Македонски специјални единици (полициски и воени)

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
..да,срамота е... но поголема срамота ке биде кога на тв ке кажат ''-патролата составена од 5 полицајци била претепана во паркот од 7-8 пијани момчиња''???:pos2::pos2::pos2:
и да не наведувам други случаи...
а момците од ЕБР или ЕСЗ, тешко да добијат ќотек...
''плавците'' се само за пишување казни... друго ништо...

а ЕБР се вкупно 4 чети, 1 и 2 се за антитероризам, 3 и 4 за јавен ред и мир... но доколку згусти некаде,не е проблем сите чети да се пратат таму...
што значи "плавците" се обични "чаламџии"-вади бе лична карта копук да не ти пишам казна:uvo:.....па не требаат ли плавците да имаат некоја основна одбранбена обука,да не биде за нив брука ако ги испотепаат(и верувај никој не би се осмели да тепа плавец,ај што ќе добиеш кривчина за напад на овластено лице,па башка ќе те изгора со казна)
-па не можеш ЕБР да ги прќаш за тепачка на 10 души,мислам брука е за самата единица,да се расрправа и приведува пијана толпа која предизивкала некој инцидент

за дискотека е глупости да праќаш специјална единица(освен ако во неа не се прават илегални дела) за апсења и спречување на тепачка,си има патролна полиција која тоа треба да го реши
на стадион бројка од мин 1000 гостински навивачки се случува два пати годишно,не можеш ти на 200 гостински и 400 домашни навивачи(без семкари) да праќаш единица од 100/150 специјалци:nenene:да не ги набројувам и плус плавците и редарите
 
С

Спенсер

Гостин
што значи "плавците" се обични "чаламџии"-вади бе лична карта копук да не ти пишам казна:uvo:.....па не требаат ли плавците да имаат некоја основна одбранбена обука,да не биде за нив брука ако ги испотепаат(и верувај никој не би се осмели да тепа плавец,ај што ќе добиеш кривчина за напад на овластено лице,па башка ќе те изгора со казна)
-па не можеш ЕБР да ги прќаш за тепачка на 10 души,мислам брука е за самата единица,да се расрправа и приведува пијана толпа која предизивкала некој инцидент

за дискотека е глупости да праќаш специјална единица(освен ако во неа не се прават илегални дела) за апсења и спречување на тепачка,си има патролна полиција која тоа треба да го реши
на стадион бројка од мин 1000 гостински навивачки се случува два пати годишно,не можеш ти на 200 гостински и 400 домашни навивачи(без семкари) да праќаш единица од 100/150 специјалци:nenene:да не ги набројувам и плус плавците и редарите

имаат обука... да ставаам камења у џебовите кога ке дува појак ветер:pos2::pos2::pos2:

секако дека имаат обука,ама она најосновното што е... колку да не е без ич... незнам,али плавциве тешко да се справат со начукани говеда у дискотека...

а што да кажеме па на замарањето на ЕСЗ со апсење на кој било??? тоа само за пред камери,2ца специјалци го носат уапсениот,тој со лисици на раце,кај ке бега??? али тоа за пред камери...







еве неколку слики... доста добри...
 
С

Спенсер

Гостин
Вчера ЕСЗ/ЕБР и одделот за антитероризам на МВР имале вежба...

Терористичка закана со бомба во авион

Авион со бомба принудно слетал на скопскиот аеродром. Боингот 737 – 300 кој полетал од Брисел бил цел на терористички напад. Според првичните информации, за време на летот, пилотите алармирале дека во авионот има патник за кој се сомневаат дека има поставено бомба во багажниот дел од авионот. Веднаш по пријавата теренот на скопскиот аеродром бил расчистен, а целата екипа се подготвила за принудно слетување.

Александар велики бил преполн со екипи за антитероризам и специјални полициски единици. Ги обезбедиле скиците на авионот и откако слетал, направиле план за упад во боингот. Го опколиле авионот, а дел од нив влегле внатре. За неколку миниту биле евакуирани околу 100-тина патници, а терористот бил уапсен. Во празниот авион останале екипите за антитероризам. Бомбата ја пронашле во багажникот како што и било пријавено. Ставена во еден куфер специјалците ја оддалечиле од аеродромот и успеале да ја деактивираат.

Но, сепак ова е само симулација. Терористичката закана со бомба во авион е дел од вежбата на МВР во која учествувале околу 130 припадници од одделот за борба против тероризам и на единиците за специјални задачи и брзо распоредување. Екипите работеле по претходно разработено сценарио, а вежбата траела час и половина во време кога аеродромот бил затворен за сообраќај. Ваквата активност е и обврска кон европската и светската конференција за безбедност во авиосообраќајот кои се со цел да се задржи и подигне нивото на готовност за реакција во кризни ситуации.

видео
 
С

Спенсер

Гостин
1ви март -ДЕН НА ПСО!

Најелитната единица на АРМ полкот за специјални операции покажа што знае и умее на 16-тиот роденден. Македонските специјалци се вешти во боречките вештини, чиј дел учеа дури и во далечната Кина.

Сме сила на која можат да сметаат сите граѓани на нашата горда татковина, сме лојалност и вештина која не остава двоумење на ниту една страна дека сме подготвени за она за што макотрпно се подготвуваме секој ден во секоја година“, изјави полковник Зоран Додевски-командант на ПСО.

Специјалците успешно без ниту една жртва ја завршија 5-годишната мировна мисија во Ирак, а сега се подготвуваат за новата операција во Авганистан.

„Секој припадник на АРМ е горд на најелитната високообучената и првата професионална единица во армијата-полкот за специјални операции. Ваквата констатација се темели врз фактите за постигнување на одлични резултати на бројните вежби, како и учеството на околу 500 припадници на единицата во мисијата слобода за Ирак од кои над 100 се одликувани со високи признанија на армијата на САД“, рече генерал-потполковник Мирослав Стојановски-началник на ГШ на АРМ.

На денот на единицата, специјалците се потсетија за нивните загинати соборци.

видео

утре повеќе слики...


копирајтед-Алвар:vozbud:
 
С

Спенсер

Гостин
ги шиткам амблемиве- ЕСЗ ТИГАР,Хеликоптерска единица на МВР и гранична полиција... ПП/мсн за контакт:vozbud:

 
Член од
25 април 2009
Мислења
369
Поени од реакции
136
кажвај тигарот задна цена за кеш? xD
 
С

Спенсер

Гостин
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121303

Телото на починатиот работник во рудникот е веќе извадено од ЕСН-ВОЛЦИ... повторно се докажува дека се најелитна Армиска и воопшто Македонска специјална единица:vozbud:

Гордост Македонска:oeoeoe:
 
С

Спенсер

Гостин
Освен Армијата,и МВР ке учествува во мировните мисии во Афган/ирак и нз каде...:vozbud:

И полициските специјалци - миовници од идната година
27.03.2010 - 18:03 | Македонија

Полициските специјалци во борбени редови. Ваква одлука деновиве била донесена во зградата на “Илинденска” без број.


Специјалците на МВР да се вклучат во мировна мисија бил предлогот кој според нашите информации е прифатен.

Освен војниците на АРМ во мисииите под раководство на НАТО ке се вклучат и единиците за брзо на распоредување на полицијата. Ова, била и причината поради која изминатиов период полицајците се на редовни подготовки кои им ги вршат армиски тренери.

Вчера министерката им додели и НАТО сертификати на 20тмината кои се стекнаа со титула “животоспасувачи”. Нашите извори потврдуваат дека ова било клучна обука, за да полицајците се приклучат во мегународна мисија. Јанкуловска вчера не го сокри заедничкото работење на Aрмијата и полицијата.

- Ова е само една од ред вежби кои заедно ги спроведуваме со АРМ и со тоа покажуваме дека низ партенрство и размена на знаење и полициските и армиски единици ќе бидат исклучително добро обучени и подготвени да одговорат на сите задачи, изјави министерката Јанкулоска.

Кога специјалците на МВР ке заминат на мисја се уште не било одлучено. Изворите до кои дојде Сител, потврдуваат дека ке мора првин да ги поминат неопходните обуки од армијата. Најдоцна догодина првиот полициски тим би требало да замине во мировна мисија.

Во моментов Македонија има 177 мировници кои активно партиципираат во мировните мисии, дополнително деновиве ќе бидат вклучени уште 79 војници. Освен во Авганистан каде се најголем дел од мировниците, наши војници има и во мисјата Алтеа, во Унифилд и Флорида. Каде ќе патуваат полициските специјалци останува непознато.

превеземено- Сител ТВ.

еве и галерија од вежбата пред некој ден на ЕБР и ЕСЗ (извор- Макфакс)
 
С

Спенсер

Гостин




Фото: Ивана Кузмановска -макфакс

поздрав до Шутка:pos2::pos2:

поздрав
 

Kajgana Shop

На врв Bottom