно има поминато 3-4 години од оваа здружена вежба на специјалните полициски единици во Хрватска.
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
Текстот е од Лоза.мк.

Вистината за Македонските Лавови


Господи, чувај ме од зло и дај ми сила да ги одбранам мојот дом, мојот народ, мојата Македонија, амин.

Во целата организирана хајка против “лавовите” пострашно од нивното расформирање е токму моралното понижување на кое се изложени не само тие, туку и другите бранители на нашата земја. Ми се чини дека не постои друга институција или организација, која има претрпено толку силни атакувања врз себе, како полициските сили за брза интервенција “лавови”.

Во која било земја и која било воено-полициска формација се случуваат многубројни инциденти кои најчесто се иницирани од поединци. Меѓутоа, ретко каде можеме да сретнеме колективен напад врз истата, зашто постои име и презиме на припадникот кој го предизвикал инцидентот. Во нашата држава пак, со месеци се случуваат жестоки клевети, минимизирање, валкање на луѓето “ан блок”, кои од почетокот на војната до денес ја бранат нашата земја!

Но, да се потсетиме како беа формирани “лавовите”. Кога почнаа нападите на албанските екстремисти, во целиот период непрекинато се судрувавме со исти проблеми: непоседување воена техника, немање специјални единици за таква војна, дезорганизираност на многу нивоа во одбраната и основното потребно за позитивен исход на каков и да е успех – нерасполагање со доволно луѓе со волја и мотив да се борат во првите борбени редови! За жал, освен “волците” кои се потврдија како добро обучени и подготвени (но, половината од нив веднаш беа ангажирани за други намени?!), македонската одбрана се соочуваше со специфични форми на дезертерство: политичари кои ја заборавија својата заклетва; команданти кои си ја префрлаа одговорноста од еден на друг; многубројни примери на дезертирање, како што беа 250 професионални војници кои од почетокот до крајот на воената криза беа на боледување; се соочувавме со одбивање наредби на посебните единици на МВР преку трагикомични форми, кога цели автобуси ги снемуваше, а некои од нив влечејќи ги и тегнејќи ги “ги полнеа” во камионите или во транспортерите; ни се случи откажување команда на дел од “тигрите” среде борба на кумановскиот фронт и нивно заминување за Скопје, зашто се “налутиле” некому, оставајќи ги своите соборци незаштитени. Утрото кога го извршивме нападот врз Арачиново по тринеделни подготовки од страна на Генералштабот, од 250 планирани војници дојдоа само 60. При новонастанатите непредвидени околности, не постоеше ниедна друга можност, освен планот да го менуваме на самото место, така што пристигнатите војници се приклучија кон полицискиот контингент.Истиот ден имавме и примери кога екипажот од еден тенк во напад го запрел тенкот и напуштајќи го фронтот си заминал дома. А, дали воопшто заслужуваат да бидат спомнати дезертерите кои воопшто не се јавија на поканата за регрутација или оние на кои си уште не им беше врачена, зашто навреме избегаа од државата. Тоа беше првата причина зошто се појавија “лавовите”. Втората причина, беше фактот што сите дипломати кои не посетуваа во тоа време, настојчиво повторуваа дека нам никој не ни пречи да се бориме против терористите, но дека многу лошо се претставуваме пред светот кога врз населени места пукаме со топови, минофрлачи, хеликоптери, па дури и со авиони. Дури од нас се бараше да формираме специјални сили за брза интервенција кои ќе водат борба од куќа на куќа, гради в гради, на ист начин како што тоа го правеше нашиот противник, претходно обучен на Косово. Тоа се двете комплексни причини зошто беа формирани “лавовите”. А, до денес ниту еден политичар и кај нас и во светот што ја додава етикетата “паравојска”, се уште не дал објаснение во што се состои паравојноста на оваа специјална единица која е создадена со одлука на Владата на Република Македонија!

Постојат три заклучоци на три посебни седници на Советот за национална безбедност под претседателство на претседателот на Републиката, со кои се потврдува легитимноста на “лавовите” како дел од македонскиот легален систем на одбрана! Ако се осврнеме на ставовите на македонските позициски политичари, презентирани во нивните медиуми, “консументот” може да падне во заблуда од кого беше загрозен територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, дали од терористите на ОНА или од македонските “лавови”?! Дури се добива впечаток дека од толкавото “насилство” на “лавовите” е оправдан и масакрот извршен врз нашите жртви?! Бранителите кои претходните месеци во борбите се покажаа како исклучително храбри и издржливи, беа наречени “лавови” дури по битката за Арачиново. Припадниците на оваа единица не беа собрани од улица, туку напротив, тоа беа луѓе кои претходно беа легални резервисти во полицискиот и армискиот состав, дел од “тигрите”, дел од “волците”. Речиси сите команданти на таа единица претходно имаа заснован професионален однос во АРМ и МВР. И за кратко време станаа мит во нашата одбрана, мит на нашата сила, влевајќи самодоверба кај Македонците дека има кој да ги штити.”Лавовите” не откажаа ниту една команда и ниту еднаш не се повлекоа од борбена позиција!Секоја земја што се наоѓа во воена криза, ниту очекува целиот народ да се бори, ниту пак тоа е теоретски можно. Само два до три насто од граѓаните кои што се најхрабри и најиздржливи да бидат повеќе месеци во ископани ровови слушајќи фиукање на куршуми над нивните глави ја бранат државата. Но, затоа преостанатиот дел од народот е подготвен таквите жртви да ги слави и да им оддава почит. Да го споредиме односот на Албанците кон ОВК и ОНА со нашиот?! Нигде, па ни во Македонија, никој не очекува на првата борбена линија да се наредат магистри или доктори на наука! Но, уште помалку за очекување и за верување е третманот што бранителите го добиваат, бивајќи изложени на клевети и бербатење од секаков вид. Хероите се ставени на срамен столб, а дезертерите и разните лигавци и шминкери, кои исчезнаа кој знае каде, ги поучуваат, покривајќи ја на тој начин својата совест. Во целата организирана хајка против “лавовите” пострашно од нивното расформирање е токму моралното понижување на кое се изложени не само тие, туку и другите бранители на нашата земја.

Ние сме сведоци не само на техничкото расформирање на нашиот безбедносен систем, туку и на уништувањето на борбената волја за одбрана на нашата земја. Загрижувачки момент за мене е што последниот месец од различни нивоа на луѓе кои се бореа во минатата криза постојано слушам само една реченица: “Сега ако нè нападнат, не постои сила што ќе не натера да одиме на фронтот!”Токму затоа, сметам дека се уште не е доцна Македонија да ја победи побудата на самоуништување и национален нихилизам и достоинствено да им ја даде должната почит на дел од своите бранители. Дотолку повеќе што нивните барања имаат социјален карактер, а тоа проблемот го прави помал. Да не ја раскажувам приказната добро позната на секој Македонец, за овчарчето кое трипати ги лажело возрасните овчари дека доаѓа волкот. Но, затоа ќе поставам едно прашање: „Кој ќе се запраша: Дали постои можност, волците овој пат навистина да се појават?“ Тогаш, овчарите ќе дојдат ли да не одбранат?!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom