Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
14 август 2016
Мислења
101
Поени од реакции
185
"Се колнам во честа и крвта пролеана од генерации јунаци пред мене дека ќе и служам верно на единицата "Волци" и мојата татковина Република Македонија.Довербата на моите старешини ќе ја оправдам со примерност,совесност и пожртвуваност.Со гордост и одговорност ќе ги носам во крв натопените обележја на единицата и ќе бидам силен и упорен на бојното поле.Се колнам дека ќе го победам секој непријател и тогаш кога сите други ќе се откажат,притоа не жалејќи го својот живот за да ја извршам задачата.Единствено жалам за тоа што немам повеќе од еден живот да го дадам за Република Македонија".-ЗАКЛЕТВАТА
:cuc::cuc:
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
[DOUBLEPOST=1495394324][/DOUBLEPOST]Жарко Кузмановски
Борец! Лидер! Вистински пример за младите генерации!
Тие имаа од кого да учат, им беше пример за храброст, чесност, смелост... Ги сакаше како свои затоа им го чуваше грбот. Ти беше пример за вистински лидер!
Загина за твоите колеги и твојата татковина! Сите ние вечно треба да ти благодариме!
Вечна ти слава!
prvzemeno od FB strana TIGAR
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Зоран Јованов е роден 1972 година во Скопје. Во текот на своето детство и во текот на своите тинејџерски години се има занимавано со повеќе боречки вештини и со падобранство. Војска има одслужено во 1991 во 63. Падобранска единица во Ниш. Важеше за многу професионален и искусен војник,има дејствувано во борбите на Вуковар и на други останати места од страна на Југословенската Народна Армија.По завршетокот на големите немири во 1994 на 1 Март како потпишува договор и е прв припадник на Единицата за специјални намени Волци. Посветен е кон професијата, семејството и пријателите. Има голема активност во одбраната на оваа држава и како најспремен припадник на ЕСН-ВОЛЦИ има големи одликувања. Завзема голема активност во 2001. Неколку години по војната се префрла во Падобранската бригада 501 и таму е Падобрански Инструктор со професионални скоро 300 скока и учествува во формирања на ренџерскиот баталјон. Загинува во Прилеп на 23 Мај 2004 година при редовна вежба на Падобранската Единица. Зад себе ја остава неговата Фамилија која имаше голема верба во него, своето семејство синот и сопругата.
Зоран Јованов - Циганот (1972 - † 2004), човек кој направи многу за оваа држава, и сите ќе ја паметат неговата храброст и несебичност да се одбрани своето во секое време. Неговиот живот заврши пред 11 години на 23.05.2004 година на 298 скок за време на падобранската обука-скок на слободно од Авионот Ан-2 од 1000 метри околу 12 часот во Прилеп на аеродромот Мало Коњари.
Никогаш нема да бидеш заборавен!
Почивај во Мир!
Слава Ти!

[DOUBLEPOST=1495539829][/DOUBLEPOST]

Припадничка на ЕСЗ ТИГАР[DOUBLEPOST=1495570706][/DOUBLEPOST]Зоран Јованов-Циганот (1972-2004)

Волк од кого треба да зимаат пример сите во Единицата!

Колега, Брат, Пријател кој немаше резерва за пријателство и колегијалност, кои секогаш го ставаше својот живот во опасност за да помогне на своите соборци и колеги. Никогаш нема да бидеш заборавен бидејќи беше пример за војник пример како инструктор пример за сите нас! Заедно со нас беше Секогаш и Секаде.Секогаш твоите дела ќе бидат раскажувани од генерација на генерација и никогаш нема да бидеш заборавен од никого.

Неговиот живот заврши пред 13 години на денешен ден 23.05.2004 година на 298 скок за време на падобранската обука-скок на слободно од Авионот Ан-2 од 1000 метри,околу 12 часот во Прилеп на аеродромот Мало Коњари. Никогаш нема да бидеш заборавен! Почивај во Мир! Слава Ти!

Почивај во Мир! Сеуште жив во Единицата!



Ова е Зоран, може некој да ми каже локација и година за оваа слика? Овче Полски крај или Кумановско некаде ? ВЕЧНА ТИ СЛАВА ЗОКИ!
 
Последно уредено:

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Чичко Зоки, Ерџелија ми е многу позната :D:);). Овие Авиони се гледа дека се на Земјоделската Фирма Бониер. Ги има во Овче поле во близина на село Пеширово( На далечина од само 300 метри е аеродромот од пеширово), а од Ерџелија мислам дека е одалечено околу 6 километри. А другите Авиони се сместени во Кумановскиот крај. Пред незнам колку години (не се сеќавам многу бев малечок:ROFLMAO: ) имаше нешто скокање со падобранци во селото во Ерџелија од овие авиони е сега кој биле луѓето незнам, од кај нас сите се собраа и отидоа да гледат а мене многу ми се спиеше во тој момент!!! Значи не се сеќавам добро на овој настан, но можам да се распрашам:);) Благодарам за информацијата!:)[DOUBLEPOST=1495652359][/DOUBLEPOST]Зоран Јованов - Циганот на Командо курс во Турција 1997, препознатлив по неговата пожртвуваност и вистинскиот дух на војник, тој е прворангиран на курсот.


Запленето оружје од операцијата „Млекара“,во која е елиминиран еден од водачите на Ал-Каеда,операцијате е изведена целосно автономно од нашите војници
[DOUBLEPOST=1495656481][/DOUBLEPOST]Мислам дека тој скок со падобранец го извела ќерката на шефот на Бониер со/или негови блиски роди, не ме сваќајте 100% точно. Пред неколку години читав и мислам дека е така. Го најдов и видеото како скокат над селото и слетуват на игралиштето https://www.youtube.com/watch?v=U4Z6nYhPoKQ (не е Св.Николе ова туку е с.Ерџелија,св.николско). Извинете многу за оф топикот.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
[DOUBLEPOST=1495742322][/DOUBLEPOST]Чекав некој друг да ги поставе сликите малку да се актвириате и вие, во последно време само јас сум актвиен:D:P
Во касарната „Илинден„ пред камен обележјето „Македонски волк“ денес со свечено доделување на црвената беретка се промовираа нови припадници на баталјонот за специјални намени кои се покажаа како најдобри и најупорни во шестмесечниот квалификациски курс. Еве некои убави слики од Македонската волчја глутница:cool::):bravobe:(y)


[DOUBLEPOST=1495744356][/DOUBLEPOST]Во касарната „Илинден„ пред камен обележјето „Македонски волк“ со свечено доделување на црвената беретка - знакот за припадност во единицата, официјално заврши квалификацискиoт курс.

Цел на курсот беше новите припадници да се квалификуваат за извршување на задачите од доменот на специјалните операции што претставува предуслов за нивен влез во баталјонот. За време на квалификацискиот курс беа реализирани теми и обуки од различни специјалности (алпинистика, преживување, тактики на мали единици, борба во урбана средина) како дел од колективната обука.

Динамичното темпо и предизвиците за време на самиот курс ја направија природната селекцијата така да само најдобрите и најупорните останат до крајот и станат дел од баталјонот за Специјални намени.
 
Последно уредено:

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
Прашање до вас: Дали некој бил во спомен собата на ЕСЗ Тигар и може да ми каже дали смеам јас како обичен граѓанин да го посетам во касарната Илинден? И дали ако има некој слики од внатре од припадниците може да ги стави тука или да ми ги прати приватно? Фала однапред.



Чим маратонциве влегле... знае некој точна локација?
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Ако е маратонец, не значи дека не е дел од ЕСЗ.

Многу ме интересира дали имате некој познат што влегол во ПСО сега, што го завршил курсот. Дали бил ОК курс, или мижи асан да ти баам. Колку пролазност има, од колку пријавени ? Тоа е најрелевантен фактор. :D

Ти пишав пп, можеш да оговориш. :D
 
Член од
21 мај 2016
Мислења
100
Поени од реакции
146
Dokolku ima nekoj majca od Rendzerite dali bi sakal da mi ja slika od napred i nazad kako izgleda bi sakal da ispecatam... Fala.. Neka mi ja prati vo poraka..
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
875
Поени од реакции
3.441
Прашање до вас: Дали некој бил во спомен собата на ЕСЗ Тигар и може да ми каже дали смеам јас како обичен граѓанин да го посетам во касарната Илинден? И дали ако има некој слики од внатре од припадниците може да ги стави тука или да ми ги прати приватно? Фала однапред.



Чим маратонциве влегле... знае некој точна локација?
Maratoncive levo i desno se del od niv ne se obicni... i im bea kolegi a toj sredina mislam prijatel ili rodnina na zaginatite.
 
Член од
14 август 2016
Мислења
101
Поени од реакции
185
Прашање до вас: Дали некој бил во спомен собата на ЕСЗ Тигар и може да ми каже дали смеам јас како обичен граѓанин да го посетам во касарната Илинден? И дали ако има некој слики од внатре од припадниците може да ги стави тука или да ми ги прати приватно? Фала однапред.



Чим маратонциве влегле... знае некој точна локација?
маратонците ги познавам и верувај имаат овластувања да влезат таму, а на прашањето дали ти можеш да влезеш таму како обичен граѓанин мислам дека одговорот е НЕ.
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
26 Aвгуст 2003,Припадници на ЕСН „Волци“ како дел од првиот контигент од мисијата „Слобода за Ирак“,Вавилон градот во кој Александар Македонски во 331 година п.н.е бил пречекан како ослободител,по победата над Персија
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
nema zaginato stranci.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom