Македонски пејачи со еден-два хита и крај

Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Имал и уште една песна или две но само по оваа остана запаметен

 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Мислам дека темава многу добро ја отсликува целата ситуација со Македонската сцена и колку се исплаќа или не да си музичар.
Првин ствараш музика(сите не можат да се сами автори, има посебна и различна тарифа за музика, за текст и за аранжман), потоа да платиш да ја снимиш во студио, па да најмиш менаџери да ти ја испромовираат песната, па да платиш да снимиш спот,па да платиш на уредниците на Радио и Телевизиските медиуми да ти ја пуштаат (на топ листа зависно колку ќе платиш),па да платиш да ти снимаат прилог како промо и најава да те запознае публика или да најавиш нова песна,потоа треба и да плаќаш по весници за да бидеш бомбастично најавен (скандали обично и трачеви се поинтересни за македонската публика,ние сме сеирџиска нација која нашето не го цени бидејќи штом е наше по default не може да биде нешто добро и квалитетно ;):cuc:)

Потоа треба да идеш нон стоп по телевизии да прават резил од тебе водителите ( Тони и Део ??(n), Жаре Бербер?:tapp: Бекстејџ? o_O) Нема да те прашуваат за песната туку дали имаш девојка/дечко и ред резили..со дебилни коментари.:sick:
Единствено Cotton Club како музичка емисија вреди бидејќи Петар Ренџов(блуз и џез гитарист) преферира квалитет и музички вредности (y)
Да не зборувам за буклети,омоти и пиратерија..колку само чини тоа..:notworthy:
Што заборавив?
;)
Конзументите - Вие почитувана публико од калибарот "врвни критичари" и наслушани експерти:cool: кои секогаш мрчат како немало добра музика у Македонија, како немало сцена и игнорантскиот однос спрема домашните музичари. Мислам дека ова е најголемиот проблем кај нас зошто некој направил песна или две па го снемало. Не велам дека сите пејачи и музичари се добри..Има и такви кои како поклон за матура од мама и тато снимиле песна,спот, албум..
80 % е полно со такви, а другите 20 % од горенаведените причини не можете ни да ги чуете,а некои се откажуваат - Ги СНЕМУВА .
Support Macedonian Music
Еве прилог и од мене - да не е offTopic, 2 песни од групата Revoltmkd, како пример дека квалитет и музичките вредности во Македонија не ценат ,и не се гаранција за успех и спас од заборав поради горенаведените причини... Еве предизвик за сите сериозни музички познавачи на рок музиката да дадат свое мислење ...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Да тоа се пејачи со еден хит во светската музика,оваа тема се однесува на македонската музика,бидејки тoa говори дека секаде постои оваа појава ,не мора одма тоа да значи дека не ги бивало пејачите
еве уште една која имаше само две песни,а е најквалитетна од сите претходно споменати во темата

Тања Царовска подобро што не остана овде. Ваков талент би се угушил на толку мал простор. Наместо тоа снима филмска музика за светски филмови. Немам зборови за тоа колку и е убав гласот и со каков сензибилитет пее.

Инаку на темава, Ерзана издаде еден цел албум, ама неа нема да ја заборавам дефинитивно. Песните и беа хитови.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Имаше една пејачка матурантка, која како пред матурски поклон од нејзините и беше спот и песна, колку што ме држи паметот Елкица се викаше девојчето, слатко, симпатично и секси, ама не можам да ја најдам песната отприлика 2003/2004 година доста се вртеше на МС телевизија
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Support Macedonian Music
Еве прилог и од мене - да не е offTopic, 2 песни од групата Revoltmkd, како пример дека квалитет и музичките вредности во Македонија не ценат ,и не се гаранција за успех и спас од заборав поради горенаведените причини... Еве предизвик за сите сериозни музички познавачи на рок музиката да дадат свое мислење ...
 
L

Lu

Гостин
Ви текнува на групата Табу ?
Направија неколку песнички, и потоа Викторија Лоба си започна соло кариера.

 
Член од
7 декември 2010
Мислења
178
Поени од реакции
131
Имаше една пејачка матурантка, која како пред матурски поклон од нејзините и беше спот и песна, колку што ме држи паметот Елкица се викаше девојчето, слатко, симпатично и секси, ама не можам да ја најдам песната отприлика 2003/2004 година доста се вртеше на МС телевизија
повели
 

legend

legend is back
Член од
25 април 2008
Мислења
1.518
Поени од реакции
224
Не е пејач, туку група. Можда групата имала и други хитови, ама јас не ги знам. Во секој случај, ова е еден од најголемите хитови во поновата македонска музика.

Се распаднаа сите скоро си заминаа од групава Снупи почна со рапот Блажо Б'џа замина во бугарија тапанарот почина и тоа е тоа и Наташа си почна соло кариера. :)
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
ако гледаме реално кај нас секој втор пеач и пеачка имаа по 1 цеде едвај во кое има 10 песни и само 2 се популарни ( 2 месеца ) после им се губи и трага и глас
 
Член од
20 август 2010
Мислења
149
Поени од реакции
16
Знае некој што се случува со Марија?:)

Девојкава не претставуваше и на детската евровизија, заедно со Лоба


И Ерзана?! Можно ли е да нема апсолутно никаква информација за неа на интернет? Освен тие неколку песни што ги има?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom