Македонски серии

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
@Zlatikevichius ќе гледам јас една епизода ама се е јасно и по рекламата што оди на Телма.
По твојава логика, и мене се ми беше јасно за „Кога денот немаше име“, и тоа не по некаква реклама, туку уште кога дознав кој, со кого ќе го снима, ама никаде не сум рекол дека филмот е лош. И нема ни да речам, се додека не го изгледам. А ти упорно тврдиш дека е лоша серијава а од неа ни епизода има излезено, ни бутур. Не знам дали ме разбираш што сакам да ти кажам.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
@Zlatikevichius koj to so koj snima kinematograferkata e edna od najdobrite vo Evropa, filmovite na Teona prethodni bea na site najvazni no i na uste 200 drugi festivali i osvojuvaa nagradi. Mladite glumci po filmot 3ca dobija stipendii vo SAD, Danska i O.Kralstvo na studii za rezija i gluma. Profesionalnite akteri se site dobro etablirani Ratka Radmanovic, Ana Kostovska... I odlicno te razbiram ama kje zborime pak posle prvata epizoda i togas koga na kantar ke gi stavis so na pr. drugite ponovi serii kje vidis i kje vidis kolkav rejting kje ima serijata
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
@Zlatikevichius koj to so koj snima kinematograferkata e edna od najdobrite vo Evropa, filmovite na Teona prethodni bea na site najvazni no i na uste 200 drugi festivali i osvojuvaa nagradi. Mladite glumci po filmot 3ca dobija stipendii vo SAD, Danska i O.Kralstvo na studii za rezija i gluma. Profesionalnite akteri se site dobro etablirani Ratka Radmanovic, Ana Kostovska... I odlicno te razbiram ama kje zborime pak posle prvata epizoda i togas koga na kantar ke gi stavis so na pr. drugite ponovi serii kje vidis i kje vidis kolkav rejting kje ima serijata
OK, тоа го говорам јас, ќе зборуваме откако ќе ја гледаме. А не сега, ко ти што правиш. ;)
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Еве го трејлерот за во последно доста актуелната серија „Македонија“ на Јадран Филм
„Јадран филм“ го објави трејлерот на играната серија „Македонија“ која е специфична љубовна приказна, каде главен актер е американски продуцент кој доаѓа во Македонија за да прави серија за „Македонија“ и при тоа се бори со своите дилеми, влијанија и препораки од разни страни како серијата би можела, требала и смее да изгледа … Неколку пати после неколку тешки удари на проектот, скршен за кратко решава да се откаже, но сепак на крај ја завршува серијата…


Изработка на квалитетен и добар, а пред се и гледан производ кој ќе има гледачи во целиот свет е задача која воопшто не е лесна ниту едноставна. За тоа говорат и бранувањата околу овој проект, коишто за жал стануваат дел од дејствието на играната серија „Македонија“. Во оваа прилика, во името на целата екипа, изразуваме благодарност за огромната поддршка што ја добивме од јавноста, како и од сите сегменти на македонското општество, токму од оние кои се дел од дејствието и дел од екипата на серијата. Објавувањето на трејлерот е првиот чекор кој го правиме во презентација на играната серија „Македонија“ пред јавноста, и во транспарентен процес ги надминеме сите предизвици со кои се соочивме и се соочуваме за време на подготовките и снимањето на првата сезона од серијата. Работејќи со силна верба и висока цел, ние ја снимивме првата сезона од серијата која ги промовира темелните човекови вредности. Гледајќи го трејлерот „Македонија“ ќе видите дека тоа е љубовна приказна која во себе носи благородна порака на љубов и надеж! Серијата на која се работеше скоро две години веќе е дистрибуирана на голем број светски пазари и ќе биде гледана низ целиот свет. За нас и за „Македонија“ најважен дел на Светот е „Македонија“ и гледачите во „Македонија“.

Наша единствена цел е презентација на „Македонија“ како љубовна приказна која ќе го воодушеви и засака Свет.

Серијата ќе ја завршиме и јавно ќе ги презентираме сите информации со единствена цел институциите на системот и целата македонска јавност да бидат точно информирани. Нашата професионална работа е јавна, „res publica“, позади која стои нашата компанија со 71 годишна традиција, компанија која продуцирала повеќе од 200 филмови, како и најсложени и најуспешни серии за светскиот пазар. Така ќе биде и овојпат со проектот „Македонија“!

Темата баш и не ми е привлечна, по трејлерот и не ми се чини баш дека ќе биде многу гледана ниту во Македонија ниту друго место. Исто не гледам по трејлерот дека серијава е толку многу скапа квалитетот дефинитивно не е како на Сенки на Балканот. Спрема тоа што Македонија мнозински финансира има многу молку македонски глумци, го приметив Лилиќ, Александар Ристовски ама не видов никој од попознатите македонски актери. Хрвативе си ги напикале свои глумци. ВМРО и Бети Канческа Милеска ќе бидат задоволни во серијата се промовира Скопје 2014.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Од играната серија „Македонија“ нема ништо, Тозија бара „Јадран филм“ да ги врати парите

Директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија на денешниот брифинг во Владата, ги информираше новинарите дека согласно одлуката на Владата и согласно Законот за филмска дејност, оваа институција со која што тој раководи поведе постапки пред сите надлежни институции поради очигледните прекршувања на потпишаниот договор од страна на видео продукцијата „Јадран филм“ за реализација на играна серија „Македонија“, договор кој тежи 4.6 милиони евра.

Како што потенцираше директорот Тозија целта е со преземените чекори оваа државна институција да ги заштити парите на граѓаните и да ги врати во буџетот на Република Македонија.

„Иако сите рокови од договорот се поминати, до ден денеска Агенцијата за филм нема добиено од продукцијата ниту серија, ниту документи, нема ниту никакви известувања каде уплатените пари за првата серија во висина од 80 %, односно 68 милиони денари се потрошени. Договорот за серијата изнесува 4 милиони и 602 илјади евра. Првата серија е финансирана со една уплата, што е невообичаено и нестандардно за филмска индустрија и телевизиски серии со 80%. После нашата преписка со продуцентот, престаната е комуникацијата, нема никакви одговори и Владата на Република Македонија донесе одлука да се раскине договорот и да се бара поврат на средствата“, изјави директорот Тозија.

Во тек е судска постапка за утврдување на одговорноста поврзана со проектот за кој на „Јадран филм“ му биле префрлени 1,1 милион евра пари од поранешната влада.

http://fokus.mk/od-igranata-serija-make ... ti-parite/[DOUBLEPOST=1510669776][/DOUBLEPOST]
Темата баш и не ми е привлечна, по трејлерот и не ми се чини баш дека ќе биде многу гледана ниту во Македонија ниту друго место. Исто не гледам по трејлерот дека серијава е толку многу скапа квалитетот дефинитивно не е како на Сенки на Балканот. Спрема тоа што Македонија мнозински финансира има многу молку македонски глумци, го приметив Лилиќ, Александар Ристовски ама не видов никој од попознатите македонски актери. Хрвативе си ги напикале свои глумци. ВМРО и Бети Канческа Милеска ќе бидат задоволни во серијата се промовира Скопје 2014.
Глуми гледам и син му на Тони Михајловски но според информациите кој знае дали ќе доживее воопшто серијата да се емитува на телевизија.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Телма го даваат Ах љубов моја филмот со Тино и Атанас како серија од 5 епизоди и тоа во 7 и 45 часот наутро.

7 и 45 :facepalm: Поглуп термин здравје.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Телма го даваат Ах љубов моја филмот со Тино и Атанас како серија од 5 епизоди и тоа во 7 и 45 часот наутро.

7 и 45 :facepalm: Поглуп термин здравје.
Neznam so mislat koj kje gleda redovno sekoe sabajle za da go izgleda cel, se nadevam nekoj kje proba da go snimi iako ne vervam. A I ako ne se lazam utrinskata od 8 pocnuva po 15 min trae?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Од Фејсбук страната на Телма добив ваков одговор кога ги прашав за серијава дали ќе има реприза

Серијат Ах Љубов моја ќе биде емитувана од 11 до 15 декември. Ќе следува соодветна најава. Благодарам што сте наш гледач.


Е сега кој кого овде зеза не знам. Никако не ми е јасно зошто ја пуштаат серијата сега во мизерен термин сабајле со петлите кога кукурикаат во село, а потоа пак во декември да ја пуштаат по нивно сигурно тоа ќе им биде "премиерно емитување"
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Попладнево на Макс тв ги изгледав 1 и 2 епизода. Филмот (серијата) е апсолутно лош производ сниман со наши пари мислам дека соодветен израз би било СРАЊЕ, актерската екипа (ужасно) лоша некако како аматерски изгледа нешто како она ТВ Бокс и филмовите од Солзи и смеа (патот до кенгурите- дури тој беше подобар) посебно оние двајцата од на Канал 5 талент шоуто Атанас и Тино значи тотални фолиранти и шарлатани ако тие се актерска надеж јас сум Џорџ Клуни, Овој Атанас што го глуми љубовникот на пејачката е тотална утка штурец односно сколовранец не одговара на ликот требало некој по мажествен па уште по гаќи го покажват како некој тинејџер е. Јас не видов ништо смешно во оваа комедија. Искрено очекував многу повеќе од Коле Ангеловски. Ќе ги догледам преостанатите епизоди чисто да го гледам до крај за со овој филм да поставам стандард за најутка македонски филм.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.499
Поени од реакции
80.581
А за овие што ги наброја претходно, искрено не биле ништо уау, кога ќе ги погледнеш денеска. Едноставно тоа време имало 2,3 канала и се труделе да продуцираат нешто и народот не бил затруен со странски серии - т.е. не знаел за подобро, па ги ценел нашите серии.
Ех сега и ти претеруваш :icon_mrgr:. Сериите снимани во 70те, 80те и почетокот на 90те се држат доволно добро за денешно време, и не... ова не го зборам од носталгични причини.
Еве и ти самиот викаш, денес и покрај сите напори се вадат многу лоши серии со очајни кадри и очајна глума, а една од главните причини за тоа е што во земјава се снимаа филмови и серии на секои 10 години, и актерите заедно со режисерите изгледаат како аматери во нивната работа. Е сега да се навратам 30-40 години наназад кога тогашните актери покрај својата работа во театрите редовно правеле филмови и серии за пред малите екрани... МТВ (Тогаш ТВ Скопје) била телевизија и пол, сите надежни актери (и не само актери, туку и пејачи) ако сакале да успеат во државава морале да поминат низ таа телевизиска куќа. Затоа ние во 80те ги имавме една плејада на млади актери од типот на Ненад Стојановски (фраериште од човек), Васил Шишков, Мирче Доневски, Бранко Ѓорчев, Тони Михајловски кои заедно со оние поискусните Прличев, Дарко Дамевски, Мите Грозданов, Илија Милчин, Јосиф Јосифовски, Мето Јовановски делуваа како актеришта пред малите екрани.
Денес младите актери ем се неискусни, ем немаат од кого да учат, овие постариве актери денес се загоени со политика нажалост, истово важи и за надежните режисери.

Еве чист пример земи ги Тврдокорни од 1988 и Тврдокорни од 2014/2015... разлика небо и земја во поглед на глумата на актерите, кадрите кои што се снимени и музиката користена во серијата. Замисли во 80-те во серија наменета за комити и војводи користени се модерни музички дела на еден Вангелис (Грк), Мајк Олдфилд и Енио Мориконе... гледаш колку тогаш не се плашеле да експериментираат екипите што биле задолжени да направат серија.

Други серии кои според мене го преживеале јазот на времето се Курирот на Гоце (1978), Опстанок(1990), МНП(1985-2003) и Трст виа Скопје (1988)
Ќе повторам, порано сме ги имале Ненад Стојановски и Васил Шишков како млади надежни актери, денес ги имаме Атанас и Тино... и со овој пост не сакам јас да ги омаловажам двајцава, али јас последниве 3-4 години видов многу негативни коментари на нивна сметка.

П.С. ај додека ми е свеж постов да си кажам дека Александар Микиќ и Нино Леви се едни од оние актери кои никогаш не сум им го видел талентот за глума. Која и улога да им ја дадеш, ќе ја одглумат полумртво без емоции, без чуство, онака... ко на прваче да му дадеш да глуми главна улога на школски патронат :toe:
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
@Scirea зависи за која серија зборуваме. Трст виа Скопје и Опстанок и денес се одлични, ама една Еурека (пандан на Тврдокорни, само за научници) ми е досадна во денешно време, а ја убија од емитување на Собраниски. Тврдокорни, може се добро сработени, ама смешно делува во 21 век толку да го тупат со револуционери, без разлика дали е стариот серијал или пак новиот (кој не го ни сметам за игран серијал, баш поради оние документарни глупости во самата епизода). Прв пример ми се овие, сигурно има и други.

И точно е дека не можат да се споредат сериите од тој период со денешните, ама по толкав период на застој од петнаесетина години (од последниот добар серијал „Погрешно време“ на МРТ) не можеш да очекуваш квалитет.

Со денешнава продукција од 5-6 серијали на годишно ниво, не можеш да очекуваш глума еднаква на таа од тоа време, ако земеме за пример дека тогашните глумци освен тие 5-6 серијали, играле и во 20-тина тв-драми и филмови, а освен тие 2-3 домашни филма, снимале и филмови на српско-хрватски по соседните републики. Таа продукција со денешната не може да се спореди.

Друга причина зошто имало квалитет е и зашто имале построги критериуми за тоа кој може да биде глумец. Во тоа време ликови ко Атанас и Тино, Едмонд Сотир и еден куп ново запишани и завршени глумци на Драмски, а богами и ЕСРА/ЕФТА не би ги ни пуштиле да влезат во академијата, а камоли да ја завршат и да бидат „идоли“ на публиката. Не дека и тогаш немало утки ко со Нино Леви што викаш, али биле ретки, се гледало на квалитет.

Квалитетот и на наставните кадри на овие институции е дискутабилен исто така. Има многу причини за тоа зошто е дојдено до ова ниво, но пак ќе речам продукцијата е многу мала за да излезе квалитет, а глумциве очигледно не се ни трудат да излезат надвор од границиве што во денешно време со технологија е многу подостапно од порано, па да покажат дека знаат нешто.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Уште една голема разлика меѓу тогаш и сега: тогаш имаше развиена играна продукција за деца, денес мислам дека такво нешто не постои. Се сеќавате на „Едно лето“, „Девојките на Марко“, „Белото циганче“, „Волшебното самарче“, „Чук чук, Стојанче“, „Весела матаматика“, „Бушава азбука“, „До ре ми“, „Семафор“, „Автограм“, па и подоцна: „Дајте музика“, „Големи и мали“, „Во светот на бајките“, „Умни глави“... Денес нема ни нешто близу, ни нешто налик на било која од овие, и уште многу други на кои не ми текнува во моментов. Може сум грешка, не знам...
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Уште една голема разлика меѓу тогаш и сега: тогаш имаше развиена играна продукција за деца, денес мислам дека такво нешто не постои. Се сеќавате на „Едно лето“, „Девојките на Марко“, „Белото циганче“, „Волшебното самарче“, „Чук чук, Стојанче“, „Весела матаматика“, „Бушава азбука“, „До ре ми“, „Семафор“, „Автограм“, па и подоцна: „Дајте музика“, „Големи и мали“, „Во светот на бајките“, „Умни глави“... Денес нема ни нешто близу, ни нешто налик на било која од овие, и уште многу други на кои не ми текнува во моментов. Може сум грешка, не знам...
Имаше летово една тупава серија „Вистински приказни“ на МРТ, али ни 10 посто од квалитетот на наброените серии.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.230
Поени од реакции
45.357
2017 година и сеуште Салон Хармони да е најдобра серија снимена од независност до денес е пораз за сите што се бават со глума општо.
Не знам како кога гледаат колку тешко се доаѓа до филм/серија, можат да си дозволат све што ќе снимат да е толку фуш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom