Македонски рецепти

Член од
3 март 2005
Мислења
101
Поени од реакции
0
Андроник напиша:
Еве шо јаде права охриѓанка! :mrgreen: Макар и натурализирана знае шо е најдобро од нашата кујна! :lol:

Imam probano dzomleze praveno i pod sach i vo rerna. Kakvo saka neka e, ubo e! Mi se prijade... :P
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
The`bItCh напиша:
џомлезе :lol:

Состојки:

-брашно 1kg до 2kg (зависно од тоа за колку лица ќе правиме ѓомлезе)
-2l вода
-сол
-неколку јајца (ама само ако сакаме ѓомлезето да е покалорично)
-масло

Подготовка:

Ги мешаме брашното и водата..

..по можност тоа да биде со миксер.

Од прилика треба да добиеме каша слична како кашата за палачинки. Кога ќе ја добиеме потребната каша посолуваме (и ги додаваме јајцата ако веќе ѓомзелето го правиме со јајца:)).

Земаме тепсија и ја мачкаме со масло. Над маслото ставаме каша (потенок слој).

Вака приготвената тепсија ја ставаме во рерна (доколку немаме вршник). Цело време треба да бидеме во близина на рерната за да гледаме кога ќе биде готов слојот од кашата (кога ќе поцрвени знајте дека е готов;))

Од како ќе поцрвени кашата ја вадиме тепсијата, над веќе печениот слој ставаме масло и повторно слој од каша. Ова го повторуваме се додека не ја потрошиме цела каша:)

рецептов е напишан за правење ѓомлезе во рерна.. ама ѓомлезе се прави под вршник (сач) кој ме свати ме свати кој не.. :arrow: :lol:
Готово, Бич, штом знајш ѓомлезе, готово, крај, за мажење си тамам. Ѓомлезе, довлезе, и тија работи. женцко шо знај ѓомлезе, мора да се мажи под итно.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Mala e, ne ja teraj da se zacrni ushte od sega :D Neka nauchi i drugo da pravi, ne da go rani mazot samo so gjomleze :D
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
А бе чим знае ѓомлезе, мора да се мажи, друго у брак ќе научи. нема мала. Не е мала штом успеала да научи ѓомлезе.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Velat deka e teshko da se napravi gjomleze :D Ako navistina znae, bravo :D
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
тешко жими.. :D
лесно е .. само тоа сачот да има некој да ти го менува на секое:))))
Divider мало сум уште да мажење:(
 
S

Svetovid

Гостин
The`bItCh напиша:
тешко жими.. :D
лесно е .. само тоа сачот да има некој да ти го менува на секое:))))
Divider мало сум уште да мажење:(
Sho be malo? Pic od moe maalo znaesh kako vikashe? Mozhe li da dofati kvaka... taman e!!! :lol: :lol: :lol:
I ushe nesho mala. Menjaj toa potpisot zhivti sve!
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
хахаха :lol: :lol:
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Тавче гравче

Sastojci:

- 1/2 kg graha tetovca ili nekog drugog velikog graha
- 1 kg luka (odnosno duplo veca kolicina od graha !!! )
- 10-15 dag suhe dimljene kobasice
- 10 dag №peka
- 2 dl ulja
- vegeta (4 male ѕliиice)
- mljeveni biber (po ukusu)
- slatka paprika (oko 2 ѕlice)
- lovorov list

Priprema:

Grah operite i kuhajte. Posto grah provri, ocjedite ga od vode u kojoj se kuhao i nalijte ga vruиom vodom (nikako hladnom jer se produѕuje vrijeme kuhanja) i nastavite sa kuhanjem. Dok se grah kuha izdinstajte luk dok se skoro ne raspadne. Tada u luk dodati biber, papriku i vegetu, dinstati ga jos malo i pomijesati ga sa ocjeрenim skuhanim grahom. Posto se grah tokom kuhanja ne soli, luk mozete malo vi№e zasoliti vegetom. Pola ove mase sipati u dublju posudu, preliti sa 1 dl ulja i prekriti tankim koluticima kobasice. Ovdje (po zelji) mozete staviti i koji feferon. Dodati drugu polovinu mase, staviti dva-tri lovorova lista, preliti sa preostalih 1dl ulja i oko 1 dl vode u kojoj se grah kuhao. Po povr№ini sloѕiti kri№ke №peka i peжi oko 45-60 minuta u peиnikci.




рецептов специјално за принц..
а јас се извињавам за тоа што рецептот е на српски 2 е сатот многу ми се спие и ме мрзи да го преведвам :cry:
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
  • Предјадење од компири

    Потребни продукти:
    - 4 големи компири
    - сол
    - путер
    - црн пипер
    - 4 тврдо варени јајца

    Начин на приготвување:
    Компирите се сечат водорамно на два дела, се длабат, се редат во подмачкан плех и се печат во загреана рерна. Се вадат од рерна, во длабината се додава путер и се посолуваат. Се става половино варено јајце, се посолува, се става црн пипер и малку путер и се враќаат во рерна. Може да се стави врз јајцето и рендан кашкавал што му дава попикантен вкус. Се сервира со павлака и се јаде.
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
571
Поени од реакции
8
Сеа да ви казам еден мој специјалитет се прави за 20мин (ова јадење го правам кога немам ништо друго за јадење)

2 јајца дврдо варени ги гмечам во еден тањир со испасирано сирење му ставам малце сол малце сејтинче и 4 лепчиња на тост и крај :) лесно и вкусно :)
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Ајварка

Потребни состојки:

- 200 гр. ајвар
- 150 гр. кашкавал
- 5 јајца
- 9 лажици брашно
- 400 мл. павлака
- половина главица кромид
- 1 прашок за печиво
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка:

Ги кршиме јајцата и ги двоиме жолчките од белките. Жолчките ги ставаме во поголем длабок сад, а белките во сад настрана. Го вклучуваме миксерот и започнуваме да ги матиме жолчките. Во изматените жолчки додаваме половина од павлаката. Во садот додаваме половина од ајварот. Посолуваме. Повторно матиме со миксер додека не добиеме хомогена смеса. Прашокот за печиво го мешаме со брашното. Потоа и брашното го додаваме во садот. Мешаме со лажица за да се соединат состојките. Посолуваме. Промешуваме со лажицата.
Со миксер ги матиме белките. Додаваме малку сол за белките поцврсто да се изматат. Изматените белки ги додаваме во садот со жолчките. Мешаме со лажица за да добиеме хомогена смеса.
Тавата за печење ја попрскуваме со масло за јадење. Со готварска четка ја намрснуваме целата внатрешност на тавата. Во намрснетата тава ставаме хартија. Ја попрскуваме хартијата со масло. Повторно премачкуваме со готварската четка. Во тавата за печење го истураме тестото за тортата. Го рамниме тестото по целата површина на тавата. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 30- тина минути на температура од 200 степени.
Во меѓувреме започнуваме со подготовка на филот. Кромидот ситно го сечкаме. Исечканиот кромид го ставаме во подлабок сад. Во садот со кромидот го рендаме кашкавалот. Ја додаваме преостанатата павлака. Го додаваме и преостанатиот ајвар. Мешаме со лажица за состојките да се соединат.
Тавата ја вадиме од рерна. Ја отстрануваме хартијата. Ги отсекуваме краевите на кората. Потоа кората ја сечеме на три еднакви дела. Го земаме првиот дел и го превртуваме налице. Врз него нанесуваме од филот. Го размачкуваме филот по целата површина. Врз филот го нанесуваме вториот дел од кората. Повторно филуваме. Го ставаме третиот дел. Ги отсекуваме краевите на тортата. Тортата ја ставаме врз долниот дел од кутија за торта. Со готварски шприц наполнет со павлака декорираме, по средината на горниот дел од Ајварко. Оставаме да се излади.
На двата краја на чинијата за сервирање ставаме листови зелена салата. Од тортата Ајварка сечеме парчиња со дебелина од 2-3 сантиметри. Парчињата Ајварка скалесто ги редиме на чинијата за сервирање. Од страните украсуваме со гранчиња француски магдонос.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Зимска тава

потребно:

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]- 2,5 кг кисела зелка
- 250 гр свински врат
- 1 кг. свинско месо
- 250 гр чадена сланина
- 1 кг јунешко месо
- 4 главици кромид
- 1 лажица црвен пипер
- масло за јадење

- сол и црн пипер


подготовка:


На даската за сечење сланината ја сечкаме на коцки. Свинскиот врат го сечкаме на парчиња. На коцки го сечкаме свинското месо. Потоа и јунешкото месо го сечкаме на коцки. И киселата зелка ја сечкаме на парчиња. На крајот ситно го сечкаме кромидот. Во тава за пржење ставаме масло за јадење Брилијант да се загрее. На загреаното масло го ставаме исечканиот кромид да се пржи. Посолуваме. Наросуваме мелен црн пипер. Промешуваме. Во земјана тава ставаме половина нод киселата зелка. Врз зелката ставаме половина од сланината. Потоа ставаме и половина од свинскиот врат. Ставаме половина и од свинското и од јунешкото месо. Наросуваме мелен црн пипер. Посолуваме. Во тавата го додаваме половината од пржениот кромид. Потоа повторно ставаме зелка. Па преостанатиот свински врат. Ги додаваме и преостанатото свинско месо, сланина и јунешко месо. Во тавата го додаваме и преостанатиот кромид. На крајот ја додаваме преостанатата зелка. Тавата во која се пржеше кромидот ја враќаме на оган. Во тавата ставаме масло да се загрее. На загреаното масло го ставаме црвениот пипер. Промешуваме. Ја тргаме тавата од оган. И запршаката ја додаваме во земјаната тавата. Во тавата за пржење додаваме 300 мл вода. Промешуваме. И водата ја додаваме во земјаната тава. Ја покриваме земјаната тава со капак. Ја ставаме во рерна. Печеме 2,5 часа на температура од 200 степени. Ја вадиме тавата од рерна. Од Зимската тава ставаме на чИнија за сервирање. Украсуваме со една црвена пиперка.
[/FONT]
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
The`bItCh напиша:
Да, да ме откри!:pos:
Не знам дали има некој јадено патлиџани, со јајца и пиперки?:raz:
Имам слушано дека било добро јадење ама немам пробано..:icon_roll
Бујрум. Малку е оф-топик со бурекот, можеш да го фрлиш некаде на соодветно место.

Домати со пиперки и јајца

Потребно (количина за 4 лица) :
- 1/2 кг свежи пиперки
- 3-4 домати
- 6 јајца
- Две чешниња лук (опционално)
- Сол, масло за готвење

Свежите пиперки се чистат од дршките и семките и се сецкаат на мали парченца, отприлика со големина на дводенарка (ако се помали, лесно загоруваат). Се ставаат во подлабоко тавче, се покриваат и се оставаат да се пржат на тивок оган додека не омекнат. Се промешуваат постојано.

Во меѓувреме се чистат и лупат доматите и се рендаат за да се добие кашесто пире од домати. Се посолува. Кога се пиперките отприлика готови, се додава во нив пирето од домати и се пропржува уште десетина минути на малку појак оган. Се додава ситно сецканото лукче, се посолува и забиберува по вкус. За време на пржењето, постојано се меша да не загори. Доколку смесата е премногу течна, може да се додаде и половина супена лажица брашно (не повеќе) за да се згусне.

Настрана се матат јајцата и така изматени се ставаат во смесата во тавчето. Се меша додека смесата не се стврдне, т.е. јајцата не бидат доволно пржени.

Највкусно е кога се сервира со сирење.
 
V

Vlad II Draculea

Гостин
Ми треба рецепт за мусака со компири...
го знам... али колку пецејне треба и таквими ти работи,...
Е и ај дајте нешто за во тавче, не во рерна..плс
 

Kajgana Shop

На врв Bottom